1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm а ти изгледа си престара за да сфатиш дека се ЗАЕБАВАМ, сфаќам што сака да каже @Petra777 ве дупчам аман! Не сум толку млада еве 30 ќе пунам у реду е? Сум имала повеќе партнери ќе спиете мирно сеа?
    Тања ти ако си престарела и си го поминала животот со еденн сестро никој не ти е крив ја што сакам ќе правам зашто себеси и мојот полов орган не ги гледам ко потрошен материјал и предмети кои може да се користат.
    Може да проповедате до задутре морали и слично ама неможете против природа. Сексот е создаден пред се за репродукција, ако тоа ти го праи телото нечисто и грешно тогаш и децата ти се такви, плодови на нечист грешен чин така? Второ е нагонот за репродукција, а не за секс сфаќаш. Мажот е создаден за да ја оплодува жената и неможеш да одиш против тоа, ако ти почекаш уште 2 години он за тоа време може и друга да оплоди, ќе му се исушат јајцата побогу од толку чекање. Лелелее се мислам дека ве лажат не ми е логично бе, тој собира сперма у него 4 години ахахаа па првиот секс ќе ви трае 5 секунди и наредните 55 секса исто така додека се ухода.
    Трето тука е задоволството и кој го искусил нема да прекине тука.

    И Тања не ми збори за култура зашто за тебе сум доктор на науки ама ме мрзи да се замарам со култура на форумов туку си пишувам шо и како ми дое, а на улица срцка сигурно сум сто пати покултурна и поцивилизирана, а и позадоволена од тебе.
     
    На Lolo5, doubleg, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  2. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Ако не ти е гајле кој со колку партнери имал секс,зошто зборуваш за чисто тело тука?Демек тие што имале повеќе партнери не се чисти.Бре мајката.Ај пример идеш со некој долго време,терате секс ова она и оп те изневерува.Сигурно со него нема да останеш.Поминува време,се заљубуваш во друг,и со него имаш али од икс причини раскинувате.Сигурно нема да останеш стара мома туку маж ќе си бараш...Сакав да кажам некогаш не е до нас самите ние како си бираме туку и како ќе ни се погоди....Секој си одговара за своето тело,и сестра ти за нејзиното.Место да и помогниш да заборави,ја потсетувала таа.Да подобро од тебе никој не и мисли,али ти место добро полошо и правиш.Свашта.
     
    На Плавуша123, Emy867, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Женски
    Se ova sto velis e vo red, zarem smetas deka nekoja devojka premira da menuva partneri? Za zal nekogas vo zivotot ne se site taka srekjni, prvoto I da ostane do krajot na zivotot. Posebno pa, denes koga brakovite se rasturaat kako kula od karti, koga na strana se ima partner I da ne nabrojuvam sto uste ima kosata da ti se potkrene od pomislata za brak. Institucija sto nekogas znacese stabilnost, sigurnost, vetuvanje pred se. I vo vakvi okolnosti idealizacijata mn mn ne vredi. I me mi e jasno uste zs ja prevtevte temava? Ili celta e da se pokaze kolku e seksot pogresen izbor? Pogresen e ako ko ti gi menuvaat partnerite denes eden utre drug, taka se gubi znacenjeto I se sveduva na zivotinska reakcija I vozdignuvanje na egoto, najcesto na maskoto ego.
     
    На Lolo5 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Женски
    @Petra777 ne ja jadi sestra ti za dzabe. Mislis taa izgubila nevinost nasetuvajkji deka toa se taka kje zavrsi? Mislis ako si vo brak sega ti si bog I batina I "cista" , nemoj zivotot znae vo sekunda da se smeni. Verojatno od maka toa I go zboruvas megjutoa taa devojka nema zs da se kae, go sakala deckoto, pominuva niz tezok period, pomogni I da go nadmine toa. A sigurno imalo I sonista I planovi I se otislo po voda. Ne I odmagaj zs tvoevo prekoruvanje nema da se zaboravi.
     
