1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Не те дриблам јас, црквата е со таков став и верата. Попот дури беше вознемирен на ова прашање, одрекуваше не, не демек и деца ако се зачнат така во заедница која не е крунисана со верски брак се деца зачнати во грев. НЕ Е ДО МЕНЕ, ВЕРАТА И ЦРКВАТА ТАКА НАЛАГА БЕЗ РАЗЛИКА НА ВЕК. Гуглај ако не веруваш.
     
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Женски
    Ne veruvam zatoa sto togas I veridbata bi bila grev.A za deca I toa e grev a? Zatoa decata bez tatko kopilinja gi vikaat a? Nemoj te molam, toa od Boga ne e tuku od nedoveten narod.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Мешаш веридба и брак со живот во заедница со години без да се венчаат. Црквата е против живот во заедница и раѓање деца без венчавање. Провери на гугл, не мора мене да ми веруваш, јас ова не го измислувам, туку тоа е став на црквата исто како што црквата не признава и е против ЛГБТ. Тоа сигурно го знаете.
     
  4. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Море каков поп каква црква, седнал некој чичко таму со мерцедесот до него, и смислува правила како да ми го уредува животот. Мало морген, ако се прашувам јас.

    5 пари не давам за овакви ставови. Ниту за попови. Почит за попот како личност и како човек, имам секогаш. За неговите правила, не.
    Која е потребата на луѓето некој да им кажува што е правилно, а што грешно? Која е таа потреба од авторитети, да ви кажуваат правила на живот? Како стигнале они до тие правила? Ем тоа денеска, секое село со свои правила, секакви правила за се и сешто, таман мислиш едно правило е, кога тоа 10 подверзии и варијанти.

    Јас лично, обожавам да одам во црква. Убаво ми е, и си одам во рандом денови, и тоа често, не гледам празници. Си носам лепче кога сакам, ама не го давам на поп за благослов :D Сите сме Божји деца. Секоја убава мисла која ја имаме еден за друг е благослов, попски благослов не е ништо поразлично од благословот од секој близок до тебе.
    Така да, поп да ми раскажува дека правам ГРЕВ ако живеам со некого во ЉУБОВ, и се сексам во љубов? Жити мајка. Него му е грешно тоа ако не му отидеш он да ти запее за парички. За мене, Бог е ЉУБОВ, и само тоа ме интересира, а не правилата на попот.
     
    Последна измена: 1 октомври 2017
    На Bankarkata и Luminary им се допаѓа ова.
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    3.097
    Греота, татко ми не е крстен, а моите не се венчани во црква, сите во пекол ќе одиме.

    Јас ќе ве замолам да не ги цитирате овие побожните.
    Не можете да победите.
    Попот нејзе и рекол и така е, пишано за век и навек. Да се вратиме во 17 век каде вештерки (демек) палеле и биле затупени, а на науката гледале ко грев. Да било до побожниве, струја ќе сме немале денес, Тесла ќе го запалеле. Да било до нив, никаков ебан напредок ќе сме немале, тркало и оган, доста е. А вие се расправате со нив за невиност и брак?! Плијз. Религијата отсекогаш била начин за глупите и неуките да ги држи под конец, да има некој сила и моќ.

    Ве молам, али стварно, остајте ги нараат. Греота е ова да се чита што го пишуваат.
     
    На CameliaMiller, Bankarkata, zalosna и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Сфатете дека немате проблем со мене или со некој друг ако ви каже дека вонбрачна заедница е живот во грев. Тоа е така според Библија, вера, црква, а вие ако одите и палите свеќа не значи дека сте верници. И јас не сум некој голем верник, не се сметам за голем верник ама основно непознавање на верата и чудење како тоа е грев е срамота за некој што се смета за христијанин. Можеш да кажеш не се слагаш, ама не и да го навредуваш попот. Ако го навредуваш попот, на погрешен пат си.

    Цитат од Ортофил кој е свештеник

    „Ако некој живее во вонбрачна заедница, тогаш нека не чека и нека се венча. Што го спречува? Ништо. Нема потреба ни од осудување, ни од самоосудување. Ама колку побрзо се прими светата тајна брак, толку ќе биде подобро“.
     
