Мене сето ова ме потсеќа на епизодите од Сексот и градот, кога Шарлот му изводеше на оној со Шкотско потекло и немаа секс до брак (иако таа беше далеку од невина). После дозна дека типот е дисфункционален во кревет и почна да се грижи и да се сомнева за бракот. Како и да е, секс помеѓу двајца кои се во љубовна врска е нешто најнормално на светот. И аман, како може да те заслепи оргазам еве не знам. Доволно сум свесна за себе и за човекот до мене за да знам дали љубовта е вистинска или не и без тоа. Врска без секс сум имала и јас. И не, не може да се споредува со комплетна врска во која покрај романтичните влажнења има и секс, меѓу другото. Не гледам поента да бидам Шарлот и да симулирам девственост кога тоа останало веќе зад мене, едноставно нема поента тоа за мене.
@Bitter-Sweet пишав и страни поназад, сум била скоро две години во врска без секс, и неодамна почнавме со односи. Во љубовта, вниманието, комуникацијата и меѓусебното почитување ништо не се смени, дури и подобро е, порелаксирано, поотворено. Ама, ако тебе лично и на твојот партнер ви е поубаво без секс - правете си како што сакате, како ви одговара, ама да тврдиш дека така е сигурно подобро, не е исправно, зошто што е подобро секој си знај за себе. Се најдобро.
Ок @theowndemon , прави си и ти како сакаш, само да не се лажеш дека страста е љубов. Тоа ми беше поентата. Кој сфати, сфати, кој не, негов проблем.
Ти зборувам за: внимание, меѓусебно почитување, отвореност, разбирање, релаксираност, се тоа е љубов. Парче хартија не менува чувства. Ама не чекај ... Се лажам јас. Извини. @Bitter-Sweet
@Bitter-Sweet ти продолжи да го правиш она те исполнува, ама не не убедувај дека тоа е нормално и дека науката го докажала тоа. Доколку гушкање и бакнежи те исполнуваат и доколку сексот после благослов од Господ и секс за репродукција е она што ќе те направи среќна, во ред, твој живот, твое тело, твоја одлука. Ама не се обидувај да не убедуваш дека двајца млади луѓе кои се во врска, не би требало да општат сексуално, јер тоа не е љубов. Впрочем, каква е таа љубов без страст? Па страста и љубовта одат под рака, мислиш дека страста магично ќе се разгори после АМИН од поп?
Ама бракот не е гаранција за ништо. Од кај толкава сигурност дека нема да се разведете после некоја година??? И после тоа што ќе правиш? Ќе чекаш да стапиш у друг брак за да имаш секс?
Ама вие поима немате од љубов, убаво си кажа девојчето. Така е. Држење за раче, броење овци место партии секс пред спиење е љубов. Еднолично, монотоно, пасивно и досадно. Ако сте мислеле дека љубовта е разбирање, почит, страст, мултиплај оргазамс, цел пакет се лажете. Вие сте слепи, љубовта е ограничен пакет и прасињата летаат. Во секој случај некогаш навистина треба да им се даде признание на некои машки што се стискаат од болка гревовите со пуни јајца, зошто на девојката и прднала некаква луда идеја на памет, додуша во ваков случај дури и неверство сум блиску да оправдам. И после ете зошто машките пукаат чорци во брак, а женските не можат трудни да останат, па на крај ни крив ни дужен Господ ќе ги земе сите заслуги и се ќе препишат на Господ. Тие сами се казниле, ама не, Господ така сакал лекција да ги научи. Вие сите што имате редовен секс и поголема шанса за трудноча сте безбедни. Немате потреба од лекции и казни. Ма да додека таа брои ѕвезди, тој одамна веќе си доживува љубов со некоја што го сака на секаков начин и на секој можен левел. Освен ако не е Сашко. Сашко уил невр ду дет.
