Искрено бракот не е веќе она што некогаш беше,се лажеш ако мислиш дека во бракот подобро ке функционирате,тоа се гледа уште кога сте во врска,ако во врската нема секс,тогаш пто фајде да се има секс во бракот,Не сум за да се легнува со секој,но не сум и ако добра врската,партнерот се покажал ок и се има доверба во него зашто да немам секс со него? Ако некој не го бива во врска нема да го бива ни во бракот.
Баба ми за вакви работи стално вика - Е да бе, сега векот назад ќе го враќаме. Секс си е секс, дали во врска, дали во брак... шо знам. Зборувам овде за секс во којшто има и чувства во игра, не уан најт стенд или френдс уит бенефитс. Тоа башка тема. Иначе, како беше таа... човек треба само двапати во животот да е паметен - кога бира професија и кога бира партнер. Мислам дека е жално во денешно време да бидеш со некој шо не ти одговара во секој аспект, зборувам ова за сериозна врска/брак. За онака шо сакате прајте си, со кого сакате, не мора да сте толку длабоки. Само да се доизјаснам - не викам дека овде некој на некого не му одговара ако немаат секс, него муабетов ми беше дека не треба никој никого да трпи ако не му се допаѓа целокупниот пакет што го добива од партнерот.
Познавам девојка која размислуваше вака за чистата љубов итн слично како нејзе ја да слушам која читам вака. Кога го упозна дечкото во кој се заљуби, имаше позади себе бурна историја, дроги, алкохол и многу епизоди на секс за една ноќ. Немаше добри семејни односи. Дечкото беше муслиман, имаше 30 години и беше невин. Она се заљуби не само во него, туку и во семејството негово кои ја прифатија како што нејзините никогаш не ја уважиле. Доби се што и требаше, почит, уважување, внимание, а не добила никогаш од своите ниту од дечковците, и искрено блескаше. Беа заедно 2-3 години, без секс. Изгледаше стварно среќна. Се земаа, таа се конвертираше за да биде во брак со него. Добија бебе. После година дена, се разведоа.
Бога ми Даст треба да избрише дека ние се злоупотребуваме меѓу себе. Ма да ептен сакам да го злоупотребувам дм. Чисто од лични, чисти капка солза побуди. Работев на еден социјален проект на еден странски институт за однесувањето на жената во врска и брак, ја бев во групата за во врска. Две основни категории за свесно ставање на целибат во една врска е недостатокот на внимание, и тоа во првата категорија кога девојчето во својот живот не добивало доволно внимание дали од семејство, дали од претходни врски или од личност која таа ја идеализирала, или од сите тие заедно, и втората главна категорија е, не дека девојчето не добивало внимание, туку не го добивало на начин како што таа си замислила. Подоцна стануваат робови на сопствените мисли, првиот убав момент кога се чувствуваат исполнето го заклучуваат во психата и се убедуваат дека тоа е тоа и така треба да биде. Имаше уште подкатегории, ама ова беа најбитните. Не дека таа не чувствува што би рекле браќа Срби -пожуда, таа свесно се блокира. Па џабе ти телото сестро да го чуваш чисто, кога мислите ти се naughty naughty. А и тие кои свесно се кочат, и оние кај кои отсуствува потребата треба да си посетат терапеут. Со квалитетен разговор можат да разрешат многу мистерии. И да, бракот е институција измислена од човекот за заработка. Љубовта не е диктирана од лист хартија и потпис, љубовта и припаѓањето ги носиш во себе. Или си припаѓате или не, нема трето. Е добро.. на некои им треба потврда како бракот... ама тоа пак си повлекува куп други разлози.