  7. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Женски
    LGBT ne go mesaj so vonbracna zaednica megju maz I zena, toa se dve razlicni raboti. A za decata sigurno ako se bozji DECA,a site sme I nema razlika megju nas tamu, ni tie deca ne se za nazivot kopilinja. Za decata garant Bog taka ne odredil tuku covek. Ne gi mesam postoi I veridba od godina, dve zarem ne? A koj vika deka zaednickoto vonbracno ziveenje nema da zavrsi so brak isto kako I veridbata?
     
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Во темава фалат уште пасуси од Библијата и се ќе биде комплетно. :D

    Инаку, скоро сите мајки се обиделе да им прават некој филм на своите малолетни ќерки, дека не треба да имаат предбрачен секс. Ова нешто демек да ги заштитат, да не завршат со постари партнери.
    Макар што, ептен погрешен концепт е. Па вака, ќе прочиташ и постари личности со истите ставови. Жално. Ама и со какви ставови да си бил растен/а, во врска со партнер на кој му веруваш ќе ги прекршиш сите.

    Да знаете какви гревови има по студентски домови, ќе треба цела МПЦ да реагира. :rofl:
     
    На CameliaMiller, Bankarkata, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Момент, ова мора да ми разјасните.
    Зашто е бракот света тајна? Што може да е тајно во врска со бракот, па дури и свето тајно....? :^)
    Дали тоа што во брак има поише шанси да те слушне како прднуваш, или дека ќе му ги переш гаќите, па тоа може да е поразлично од врска ( пошто не е дозволено живеење заедно пред брак?
    Или, можда за сексот праиме муабет.....Во бракот ќе го откриеме сексот, кој е света тајна....
    Читаш, @Bitter-Sweet , шо вика свештеник?
    СВЕТ е сексот.
    А не прљав.
    :hai: :wasntme:
     
    На Bankarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Овој дел ќе ми е off-topic, ама поврзан е со предходните коментари:
    Сѐ дури живеете во заблуда од зборовите на еден поп, ќе живеете мошне заслепен живот. Во еден коментар дури беше споменато и дека да се навреди поп било еднакво на тргнување по погрешен пат? Хех, жими газов е тоа погрешен пат. Од попови нема побезбожни луѓе, тоа да си знаете.
    Со свои очи имам видено како неколку попови, на Велики Петок, ден кога сиот христијански свет плаче и е толку строг пост што некои верници цел ден ниту вода не пијат, овие се гостат со печено јагне! После секоја служба за било кој празник си одат дома со полни багажници зејтини и куп други храни и пијалоци, да не правиме муабети за парите. И после некој ќе ми се најде тука или воопшто каде било да ми продава бубрези и криви краставици дека тоа што го кажува поп е закон.
    Имам бидено и во врска со студент, последна година на теолошки, или како правилно и да им се вика школата; типот уште сам ми се фалеше колку пред мене легнал, а се попали кога чу дека сум невина, ваљда тоа си го сфати како некој трофеј кој тој ќе го поседува, па 2,5 - 3 месеци колку што бевме во врска (пред конечно да ми пукне филм и да му раскинам, бидејќи и онака немав чувства кон него), при секое видување пробуваше да ме наговори да имаме секс. Ми симнуваше ѕвезди како само мене искрено ме сакал, воопшто да не чекаме туку веднаш да се земеме... needless to say, не поминаа ни 2 месеци откако му раскинав, и од што толку мене ме „сакаше“, веднаш најде друго девојче со кое по некој месец се земаа. Не дека му беше за бракот како света институција, туку за официјално да станат попови мора да се венчани.
    Си ја сакам верата. Духовен мир наоѓам на свето место. За мене влегување во црква или манастир е секогаш неописливо искуство, онаа стравопочит, мир и восхит кои ги чувствувам. Не сакам да потпишам брак на парче хартија, зошто тоа не е доказ или мерило за мојата љубов кон некого, но би сакала да бидам венчана во црква, ете поради тоа што предходно го кажав - за мене верата е љубов, Бог е љубов, па затоа сакам на тоа место да ја споделам среќата со својот избраник, а не за некојси поп да ми рече амин.
    И токму зошто си ја сакам верата, срам ми е некогаш поради туѓи ставови, ставови кои се толку слепи и закржлавени, а ги припишуваат неосновано на вера и религија.
    Така што, изговориве дека не е нештото правилно само зошто поп рекол така - не држат вода.
    Видов и некои други коментари кои мешаа одредени хормони, па дури и мозочни бранови. Ако сакате, во нареден коментар слободно можам да разложам и да ви кажам зошто, но тука само ќе ви кажам дека тоа што го бевте пишале си нема никаква врска, и ова доаѓа од некој кој доволно учел и полагал на таа тема.

