1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Темава ке ви забега во религија,мислам не треба да се мешаат овие две работи,ако почнеме да збориме за гревови итн,нема кој не е грешен,ако таков има нека се јави?Освен господ.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor се работи за внатрешна и надворешна привлечност. Но надворешната привлечност не значи сексуална привлечност, туку дека ете ни се допаѓа тоа што го гледаме пред себе. Би можела со саати да го гледам и да му се восхитувам, но воопшто да не посакам да имам со него сексуален однос. И тоа е сосема нормално. Бракот е друга приказна... пишав за него претходно по нешто, не знам дали ми ги прочита коментарите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Зошто не е праведна кон себе, и зошто е грев?

    Затоа што го сака сексот, или не го сака а притоа решила да се трампа за пари за ''услугата'' која ја нуди? Ако се водиме според тоа правило тогаш зошто и корисниците на таквите услуги не подлегнат на морален линч? Оттука произлегува прашањето кој е навистина проблем, проститутките или оној кој ги плаќа?
     
    На YoungandBeautiful, ♣ Alba Viduam ♣, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Грешни се и едните и другите. Не амнестирај никој и не фали курви, смешно е. Си има во светите книги за тоа пишано дека е грев, јас и ти нема да измислиме топла вода.
     
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Надворешната привлечност не може да е сведена на чиста естетска вредност Битер.
    Ти на свесно ниво може да поттиснуваш колку сакаш дека посакуваш сексуално да општиш со него, но на потсвесно не можеш. Првенствено, фактот што си баш со него од сите други говори многу. Инаку, ако не те привлекува сега сексуално како што тврдиш, што ти е гаранција дека во брак ќе биде поинаку и дека сексот ќе биде добар? Знаеш дека сексот претставува битна компонента за опстојување на бракот, бидејќи биолошки сме предиспонирани да се репродуцираме, и се знае што треба да се направи за да се стигне до тој процес на репродукција.

    Прочитај уште еднаш добро што напишав.
    Јас во Религија слабо верувам, но не осудувам и навредувам луѓе кои веруваат. Но, секако ги потенцирам недоследностите.

    Погрешен ти е судот дека секоја проститутка е лош човек. Исто колку што е погрешен кога се обидуваш да возвишиш некого исклучиво судејќи по тоа мерило што јас не го направив во случајот, туку само направив споредба.

    Од друга страна, проститутката надвор од своето работно време може да донира во хуманитарни цели, може да има дете кое не може поинаку да го прехрани освен на овој начин, или можеби едноставно сексот за пари ѝ претставува задоволство, но тоа не ја прави подобар или полош човек. Други критериуми играат улога при оценување на луѓе, зошто ништо не е црно бело.
    Вие кога ќе ви се спомене проститутка веднаш замислувате лоша девојка која нема ''душа'', и тоа е она што е погрешно. Религијата треба да ве научи сите безусловно да ги сакате и прифаќате а не да плукате по луѓето поразлични од вас.
     
    Последна измена од модератор: 1 октомври 2017
    На YoungandBeautiful, ♣ Alba Viduam ♣, aleksandra4444 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    @Bitter-Sweet јак текст си напишала, морници ме облеаа. Требаше да бидеш искрена од почеток и да кажеш дека си навлечена на некои религиозни догми. Тоа е твое право, меѓутоа кога дискутираш на темава, фер е да кажеш од каде ти доаѓаат теориите. Твојата дефиниција за љубов е едниот да се жртвува за другиот. Страста е прљава, и прави телата да ни се злоупотребени и искористени. Секс = насилство. Толку е за мене тоа погрешно што морници ме лазат. Јас искачам од темава, почнав да се осеќам како во затвор каде што ме силуваат средновековни догми.

    Без страст кон било што во животот, работа, љубов и се останато, животот нема смисла. Исто ко да не си жив.
    Али ок е, @Bitter-Sweet има сепак некаква страст - кон религиозни догми.
     
    Последна измена: 30 септември 2017
    На Priroden, Annath, YoungandBeautiful и 21 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Врска без секс убаво звучи во теорија, но практично ако гледаме, таа е осудена на пропаст.
    Мене лично таква врска меѓу две млади особи ми личи како на комшии што живеат и делат само еден заеднички покрив.
     
    На elimkd, joy1, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Jас викам дека може, еве јас самата сум пример дека може. Не знам што толку тебе и некои други ве чуди тоа да се сака некој, не како брат, не како пријател, како дечко, а притоа да нема воопшто потреба од секс со него. Бракот си е брак, не знам зошто упорно бракот се уфрла во темава. Има друга тема за тоа, брак без секс се вика темата.
     
    На Таа Сум и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.941
    Пол:
    Женски
    Taтко ми секогаш вели: Koла пред да се купи, треба да се проба8-| Остајте тие приказни за гушкање и се тоа, цел живот нема да сум задоволна само од гушкање и љубов. Треба малку и јако:smirk:
    [​IMG]
    Kaj мене прво е физичка привлечност, страст, па после љубовта ми доаѓа. Ако е добар во тоа, океј е :D
    Грешница леле:rofl:
    Едит: Во возрасни години ако мажот не сака да има секс со девојката или ебе друга или нешто не е во ред долу. Мислам дека трето нема. Кој што сака нека си мисли, јас овака мислам
     
    На goran20, aleks blond, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Тоа е грев. Едно добро дело нема да го избрише тој грев.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Значи, ти немаш потреба сексуално да општиш со твојот дечко, кој те одбрал исклучиво според твојата душа и симпатично лице, и притоа никогаш не добил ерекција за време на вашите прегратки и допири?
     