    На Annath, Doozy, blueeparadise и 11 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    И црквата дозволува до три разводи, вие не давате од еден-двајца повеќе :yawn:
     
    На Annath, Doozy, Antolinaa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Женски
    Haha dobro utro :) ne davame-ne davaat a? Se potepaa koj prv da prasa za dozvola :) se smeeme megjutoa razvod, zaguba na partner seto toa se dozivuva kako del od tebe da umira taka sto nema podobro od prvo, edno vredno do krajot na zivotot ama zivotot kon sekogo ne e taka darezliv.
     
    На DAngel и EarthFire им се допаѓа ова.
  7. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Нема поголема илузија од тоа да мислиш дека имаш контрола над сè во животот, дека сè можеш да предвидиш. Тој што мисли така, изгледа имал среќа да не му се случило нешто као гром од ведро небо.
    Ништо не е сигурно во овој наш живот, секунда е потребна да се преврти сè. Али претпоставувам тој што не го доживеал тоа, мисли дека има право да се осеќа како мали Бог, дека сите конци ги држи во рака, дека се може да предвиди и дека сè има под контрола.
    Лани еден дожд беше потребен да многу луѓе си ги изгубат домовите, во поплавите во Скопје. Едно попладне дожд, толку беше.
    Мојата најдобра другарка и комшика од детството имаше 20 години кога дозна дека нејзиниот најсакан татко, максимално посветен на жената и 4те деца, да имал паралелно друга жена и дете со неа, во истиот град.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Тоа беше оддамна, пишав погоре и зошто. Кога ја прашав дали би се смирила, рече никогаш. Не е во прашање неверство или сл. нешто, 2год и требаше да сфати дека не се еден за други, дека тоа не е љубов.
    Нејзе барам имало кој да и збори од што да се пази, за разлика од мене...Сама се откривав, што, како, зошто. Но сите другарки така правеле, после година нормално било демек. Затоа имаше и близок пример со абортус на 18. Нема што повеќе да трубам, свесна е веќе. Иако поретко се гледаме, се повеќе наликува на мене и тоа ме радува.
    Може тршите уште една слична на мене тука што ви труби. :D
     
  9. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Женски
    Dobro kaza, taa uvidela sama inaku million da zborat vaka ili taka dzabe e, srce pamet ne pita sekogas,a mn primeri ima koga bas tie sto "ne se eden za drug" vo tugjite oci, uspevaat I se srekjni zaedno. Abortus na 18 god.ne mi se komentira vo temava, imalo I kje ima uslovno receno greski od koi se kali covek vo zivotot.
     
    Последна измена: 30 септември 2017
  10. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    @Stargazer , јас како човек од природните науки, ќе ти кажам дека теоријава ти е - погрешна :D
    A као жена ќе ти кажам дека мажите кои сакаат невини жени, имаат големо его и многу ниска самодоверба, притоа се нарцисоидни, незрели, нереализирани, со потреба да ја поседуваат жената као да е таа предмет а тој нејзин сопственик, сексуално немаштовити и ригидни, без вистински респект за неа.
     
    На Annath, ♣ Alba Viduam ♣, aleksandra4444 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Се најдов испровоцирана да навлезам во подетална анализа, затоа што овде членките кои единствено познаваат врска каде се практикува секс, се обидуваат да го демантираат она кое јас го споделувам од искуство. Знаете, споредба може да се направи само ако ги познавате и двете работи и ако сте осетиле на своја кожа. Немам намера да навредам некого или да омаловажам, но малку е смешно да велите дека врската каде со партнерот имате секс е толку прекрасна кога поинаква и не сте имале, нели? Ќе останев и јас веројатно со такви размислувања ако немав прилика да споредам и да дојдам до заклучок. Се надевам ова ќе биде мој последен коментар тука и ќе размислите за содржината подолу наместо да се нафрлате и да ме убедувате што е подобро. Наместо тоа, ако се сомневате во моево тврдење (кое, патем, е поткрепено и со научни факти), испробајте и лично уверете се (има разлика од врска без секс до врска каде има периоди без секс, не е исто). Текстот подолу е микс на мое искуство и на научни тврдења. (секако дека истражував да видам дали науката е на моја страна и видов дека е).

