Ама никој не рече дека треба со кој стигнеш да имаш секс. Нормално дека не е секој за секс и дека треба да се користи заштита.
Не ми се верува што читам... Замисли сопствената сестра да ја потсеќаш на завршена врска и да ѝ наметнуваш чувство на каење поради изгубена невиност на веќе полнолетна возраст и тоа во врска! Па после ќе очекуваме ние на форум разбирачка од вакви луѓе за различни мислења и нормална дискусија, и ќе се правиме дека подеднакво сите наметнуваат ставови... Страшно!
Добро Тања, еве за примерот на Петра, три години малку се за да се запознаеш и засакаш со некого? ТРИ ГОДИНИ?! И не донесувај многу заклучоци за тоа кој кога и колку менува партнери. Можеби јас или некоја друга членка сме за секс во врска, а имаме само 2 сексуални партнери во 30+ години! Ваквиот став не не прави промискуитетни, не знам како не сакате да разберете! И не знам што читаш цело време низ странициве наназад, ама ние сите велиме дека покрај сексот се важни и многу други работи. Ниедна не напиша јас сакам само секс, секс и секс.
А колку сме зрели ние на 18год. да знаме дека тоа е тоа? Дајте ве молам! Полнолетност не е зрелост. @Someonespecial ми пиша лп да не те споменувам, ти мене ми реплицираш без цитирање. Ако ја не и мислам добро на сопствената сестра, сигурно ти и мислиш.
Па има девојки кои на 18-20г. стапуваат во брак и тоа си е нивен избор. И имаат успешни приказни за волја на вистината. А и 25+г не се зрелост ако не го чини човекот.
@Emy867 Јас сакам секс, само секс, само барам секс или другше беше, небитно Јас стварно не знам што ве засега нечија бројка на сексуални партнери, што ви е добро за вас терајте. Мене ниту еден дечко не ме прашал до сега колку дечковци сум имала пред него, све ненормални изгледа ги одбирам
Да на 18 со мешиња. Тоа не е избор веќе. Ја освен бремена, на 18 не познавам девојка да стапила во брак од љубов. Баба ми де, 1935год.
Во блиска иднина девојките коишто стапуваат невини во брак ќе бидат авангарда на своето време и многу барани меѓу машка популација. Нешто што е префорсирано и секојдневно како сексот станува досаден и неатрактивен. Прерана и претерана сексуалност води кон опаѓање на сексуалната желба со текот на времето како и желбата да се врзуваат за личности. Тоа не е во прашање нечиј карактер, туку хормони. Балансот е многу битен. Ни екстремната слобода како ни екстремниот конзерватизам не се добри за организмот.
Колку што пишувавте во темава за сексот како е потребен, наместо тоа да се фрлавте на дело, оскава на земјава ќе ја поместевте.
Партнерот нема право да ме праша колку биле пред него. Тоа е глупо и бесмислено прашање. Кога прашува, кого сум сакала пред него, му кажувам тоа што сакам да го знае. Ама да му текне ме праша за сексот, баш конкретно, за бројка (?!) тоа не проаѓа кај мене. Генерално, имам став дека за бившите нема поента да се разговара, и минатото не се дели со партнерот. Тоа е дел од мојот живот и моето минато, и мојата интима. Сега сум со него, и тоа што било пред него, е само мое. Јас него сум го запознала во одреден период во животот и во одредени години. А сум имала живот пред него. Не сум се родила кога сум го упознала и не сум седела дома да го чекам баш него. Туку сум живеела. Сум уживала. Сум сакала. Да не биле тие искуства, јас не би била ова што сум денес, и јас сум благодарна за секое мое љубовно искуство. Искрено, ми се слошува од размислувањето за женското тело као за грешно. Ми се слошува кога ќе видам дека некој женската сексуалност ја смета за грешна. Ми се слошува од религиозно/морализаторски размислувања кои, парадоксално, телото кое Бог ни го дал за уживање, го кудат. Ем сме религиозни, ем тоа Бог што го створил за уживање - е прљаво. Апстиненција од секс, не значи дека си чиста. Значи дека појма немаш која си. Не си го познаваш телото, ниту твојата сексуалност. А сексуалноста е поврзана со емоциите. Сексот не е само телото. Сексот е тело, ум и емоции во едно. Кој не го доживеал тоа, нека раскажуе причи за....чистота!
Па и сега се барани ама од недоветни комплексаши само. Да е и тој невин, како и да речеш. Ама да ми дојде некој Казанова од свирипичино и да ми бара невиност кога све живо и диво прерипало преку него... као да ти кажам бе батка, нема смисла.
Нели? Исто очекувам и јадењето, пиењето и одењето по нужда да стане досадно, оти побогу три пати на ден, секој ден, цел мочан живот едно те исто, аман веќе!