    ***

    On-topic:
    Не сум личност која лесно се впушта во било што. Ми треба многу време да се опуштам пред некого, а ми треба уште повеќе време дури некого запознаам и да му верувам. За да се впуштам и во најплатонска врска прво морам да бидам емоционално на иста бранова должина со некого, а камо ли во сексуални односи. Едноставно не сум таква, но не се дрзнувам да судам други кои имаат поинакви ставови.
    Ако сум со некој, значи дека сум со тој некој бидејќи ме исполнува, прави да сакам да бидам подобра личност, ме поддржува и кога ми е најтешко, не морам да глумам дека рози ми цветаат, ги знае сите мои демони и мрачни агли и решава и покрај нив да биде со мене; му верувам, се почитуваме, се разбираме, се надополнуваме - на секое можно ниво. И ако сум со некој кој ги исполнува сите тие, еве да речам, услови, зошто да не посакам да бидам потполно со него, споена и душевно и физички?
    Рековте дека страста не е љубов. Но, тие не се исклучуваат една со друга! Не секогаш кога има страст има и љубов, тоа е точно, но апсолутно секогаш кога има љубов има и страст, сакале вие тоа да го признаете или не (а зошто не би го признале е нешто кое никогаш нема да го разберам).

    На крај, ако сакате - имајте односи, ако не сакате - немајте, но во никој случај не се осудувајте да ширите ставови дека само она вашето е вистинско и правилно, а сите други живеат во заблуда. Секој си одлучува сам за себе и за своето тело, и секому неговата вистина му е правилна, но универзална не постои.
     
    На CameliaMiller, EarthFire, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Ај вака... Реално, јас пишав коментар на темава и јас бев таа која беше цитирана и на која беше пишувано дека не е во право. @Bankarkata прва ме цитира и тогаш почна сето ова. Ја размрдав темава. 8) Јас не наметнувам ништо, јас само си го бранам својот став и давам објаснувања за истиот. Гледам дека некој ме разбрал, некој воопшто не ме разбарл, но добро...
    Ок, сум имала секс. Невиноста не се враќа, еднаш се губи. Јас сум донесла одлука да немам повторно секс и веќе објаснив зошто поназад во коментари. Споделив интимни работи како пример но одредени членови тоа го искористија за мајтап. Ок.
    Еве да ве прашам вас неколку што пишавте дека сте апстинирале. Како сте апстинирале? Апстинирање не е да се има врска на далечина па ајде со месеци не сте се виделе и немало секс. Апстинирање значи по свој избор да се откажеш од нешто, а не затоа што така условите налагаат. Можам да се кладам дека ако некоја од вас одлучи да апстинира, да речеме 4-5 месеци, а притоа редовно да се гледате со дечкото тој период но да немате секс, врската ќе се разниша. Знаете зошто? Затоа што двајцата се научени да имаат секс, затоа што тоа им станало потреба и зависност. Пред некој ден, имаше некое девојче отворено тема, Чудно искуство, ви текнува? Сте пишале дека било смешно тоа што легнале да спијат а немале секс. Пробајте вие така да спиете без секс 4-5 месеци и видете што ќе се случи. Вие не можете да си замисллите да легнете да спиете а да немате секс, што повеќе да се каже... епа ако врската толку ви зависи од сексот, не е тоа врска каде владеат емоциите, туку телото... и не може тука за љубов да се збори.

    Брак и секс не е исто... каде виде дека сексот е свет?
     
    На Autumn Beauty, Таа Сум, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Јас не сум вака воспитувана и ме чуди ова да е вистина (?)
     
    На Nausicaa, Baby-bubu и crimson им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не можеш со луѓе што мешаат религија во љубовта да разговараш за секс, тоа е повеќе од очигледно.
    Испран мозок спомнува цркви и на сексуалниот чин гледа како грев. Страв да те фати дури... страшна работа еј, а јас мислев на толку наука и на толку откривања дека ќе им дојде паметот на луѓето, ама очигледно тие за цркви и религии живеат.
     
    На CameliaMiller, Bankarkata, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Речиси сите мои школски во средно беа со вакви ставови. И јас не бев така воспитувана, ама затоа секакви табуа научив. Вистината е релативна, ставовите се менуваат и разликуваат од место во место. Ама во поглед на секс и отвореност кон истото прашање, Македонија е на дното на Балканот, да не зборувам за пошироко.
     