Зошто развод кога (општо ќе кажам) двајцата се сакале долги години, ја негувале и сочувале љубовта и истата сеуште трае? Кој вика дека е такво? Ти?
Девојката убаво си кажа незнам зошто толку ја напнавте.. Никаде не напиша дека нема да практикува секс и во брак вие пак упорно сте се запнале како да на гушкање вечно ќе остане. Монотоно било без секс ма ајде бе а со секс какво е? И секс да има секоја вечер и тоа нема монотоно да биде? Сексот со љубов врска си нема дефинитивно. Сум имала случаи каде момчето ме привлекувало сексуално сум имала и случај каде сум се заљубила а секс сме имале дури по одредено време.
Обрнете пажња дечки, нема шанси да ја разубедите со никаков аргумент, бидејќи ова се догми шо се многу моќни. Јебига, знаеме низ вековите како се страдало и сеуште се страда заради догми, пошто се моќни as hell. Сеуште не можам да проценам дали е христијанство, не ми се верува пошто имам другарка голем и посветен верник, секој викенд е по цркви и манастири,и најнормална природна врска си имаше со дечкото (сега и сопруг), исто голем верник. Али се е можно, секакви толкувања, т.е. догми искачаат од - луѓето створени. Можда е Ислам, Јехова, Харе Кришна, Бог знае кој ја подучувал, не сум многу запознаена со нивните толкувања за сексот. Али една работа не и објасниле убаво. За да биде нели скроз чесна, чиста и посебна. Ако е телесното задоволство грешно и прљаво, ондак боље би и било да нема никаков контакт со дечкото. Таа се гушка и љуби со дечкото, се држат за раце, а тоа е телесно задоволство ( и дел од сексот ) Ок, не си дозволува да се попали, али сепак, и на нејзиното тело му е убаво кога го прави тоа. Штом е телото грешно, ондак боље никаков допир да нема со дечкото. За да биде скроз „чиста„ неискварена љубав.
Нема да мудрувам. Грев е проституцијата. Не пред мене, пред Господ. Можеш да убиеш човек па да донираш, и што не си лош човек така? Курви се не можам да ги кажам божици. Навредлив е зборот, ама немам опис за таква работа. Ние сме луѓе не животни па да ни влегува се од секаде и да биде тоа нормално. Вие помладите мислите светот сте го измислиле и од вас почнува, а се водите по некои квази вредности.
Битерке, не само што си штетиш на самата себе туку му штетиш и на партнерот. Велиш дека убаво ви било вака ама кој знае дали и за него ова е супер wow просветлувачко искуство. Ти се обраќам тебе ама мојот пост се однесува за сите кои практикуваат апстиненција во врската (верувам дека не си единствена овде на форумов). Знаете дека со немањето секс ви се намалува имунитетот на телото и телото ви е многу повеќе подложно на бактерии? Дека по подолг период на апстиненција се намалува производството на секс хормони а со тоа во иднина желбата скроз ќе ви се изгуби? И најважното дека за партнерот ризикот е многу многу поголем да заболе од рак на простата. Мора од време на време да ги „празни цевките“. И сега друго прашање се отвора, дали вака размислувате кога станува збор и за мастурбирањето, @Bitter-Sweet? Зашто верувај дека ако тој вели дека не го практикува тоа, со сигурност те лаже. Да те потсетам сега на Декалогот? Докажано е дека без секс меѓу два партнери интерперсоналната оддалеченост станува се поголема а со тоа нормално, поголема е и веројатноста некој друг да ти стане многу попривлечен од партнерот до тебе. Па, ако толку си ја почитува религијата и ги зема в предвид сите верски празници во годината, нема да практикува. Баба ми беше верски фанатик па поради тоа на 40 години замина да спие во другата соба и веќе не делеа кревет зашто дедо ми бил неподнослив... Врти-сукај исто му доаѓа, камо да сум грешка...
Многу помешавте љубов и секс. Можам ако сакам да се сексам со 10 мажи, ама да не сакам ниту еден. Љубовта е повеќе од секс.