Секс Божици, што се расправате? Остајте некој да ужива во периодот пред секс, ко да не знаете како е. Тогаш е чиста љубов. Ќе помине и тоа, ќе дојде и сексот, па чиста љубов ќе е кога ќе сакате да се изедете еден со друг и да не се пуштете од раце. Па после период кога чиста љубов е кога ги собира садовите од машина и ти прави ручек кога ќе си дојдеш од работа изморена, се' друго порано било заблуда. На крај веројано љубов ќе е ако те потсети дека апчиња треба да пиеш и нема да му смета вилицата ставена во чаша на маса. Што во моментот ти треба а тој ти го дава, за тебе -љубов е. Права или не, или поточно ќе растете ли со исто темпо и во ист правец -времето ќе покаже.
@EarthFire чисто тело за мене е тело кое го предавам на еден партнер. Ајде и 2ца нека се, на млади год се прават грешки. Еден да не е погоден ок, ама втор, трет?
Па ако не се замиваш после секс и со еден партнер ќе бидеш гнасна Леле сега ќе ги бројам колку биле немам друга работа, да не биле поише од двајца леее иначе нема да ме прими Господ во рајот вака прљава, злоупотребена Вие си знаете ама жал ми паѓа вака кога читам во какви ограничувања живеете, ок ако ви е убаво така, болје да не го запознавате вистинскиот живот . Тука нема правила. Може да запознаеш некој и да ти биде најсовршен, да ти праи филмови, магии, чуда да се осеќаш најубао на цел свет и да идете 10 години и во брак да стапите и на крај да ти го згорчи животот за сите пари. А можеш и со некој од прва вечер да легнеш па да ти се погоди да е најдобар и најсрцка на цел свет. Незнам кој ви ги измислил овие правила по кои така слепо се држите? Лошо...
Уште нешто само сакам да споделам во врска со оваа тема. Сликава одлично ја доловува поентата на она што сакав да го искажам.
Едвај чекаше да ја отворат темава за да продолжиш со истата песна. И после ние тебе те убедуваме, не ти нас!
Еве јас да пишам за врската на моја најдобра пријателка. Заедно се веќе 4 години и немаат секс. Имаат двајцата по 21 година. Ајде можеби пред 18 некако се мислеле млади, но веќе кога одиш со некој 4 години тогаш не гледам пречка. Како што пишуваат некои членки погоре и јас не можам да разберам како не чувствуваат потреба, но ете на другаркава сексот и е на крај памет. Дури и ми има речено ако јас сакав тој немаше да рече не. Потекнува од мало локално место и некако сеуште таму е табу тема сексот, но како тој нема никаква потреба не ми е јасно. Знам дека не ја изневерува или да има односи со друга, стабилна им е врската ако може така да се каже, но и двајцата никогаш во живот немале односи. Нивната врска барем колку јас знам од нејзина страна повеќе е на основа на поддршка и да имаш некој покрај себе. Се гледаат само на факултет и ако излезат преку ден некогаш. Никогаш не останала таа кај него или да одат некаде само тие двајца. Пак ќе речам можеби е до семејството и начинот на кој пораснала, но да одиш 4 години и да не почувствуваш потреба за мене значи дека тие само се гушкаат и бакнуваат без интимни допири, бидејќи во тој случај сигурно би дошло до нешто повеќе од само обично мување. Сакам да потенцирам дека има и вакви врски, да станува збор за 1 до 1ипол година би разбрала, можеби не се чувствува подготвено но 4 години ако си со некого значи имаш целосна доверба во личноста и не гледам тука пречка освен како во овој пример кога се нема потреба и на сексот се гледа како нешто кое треба да се случи во далечна иднина. Ова ми изгледа на детска љубов кои уште ништо не испробале. Како и да е секој си го живее на свој начин животот и како чувствува тој дека е најдобро.
Колку сака нека ти е другарка, ама мислам дека лаже Кое е тоа место каде сексот е табу тема ? Некое село или мал град ? Па не живее таа за другите... на вакви работи гледам со чудење и ќе се чудам. Колку сака нека ми е другарка јас не би и верувала.
