Не мора. Тоа јас пишувам цело време. Љубов и страст се два различни поими и се додека се поистоветуваат, личноста ќе си живее во илузија.
Не мора. Сум имала страст со некој што не го сакам, сум сакала некој со кој немало страст. Ама за животен партнер, го одбирам целиот пакет. Зошто да се задоволиш со половично?
Ne sakam da te razubeduvam, vakva ljubov cista se ima kon brat, sestra, roditeli, deca I kon boga. Kon maz ne. Megjutoa toa e moe mislenje. A ti razmisli podlaboko, emotivno slaba si vlegla vo druga vrska, toa ne e bas pametno, nemoj ovoj da te povredi kako I toj prethodno. Ima toj pricina poradi koja vaka ti sega razmisluvas.
Za segasnata tvoja percepcija na ljubovta megju maz I zena. Ako ste daleku eden od drug OK megjutoa ako ste blisku, a vo vrska eden period I ne ste intimni, nesto ne stima tuka.
@Outlook на друго мислев... Во коментарот погоре се дрзна да пишеш За ова прашував. Од каде го извади ова? Значи јас додека бев во претходните врски мене ми беше ок, со последниот дури бев и многу среќна, а ти си пишала дека ме повредил. Откако веќе завршија тие врски и почнав нова, тогаш ми се отворија очите што е љубов а што не е љубов. Она за кое со години сум мислела дека е љубов, сфатив дека било само интерес, со други зборови, додека имало секс, имало и внимание од нив и лажна грижа. Тоа што го научив тоа и го пишав на темава. Овде некои пишаа убаво им било во врските, имало целосна препуштеност, се сакале бла бла. Во една од таквите врски имаше некој кој божем се грижеше за мене па и јас мислев вака како нив, ме чувал како капка на дланка. Хах. Се што правел било затоа што така го терале нагоните а не вистинската љубов. Во суштина, денешните врски се такви и токму тоа сакам да го доловам. Се чувствувате среќно и сакано но се што прави другата страна не извира од срцето туку од желбата телото да биде задоволено. Се надевам се разбравме сега. Во врската без секс љубовта е толку чиста и видлива во секој чекор. Поинакво е, неспоредливо поубаво. Посилно се сака и секој момент повеќе се цени.
А @Bitter-Sweet, еве викаш дека љубовта е почиста. Планираш да имаш и брак без секс? Чисто од љубопитство ме интересира. Затоа што технички гледано, ова што го кажуваш значи дека ако имате брак со секс, ќе ја извалкате љубовта и нема да ви биде толку убаво. Како ќе знаеш во брак дали љубовта е уште чиста или не? Или тогаш дека нема да може да те остави или не знам?
@Bitter-Sweet се надевам дека дискусијава не ја сфаќаш како напаѓање. Си разменуваме ставови и искуства, се конфронтираме и тоа мислам дека секогаш помага, ама никој тука нема, барем јас немам лоша намера, напротив. Твоите ставови можам да ги разберам само ако со партнерот сте разговарале за секс, и сте се договориле, од некоја ваша причина, да чекате до брак, да речеме. Јас тоа не би го направила бидејќи ми е неприродно, ама тоа можам да го разберам. Ама, ако вашата врска се базира на тоа што ти си заклучила дека сексот е лош, зло, непријател на љубовта, и дечкото те поддржува во тоа ( 4 години!), е тоа не го разбирам. Е тоа е илузија, драга, и тука нешто дебело не штима. Се коси со нашата природа. Ако партнерската љубов го исклучуваше сексот, и ако сексот е грешен или зло, немаше да постоиме во оваа 2017 година. Ќе живеевме у спиритуална димензија некоја. Многу ми е жал, многу, што ти не можеш да ги видиш околу тебе паровите и браковите кои имаат цел пакет - љубов и секс. Тука се, верувај ми. Само погледни подобро. Не се согласувај со мене, ни со членките, не мора да се согласиш. Ама чувај се. Оваа илузија може дебело да те кошта, да бидеш повредена многу повеќе од претходно. @Petra777 дали добро те разбрав, за тебе чисто тело е тело кое нема секс? o
Se drznav? Ti mn burno reagiras, a pricina za toa ne gledam. Od kade go izvadiv toa? Pa I posledniov post ti vreska od bolka uste. Da bides povredena ne znaci slabost, pominuva toa, zajaknuvas i teras ponatamu popametna. Ova ne e navreda, jas ti kazuvam kakov vpecatok ostavas,a ti kako kje gledas na toa e tvoe. Da ne se ubeduvame za cistata ljubov I interesi I tn. tvoj zivot, tvoe pravo kako kje go zivees, nie site samo te predupreduvame otvoreno nisto povekje.