@Tanjamm Многу осудаваш која е грешник а која не е,зарем ти си светица?Зарем само сексот е грев,какви поголеми гревови има од сексот,ти си се фатила за проститутките,впрочем тие си го заработуваат лебот со продавање на нивното тело а не твоето. Само еден може да суди а тоа господ.
Женски, оладете малку .. Многу сте се напнале Зс проститутки не тука, одете во соодветната тема. Да не ја расипеме темава до крај..
Дечки дај оладете малце овие што апстинираат се превозбудија. Ок додуша. Партнерот секако ќе го усреќат конечно. Битер, еднолично, монотоно, пасивно и досадно е. Ти така си го постави од старт. Сеа и ќе ти карикирам. Лет ми пут ит дис уеј... Имаш шведска маса на располагање, а ти одлучуваш да седиш на страна и нарачуваш пилеча јуха. Или имаш на располагање ол инклузив, а ти бираш соба без кујна и заеднички полуфункционален тоалет со цел спрат... или тврдиш дека македонски железници се бољи од првокласен џет сет. Тоа е она во што ти вложуваш многу труд да го наметнеш овде. Дека помалце од пола е боље од цело. Имаш на располагање цел пакет, а се себеограничуваш и не убедуваш дека ние грешниците сме слепи, и дури сакаш да испровоцираш и грижа на совест. Битно да се прочита од сите што рекоа дека сме го нападнале девојчето: Сите ние си дадовме мислење и се изјаснивме околу истово и заокруживме дека на крајот од денот кој како е среќен и кој како си милува нека си праи. Ама истото тоа девојче е тоа што не престана да убедува дека ние што конзумираме секс со нашите партнери, малтене немаме поима од животот. Дека се злоупотребуваме, дека сме искористени, дека не сме прогледале, не знаеме што е љубов, малтене алапачи да не речам курви сме. Само таа е "просветлената". Епа нигас, со такви дрски и арогантни воопшто научно неиздржани ставови, лични перспективи што ги преставува како последна теза на науката, а всушност се извадени од мртва книга, па уште упорно ни ги трла од нос, ќе следи дебата. Дај престанете дека сме ја напаѓале. Дискусија е, која таа ја започна со ниски удари. И баш фина дискусија се разви. Пошто очигледно живееме во фригидно општество, бар да се види дека сами сме криви и сами сме си го наметнале. И никој не рече дека сексот е најбитен во врската, туку дека сексот е еден од битните алки во низата на љубовта. Таа сламка одамна е скршена не се фаќајте за неа ако немате што друго да кажете.
@Bitter-Sweet Се потрудив да не прокоментирам на темата, ама иритантно е колку се трудиш да не убедиш во твојата (според мене) безсмислена теорија. За мене врска без секс, не е врска. Впрочем не ми е нормално, поготово кога се работи за двајца возрасни, кои се заедно со години. Несакав да се мешам бидејќи секој има право на свој избор, ама од старт неможам да се доначудам. Сори. Твоја е реченицата "За една врска да биде успешна и стабилна, потребно е љубов, почит, комуникација, посветеност, искреност, верност... " - точно, меѓутоа ако има И страст, тоа не ги отфрла сите останати работи. Ти упорно тврдиш дека ако има страст, нема ништо друго од горенаведеното. По која логика? Со сите примери кои ги наведе, сакаш да кажeш дека ние кои имаме страст во врските, партнерите ги гледаме само како сексуални објекти. Значи јас него го сакам за се што е, а не само затоа што ми е физички привлечен! Сексот ја надополнува успешната врска, и му дозволува на партнерите да се поврзат на едно поинтимно ниво, што незначи дека љубовта не е вистинска. Како и да е, како што реков, секој има право да го практикува, она што според него е правилно, така да, ако ви чини, терајте така, се надевам ќе успеете.