    За една врска да биде успешна и стабилна, потребно е љубов, почит, комуникација, посветеност, искреност, верност... Сексуалниот однос не ги носи овие елементи во врската. Спрема тоа, не е ниту потребен, ниту неопходен. Многу поразлично е кога на некого гледаш со страст, од она кога некого гледаш со љубов. И тоа се две различни работи. Кога човек на некого гледа со страст, тоа значи дека го посакува телесно, дека постои потреба и желба за интимност, за задоволување на телесните нагони. Кога на некого гледа со љубов, тоа значи дека личноста ја сака баш таква каква што е, дека таа личност му значи, дека е со таа личност силно духовно поврзан. За личноста која човекот ја гледа со страст, спремен е да направи некоја жртва само за да си го задоволи своето тело, додека за личност која ја гледа со љубов, спремен е да се жртвува себеси само за таа личност да биде среќна, сакана, задоволна. Страста е поврзана со телото, а љубовта со духовната состојба на човекот, со емоциите. Сексуалните односи го задоволуваат телото, а вистинската, чиста љубов ја задоволува и храни душата на човекот. Некој имаше пишано дека страста е таа што го дига човек до небо, дека му се ежи кожата. Поубаво и поемотивно гушкање не сум имала никогаш, а сепак тоа е само љубов. И да, токму тоа гушкање дига до небо. Поинакво е, кога се има потреба единствено за блискост а тоа да не е задоволување на телесните страсти, навистина е неописливо убаво. Да потенцирам, муабетов ми е за врска, бракот е друга приказна. Ги памтам сите тие прекрасни гушкања, нивната јачина, но и нежност и емоција што ја носат. Од првото до последното.
    Сексуалниот однос не придонесува за пораст на љубовта. Значи, пак, не е потребен и неопходен во врската. Тоа и самата го увидов. Љубовта расте со еден куп ситни (навидум ситни) нешта, кои во суштина се големи и значајни. Секој, макар и најмал потег, се забележува со колку љубов е направен и тоа се цени. А сексуалниот однос дефинитивно не е дел од тоа.
    Зошто добивањето бакнеж на врат ја буди сексуалната желба кај повеќето луѓе? Затоа што нив страста ги води. Мене не. Мене ми преидзикува пријатно чувство, ми развлекува насмевка на усните, се чувствувам сакано а истовремено и заштитено, затоа што знам дека моето тело нема да биде искористено после тоа. Знам дека сум вистински сакана. Факт е дека мозокот на човекот кој се покорува на страста функционира поинаку од мозокот на човекот кој не се покорува на истата. Постојат 4 врсти на функционирање: алфа, бета, делта и тета. Прогуглајте, затоа што ако јас овде напишам за нив, нема да го собере целиот текст...
    Тешко е да се поверува дека не е љубов она за кое некој мислел дека е. Знам по себе. И јас упорно бев во одбрана и оправдување на моето минато, но на крајот, овие работи ги научив, од вистината не може да се избега. Порано или подоцна, она што е вистинито и правилно, доаѓа на површина. Работата е во тоа што, човек кој е под силно дејство на страста, не е ни свесен дека некаде греши. Не е ни свесен што се случува со него. На пример, кога јас му раскинав на тој последниот, со кого практикувавме секс во врската, многу го болеше тоа. Но всушност, длабоко во себе, не го болеше фактот што ме губи мене, туку фактот што го губи телесното задоволство. И за сиот тек на врската, се што добивав од него, сето внимание, беше само поради телесното задовлство. Ни самиот не беше свесен за тоа. За тоа не се свесни ниту оние што велат ,,ќе пропадне врската ако не може да ме задоволи“. Не судам, само сакам да се знае дека тука не се работи за љубов, со таков став акцент се става на своето тело, а тоа е себичност. И добро би било човек да го сфати тоа. Не може да станува збор за љубов кога човек повеќе се грижи да биде сексуално задоволен отколку сакан. Се извинувам ако некој се пронајде и се најде навреден, воопшто не ми е тоа целта. Ова се факти, во кои јас лично се уверив. Сфаќањето нема да му наштети на човек, напротив. Е сега, ако на некој му е телото поважно... нека му биде, само нека не меша две различни работи и нека не ги поистоветува. Љубовта, неиспрљана со страст, создава огромна емоционална блискост и чувство на припадност. Нема страст, а сепак срцето и цело тело трепери само при слушање на неговиот глас. И тоа преку телефон. И сета среќа е собрана тука. Радост е тоа, љубов е.
    Погоре некој имаше спомнато репродукција. Репродукција се случува во брак а не во врска...Значи сексот во врска се практикува со друга цел. Кога спомнав брак, да кажам и дека бракот не е само лист хартија. Хартијата е онака, формално... бракот е заедница одобрена со божји благослов и треба се склучува во црква (барем за христијаните, за другите религии не знам како одат тие работи).
    Истражете што се случува во мозокот и телото при сексуалниот однос а што се случува при гушкање, бакнување и останати активности кои не вклучуваат секс и видете што всушност повеќе одговара.
    Уште многу можам да пишувам за ова затоа што има многу работи кои можат да се кажат, да се споделат... но мислам дека суштината ја доловив. На крајот, врската без секс е сосема нормална, здрава и неописливо убава, а личноста воопшто нема проблем со своите хормони. :)
     