    На Priroden, YoungandBeautiful, x.Daisy.x и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Не плукам, сеедно ми е, само не може да се велича проститутка која секој ден прави грев, живее во грев. Ако донира еднаш, гревот не се пере. И јас донирам па што.
     
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Плукна во моментот кога ги нарече курви со навредлив тон Tања.
    За второво те прашав еднаш, еве уште еднаш те прашувам зошто сметаш дека проституирањето е грев? Апстрахирај се од Духовните книги и одговори ми.

    Влегувањето различни пениси во вагина или анус се грев, зошто? Дали се тоа свети тајни ''дупки'' до кои не треба да се има пристап?
     
    На aleksandra4444, Sanjichka007, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    И ова е грев, да се наоѓаш привлечена од надворешното, да му се восхитуваш... едит Дури мислам дека е поголем грев од сексот, нели Луци бил предмет на восхит, па му удрило во глава, па се вообразил... Ѓаволска работа е, не се игра со тоа.
     
    Последна измена: 30 септември 2017
    На Priroden, Annath, YoungandBeautiful и 15 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    @Tanjamm Таа прооститутка не штети никому, и на никој начин не ти го пореметува твојот живот. т.е. може ти го пореметува, ако маж ти ја посетува :wasntme:
    Што прават другите со нивниот живот апсолутно не ме интересира.
    За секс во врската и колку е вистинска љубовта или не е, тврдам дека врската сосема еднакво би ми функционирала и да немаме секс. Само што јас не се плашам од што сексот ќе ми донесе и не ми е страв дека дечко ми ќе ме остави ако имаме секс (или ако немаме). Тоа е љубов, а не насилно потиснување на страста со мисла дека нема да се омажиме ако се "препуштиме на страста". Жал ми е @Bitter-Sweet што од дома ти набиле комплекс дека нема да се омажиш ако имаш секс пред бракот, навистина се надевам дека ќе се омажиш, иако не си невина :(
     
    На Priroden, Doozy, YoungandBeautiful и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Немам потреба.
    Инаку, кој вели дека немало ерекција? Ова сепак е нешто лично кое не мораше да е спомнато директно, веќе го пишав поназад меѓу редови, дека телото реагира но тоа не значи дека треба да се препуштиме. Телото реагира, но мозокот е во таков режим што не се потчинува на тоа. Мозокот цени љубов а не страст. И мене ми се случило да бидам влажна а да не ни обрнам внимание на тоа. Природните реакции на телото не можат да се спречат, но не значи дека човек треба да има секс секогаш кога тоа ќе се случи (реакциите). Човекот е размуно суштество, мразам кога треба да ја правам оваа споредба ама, животните се тие што се водат по потребите... мислам, затоа е измислен бракот... Пар каде двајцата си припаѓаат еден на друг, чија врска е одобрена и имаат благослов за истата. Беше спомната репродукција два пати поназад во коментари, епа ако сексот постои за репродукција, тоа значи дека постои за партнери кои се во брак. Јас сум направила грешка, сум била водена од страста и не сум била доволно инфоримирана дека сексот пред брак е само злоупотреба. Не сум знаела но научив. Некој имаше пишано џабе било сега да зборам за некаква чистота кога веќе сум имала секс. Не е џабе. Може мојот сопруг нема да биде тој кој единствен го имал моето тело, но со сигурност ќе биде оној кој најмногу, најискрено ќе го сакам од сите во мојот живот и кој дефинитивно тој ќе ми биде на прво место, пред самата себе, а таа привилегија не ја имал никој. Затоа што научив дека љубовта и страста не се едно исто, како што долго време сум мислела. А патем, можеби некој и ќе научи нешто од ова што го пишувам.

    И што сакаш да кажеш со ова?
     
    На Таа Сум и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ама ти не си нечиста Битер, ајде извади го од глава тоа веќе еднаш!
    Не си ниту лош човек само затоа што се влажниш за време на допири или претходно си имала секс со момци, дали сфаќаш? Дали сфаќаш дека нема ништо погрешно во спојот меѓу духовното и телесното? Самиот факт дека живееме во материјален свет ни е показател дека сме телесни суштества. Немањето секс при очигледни телесни реакции не е животинска одлика, туку е акт на поттиснување, гледано од психолошки аспект. Ти не си направила грешка, не се осудувај без причина за работи кои стварно нема потреба.
     
    На blonde_supergirl, YoungandBeautiful, ♣ Alba Viduam ♣ и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    Кога ја читам Битер, се осеќам како со некој Јеховин сведок да зборувам. Те убедува и те убедува, примери и примери до бескрај...


    Ќе се обидев да те разберам да немаш секс во врска до брак, да си целосно ''чиста'', како што милуваш да си кажеш, ама вака секој твој збор во вода ми пропаѓа.

    Не можам да верувам, во какво време сме со какви размислувања.
     
    На joy1, Doozy, YoungandBeautiful и 13 други им се допаѓа ова.
  19. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Врска без секс ти е како Патика без Врвки
     
  20. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    :^)

    Девојко, не те поддржувам во ставовите. Сепак се надевам и дека не грешиш и дека нема да се разочараш во животот :)
    Со среќа!