Милиони луѓе кои се во врска со секс во светот, и кои остануваат цел живот со својот партнер, всушност никогаш нема да знаат што е вистинска љубов, демн ит. Сега разбрав. Јас можам и многу подлабоко да влезам во анализа, ама мене не ме интересира нечиј карактер, нечија психичка состојба, минато или ватевр. Луѓе веруваат во секакви чудесии, па дека вакво нешто е единствено и реално, нека им е. Ама тргнете си од "За мене, ова е вистинска љубов и најчиста и најсвета и..итн". Кога ќе ставите "за мене" се друго поинаку ќе звучи. Лекции за нашиот живот, затоа што некој таму ве гребнал... исто звучи како сите мажи се исти, сите жени се вакви онакви... за генерализирање треба многу искуство и пак нема да постигнете
Па да, па штом мислиш дека неговото внимание било лажно, те повредило тоа. Си го привлекувала физички, те посакувал, сте се сексале, што има лажно во тоа? Ама баш ништо Можда не знаел како емотивно да те задоволи, ама ..... и тоа се случува драга. Не сте се погодиле комплетно. Едно ќе ти кажам. Ако сегашниов дечко кој те сака вистински, баш како што ти е потребно, со внимание, со грижа, со срце, со све, ама нема ерекција кога ќе те пољуби и нема потреба ниту интерес да ти го изгали цело тело кога ќе те гушка, да ти го упознае телото, да ти го задоволи телото.........он те сака братски. Ако ти е тоа доволно од партнер.....терај Немам шо друго да кажам.
Јас само пишав дека во моја околина нема такви. Барем меѓу најблиските. За жал, нема ниту љубов но да не навлегувам во тоа. Не сакам да пикам нос во туѓи бракови. Инаку, јас овде пишувам за секс во врска а не во брак. Споделувам свое искуство а во брак не сум. Но знам дека сексуалните односи во врска и во брак не се исти. Во врска е само злоупотреба, а во брак е нормална па и потребна работа. Не е братски. Гледам почнавте да си пишувате прогнози за мојот живот, работи кои не знам од каде ги вадите... не е убаво тоа.
Злоупотреба на што? И што е разликата меѓу врска и брак? Лист хартија? Бидејќи ако си сигурна во нечија љубов, нема да има потреба од такво докажување.
Само во брак мажот и жената припаѓаат еден на друг, со душа и со тело, инаку немаше ни да постои бракот. Само еден е човекот на кој жената треба да му пружи се и обратно, мажот на жената. Не, денес луѓето дефинитивно не знаат што е љубов, но најлошото е што не сакаат ни да научат...
Затоа жртвите на силување не се сфаќаат сериозно, затоа што секојдневно има пријави од девојки кои се покајале, рекле "пу, пу не важи" и пријавиле дека дечкото со кој по своја желба имале секс ги силувал.
Ве читам неколку страници на назад. Мислам дека залудно ја разубедувате Битер зошто нема да напише така е во право сте. Таа си е убедена според неа дека добро функционира без сексуален однос. Јас се согласувам со останатите. Во врската треба од се по нешто да има, така и водење љубов. Некогаш ќе се случи партнерот да глуми на почеток и да се смени од кога ќе имате односи, но тоа не значи дека ние женските треба да си ја чукаме главата и да мислиме дека сите се такви. Во секој живот една жена ќе налета на таков маж и нормално е да се чувствува повредено, но тоа не е причина за да не се продолжи понатаму.