    На cresa-jagoda, Таа Сум, carangigia и 4 други им се допаѓа ова.
  12. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Љубовта е најважна и разбирањето све што опиша,комуникација,да си почитувана,сакана и тоа емотивно задоволство,сето тоа е во ред и те разбирам,но кога веќе имаш таков партнер што ве спречува да имате и физичко задоволство а тоа е сексот,тоа знаеш мене како ми делува тоа тие исто кога купуваш еурекрем и јадеш само белото чоколадо а црното не,според мене за една успешна врска мора да биде комплетна,а тоа е и сексот и тоа погоре што сум го напишала.
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ако немаш секс во младоста, кога ќе го имаш? После можеш да се разболиш или да умреш.
     
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    ^
    Oна за што ти пишуваш овде е пријателска љубов. Додека ваквaта појава во психологијата уште се нарекува ,,асексуалност''.

    Проблемот со тебе, и генерално со повеќето од вас овде кои пропигарите квази Христијански сфаќања како последица на пренаситеноста од претходните сексуални искуства, (а притоа за да се оправдате себе барате и научен backround), е во тоа што заборавате дека ,,телесната'' љубов не е погрешна. Измислувате топла вода, и се повикувате на Религијата за да докажете дека сте на повисок стадиум од обичните смртници кои практицираат ваков тип односи, притоа не знаејќи дека сте токму вие оние кои живеете во заблуда. Самото изедначување на ''девијантните'' сексуални пориви со неморал е навистина глупаво. Сексуалноста не е мерило за човековата добрина и емпатија. Познавам проститутки кои се продаваат а се праведни луѓе, така да теоријата со компарација ти паѓа во вода...

    Од друга страна мозочните бранови кои ги спомена се ирелевантни за темава, а алфа и бета не се "лоши'' бранови.
     
    Последна измена: 30 септември 2017
    На Priroden, Annath, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Не се работи ниту за пријателска љубов ниту за асексуалност. Се работи за дечко и девојка кои се во љубовна врска и притоа се хетеросексуалци.

    Не е, ако се двајцата во брак.

    Мислам дека ако продолжиме, темава пак ќе оди под клуч. Моето си го кажав.
     