Чекај, сакаш да кажеш дека со тек на време хормоните се трошат? Знааачи, вака некако би дошло: ако девојка започне да има секс на 16 години, до кај 36 ќе снема желба за секс? А ако почне некаде после 20, е тогаш до кај 50 години е сигурна? Да прецизирам, колку пати секс на неделно/ месечно ниво гарантира јака желба за секс за подолг временски период - дали 3 пати неделно т.е. 12 пати месечно е океј? П.С. Сеуште чекам да ми досади сендвич со стек од 7ца.
Ти без јадење, пиење и одење по нужда не можеш да преживееш, но без секс можеш да живееш колку сакаш. Мене ми се случувало 4-5 месеци воопшто да не мастурбирам, а сум многу сексуален. Во тој период значително ми се подобрувала косата, кожата, психата. И мене ми е реално убаво да спијам со 50 убави плавуши, но на крајот од денот си го поставувам прашањето каков сум тоа јас човек кога покрај себе не можам да задржам ниту една. И зошто после менување многу партнерки јас сум сеуште празен и немам желба со ниту една на подолго време.
Ако ти имаш партнер кој те крева до небо при секој однос тешко дека ќе ти се здосади од секс. Сексот е и душевно исполнување, не само побивање на физичкиот нагон. Кога ќе ја пронајдеш вистинската личност која ќе ти одговара и по душа и во кревет ќе зборуваш поинаку.
Ти треба да си го поставиш прашањето зошто после менување на многу партнерки мислиш дека имаш било какво право да судиш за нечија невиност.
Јас разбирам зошто некои сакаат да искусат секс после одреден период. Мислам, се трудам да разберам. И во ред е. Секое девојче пред првиот секс бар еднаш фантазирало, идеализирало, замислувало. Збориме за невинашче. И потоа следат етапите што ги спомна Бриџа, со кои апсолутно и целосно се сложувам. Ама девојче, што веќе денсало околу повеќе различни шипки, па во еден момент и текнало моменталната шипка да ја чува за некоја специјална песна, едноставно не може да збори и убедува за никаква "чистота". (Од толку обемен и сочен вокабулар "чисто" и "валкано" се многу прости зборови за сексот, ама тоа е друга тема.) За "чистота" може да проповеда девојче со.. хмм.... сеуште "неискварен цвет". Таа сеуште си има илузии и тоа си е нејзино право. Можеме да не се сложиме со тоа, но тоа не го менува фактот за нејзиното неискуство и наивност и право да си мечтае и да носи одлуки за себе, без разлика нас какви и да ни изгледаат. Од нејзина перспектива, убавината се гледа низ таква призма. Ама да ме убедува некој дека не знам што е љубов само затоа што мојата врска ја конзумирам на секој начин, дека сум слепа, додека таа прогледала кога престанала да има секс, па уште дека не е битно што си мењала шипки ако решиш да се стаиш на целибат автоматски си пречиста вирџн Мери, е нон сенс. Надвор од секој здрав разум.
Многу едноставно. Секој чин на сексуална активност креира хемикалии во нашиот мозок. Во женскиот мозок тоа е претежно хормонот окситоцин, а кај мажите васопресин. Окситоцинот кај жената овозможува да се врзува за нејзините најважни личности во животот, го намалува стресот, креира чуство на смиреност и поврзаност што доведува до зголемување на довербата. Васопресинот е многу сличен хормон како окситоцин кој овозможува мажот да се поврзе со жената за време на сексуален чин. Некои го нарекуваат хормон на посветеноста, а кај други е познат како моногамен хормон. Овој хормон креира многу поголема лојалност кон спротивна личност, а и љубомора. Постои трет хормон кој се креира и кај мажите и жените, а тој се нарекува ендорфин и е познат како среќен хормон. Овие хормони се исклучително важни за во бракот. Што знаеме научно кога имаме повеќе сексуални партнери? Како што се поврзуваме и раскинуваме, поврзуваме и раскинуваме ние губиме способност пропорционално да се поврзуваме повторно. Кога се подготвуваме за нова сериозна врска, брак нешто недостасува што ќе ни овозможи целосно поврзување, не чуствуваме целосна посветеност. Нашите чуства како бргу да исчезнуваат. Кога ќе видиме некој поинтересен, повозбудлив, поперфектен за нас веќе нашето чуство „људо вљубена„ кон моменталниот партнер како некако бргу да се губи. Тоа се хормонални промени коишто се случуваат. Балансот е многу битен во животот. Јас немам против ако некоја е сексуално активна во врска, затоа што и јас сум бил многупати, но ако гледаме реално ние немаме ниту еден аргумент против тие личности што влегуваат сексуално и спиритуално чисти во брак. Многу аргументи се на нивна страна. Пред се научни.
Како беше она "округло па на ќош"? Приложи ми научен доказ или истражување кое покажува дека личностите кои имале "премногу" сексуални партнери ја изгубиле способноста да се поврзат повторно. Исто така, приложи доказ каде што се вели дека хормоните кои ти ги наброја погоре се, цитирам, "исклучително важни за во бракот" Јер ова напишаново ти е млатење празна слама. Сексот е животински инстинкт а љубовта е чувство, кое ти, очигледно, не го разбираш.