Таква е таа затворен тип, дури во една ситуација нешто се зборуваше за мастурбација и таа како зачудена демек за што правите муабет. Сите се чудеја кога се фати со него. Од нејзина страна ајде разбирам но од негова никако не ми влегува во глава да нема потреба. Скоро по цели денови сме заедно, знам кога излегува од дома и кога се враќа, ништо не сум забележала, но што знаеш и тоа што викаш можеби си во право.
Мора има некои и 30 не им се погодени. На 18 ми правеле филмови, ама над 20 веќе човек станува зрел. Ти сигурно си млада, и пречи твојата некултура како на другите им се обраќаш. Чисто тело Петра мислеше чисто, во смисла имаш мал број на партнери, а дали се капеш или не. Moжно е и да лаже, не кажува. Еве јас сум постара од вас, не сум стара сепак, но кога бевме 17-18 години, имаше школски кои имаа дечковци од 8 одд, значи со ист дечко, и иако мислевме дека немаат секс, и се правеа дека немале, мна крај испадна обратно. Тоа што не кажуваат, не значи дека немаат.
Нз што не е јасно? Секој има право по кој пат ќе тера. Мене ми е гајле која имала 5,10.... За себе зборам. Туку на прашањето дали искрено кажувате на партнерот со колку момчиња сте имале односи си замолчувате. И јас би молчела, вака ако размислам... Знам дека нервира и иритра ова, најблиската личност со која до лани делев соба, кога ќе ја прашав дали се кае за 3год. врска и изгубена невиност на 19, врти глава и бега од соба. Така да ве сфаќам и не сакам да навредам никого. @Bankarkata прочитај убаво пред да пишеш, или па тумачи како ти одговара.
Па можеби ја боли фактот што и завршила врската и тоа што и копаш по раните.. не си помислила на таа опција?
Но сепак ни ти не ја знаеш подобро од она што се знае таа.. што значи дека можеби и не си во право за твојата претпоставка. Мораш да земеш и други опции во предвид кога веќе си и го спомнала тоа повеќе пати и е повеќе од очигледно дека ја повредува нештото. Не и го прави тоа ако веќе ја сметаш за толку блиска личност.
Па секој може на кој сака да каже со колку партнери бил. Лично право е, и никој не може да те натера. А ако некој те гледа само како бројка, тоа е многу тажна врска. И да, ако падне таков муабет, без проблем кажувам.
Но, пред да пишеш во смисла аааххх кој ве учи на тие правила слепо да ги следите, а имаш пример под 20 години, а тука пишуваат и повозрасни, прво што заклучувам е дека менувате партнери често, а и се обидувате да наметнете свој став како единствено исправен на луѓе кои се постари, виделе повеќе, знаат повеќе. Младите денес да учат биологија како што треба и да користат интернет за нешто повеќе од Фејсбук ќе знаеја дека има и сексуално преносливи болести, инфекции, итн. Нечие „модерно“ секусално однесување за друг е неводење грижа за сопственото тело и здравје. Не кажа тука никој дека не треба да се има секс, но за мене е важен, ама не и најважен. Сексот не е убав со секој. Не е секој за в кревет. Животот не се состои од само секс и секс. За добар брак и врска освен секс потребни се и други работи. Денес секој може да се секса со секого, и тука нема филозофија, за тоа не ви треба докорат или Нобелова награда. Но, од тоа раскалашено однесување многу често и девојчиња во средно абортираат или раѓаат непосакувани деца. Забегав од темата. КРАТКО И ЈАСНО ДА ЗА СЕКС СО ЧОВЕК КОЈ ГО ПОЗНАВАТЕ И САКАТЕ, НЕ за секс секогаш, секаде и со некој што прв пат го гледате.
Од сестра родена поблиска немам. Не сакам втор пат да и се случи истото, затоа ја прашувам. Самата меѓу редови ми има кажано дека се што сум ја подучувала сум била во право. Два различни света сме, но се разбираме без зборови. Мислам дека е веќе доволно зрела, нема потреба од зборување. Си ја научи лекцијата.