    На cresa-jagoda, Petra777, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ама не зборувам јас за сексуална определба Битер.
    Каква е таа љубовна врска која се состои исклучиво од држење за рака и бакнување..Платонска можеби?!
    При изборот на партнер ти не правиш селекција исклучиво по пат на неговата душевна "тежина", односно добрина, туку мора и сексуално да те привлече дури и да немате воопшто таков однос за време на врската. Во брак ќе имате зар не? Чуму да бираш некој кој не ти е привлечен, како ќе доживееш оргазам? Или и оргазмот сега не чини?

    Патем, нема зошто да оди под клуч, не сме оф топик а ниту се караме, баш напротив водиме дискусија.
     
    На YoungandBeautiful, aleksandra4444, Sanjichka007 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Еве една статија најдов

    Што вели еден сексолог и уролог:

    1. Сексот го победува лошото расположение

    Кога ќе се спомне поимот секс, многумина помислуваат на добро расположение и воопшто не грешат, бидејќи сексот навистина не прави повесели.

    „Нерасположението и депресијата негативно влијаат на сексуалниот живот, истото важи и во обратната насока, недостатокот на секс не прави нерасположени“ - вели еден сексолог.

    Во текот на сексот се лажи ендорфинот - невротрансмитер која ја ублажува болката и го подигнува нашето расположение. Во тие моменти се лачи и окситоцинот еден од хормоните кои ве прават посреќни. Овој хормон се лачи четири пати повеќе кај жените отколку кај мажите.

    Во текот на сексот се зголемува и нивото на серотонин, хормонот кој е одговорен за насмевката и чувството на среќа и релаксираност по сексот.

    Што се однесува до депресијата, едно истражување направено на 300 жени, покажало дека жените кои имаат редовен секс, помалку страдаат од депресија од оние кои немаат активен сексуален живот.


    2. Сексот помага да се ослободиме од настинката


    Еден сексолог вели дека тој позитивно влијае на нашиот имунитет, но како? Вели дека сексуалните односи го подигнуваат нивото на имуноглобулинот А.

    Едно истражување во кое учествувале 11 луѓе покажало дека оние кои имаат почести сексуални односи имаат за 30% поголемо ниво на имуноглобулинот А.


    3. Сексот не прави долговечни


    Овој ефект е поврзан со фактот дека сексот не прави посреќни и позадоволни преку ослободувањето на сексуалната енергија.

    „Кога сексуалната енергија не се ослободува преку самиот чин, често се ослободува на сосема погрешни начини“ - објаснува еден сексолог.

    Неколку истражувања кои се однесуваат на сексот и долговечноста нивната поврзаност ја објаснуваат преку делувањето на хормонот DHЕA - хормон кој многу научници го нарекуваат и мајка на сите хормони.

    Нивото на овој хормон непосредно пред оргазмот се зголемува за трипати повеќе од вообичаено.


    4. Сексот е добар за срцето


    На ова поле има спротивставени истражувања. Едно истражување објавено во списанието „Journal of Sex & Marital Therapy“ тврди дека луѓето кои во просек имаат секс по 12 пати имаат поголеми разлики во ритамот на отчукување на срцето, а тоа го намалува ризикот од срцеви болести.

    Друго истражување тврди направено од страна на Универзитетот во Белфаст тврди дека луѓето кои имаат секс трипати неделно се изложени на двапати помал ризик од срцев удар.

    Некои пак, сметаат дека сексот за постарите мажи го зголемува ризикот од срцев удар, ако не се одржуваат физичкото здравје и кондицијата.

    Не е баш здраво да се апстинира.....
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Ајде сега и проститутките биле праведни. Тоа е доказ дека верата не си ја познавате ама ич, што тврдите такво нешто.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не реков јас дека сите проститутки се добри луѓе, не ми извлекувај зборови од контекст.
    Но, еве, зошто да не може една проститутка да биде праведен човек? Затоа што се продава за пари?
    Нејзината сексуална ''неморалност'' под дифолт ја прави лош и нечесен човек? Размисли два пати пред да ми одговориш.
     
    На YoungandBeautiful, aleksandra4444, Sanjichka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Таа не е праведна кон себе си прво, а за другите нема ни потреба да покажува праведност ако веќе тргнала по тој пат што е грев.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.