    На Tanjamm и sjdgo им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.601
    Допаѓања:
    173.607
    Пол:
    Женски
    Ете што била работата. Ние сме имале секс со нашите партнери, зошто сме биле пазете тука - зависници од секс, а не дека сакаме да имаме секс со нашите партнери. Ние уствари не сакаме, туку не можеме да одиме против тоа. Таа има таква сила да влезе поединечно во главите на сите нас и да открие дека ние не сме можеле да замислиме да неаме секс. Сиротки ние. И таа и само таа може да апстинира ако сака, а нас не смета за напалени мајмуни, кои само на тоа мислат и не можат да си ги скротат нагоните.
    Се чувствувате просветлени после ова? Јас така малце како просветлена... како да видов светлина на крајот од столната ламба.

    Доста е за денеска. Гасете интернет пред остали небулози.
     
    На CameliaMiller, Annath, Sanjichka007 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Што е @Yowannty , немаш храброст можеби да признаеш дека ако три пати по ред (најмалку) го одбиеш за секс принцот на бел коњ, ќе ти рече ,,Зошто не ми даваш? Што е проблемот?" И куп други прашалници и сомнежи зошто само спиете а немате секс. И тогаш да видиш дали толку многу те сака колку што тврдиш. Пробај не му давај неколку пати по ред да ја видиш ,,љубовта" негова кон тебе. И не само ти, еве и другите нека пробаат. Штом го одложите или откажете сексот, толку е. Ве ценат додека давате. Тоа е таа разлика. Ги знаеме денешните врски, една во милион е каде некој ќе остане со девојка која вистински ја сака без да го добива нејзиното тело. За тоа пишувам.
     
    На Autumn Beauty, Таа Сум, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.156
    Луѓе, стварно уште се оправате со 'побожниве' ликови кои сакаат да се е*ат, ама нејќат да им влева? Дај баталете, не знам како им ги и дочитувате постовите? Еве јас не можам.

    На Битер мајка и и' рекла оти изгубила невиност, немало никој да ја земе. А-у! Распад система! Мајка ми татко ми оти ја зел нечепната, не и го направи животот пекол, тоа од многу ценење, нели.
    А на другарка ми мајка и, уште на времето мераклика, па и во брак иста песна такуѓере, ама маж и не дава прашинка да падне врз неа!

    Да живее невиноста, светиците и поповите, амин! Сексот пред брак е виновен за сите несреќи во светов!
     
    На CameliaMiller, Annath, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Не сфаќаш дека ако некој те сака ќе те сака без разлика дали имате секс или немате изгледа. А ако тебе ти се погодил некој што не те сакал и идел со тебе за секс, не значи дека сите дечковци се такви.

    Или страв ти е дека ако имаш секс со дечко ти ќе стане како бившиот или ќе те искористи?
     
    На CameliaMiller, Annath, Bankarkata и 14 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    А што да даде Yowannty?

    Таа има секс со дечкото заради обострано задовоство и продлабочување на врската.
    Што има да ДАДЕ? Секс да даде? Како се дава секс?
    Што е таа па да му ДАДЕ на дечкото со кого е во врска 1000 години?

    Ќеиф и е на половиот орган и си води љубов со саканиот, а не му ДАВА ништо.
    Зошто да се воздржува за секс со човекот што го сака?
    Ќе гори во поколот?

    (facepalm)

    Аман се напнавте со глупости.
    Правете што сакате само не глумете светци.
    Ок е, едните ДАВААТ, другите НЕ ДАВААТ....Разбравме.
    Првите никој ги неќе и се нечесни, а вторие се светци и Мајка Тереза вода нека им носи.
     
    На CameliaMiller, Zivyle, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.601
    Допаѓања:
    173.607
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet извини секс гуру... не те познав. :) Лелеее па ти ја знаеш љубовта негова кон мене. :rofl: Тоа е така слатко. :inlove:

    Абе ептен ме исплаши твојот фанатички ограничен пристап со религиска доза кон најприродната работа на свет. :rofl:

    Ама ок. Апстиненцијата доведува до фрустрации и нервоза. Еве за промена што не побараш од твојот принц на бел коњ да ти пружи небо со неговиот јазик на едно твое посебно место.. па да ја доживееш љубовта во сите нејзини форми зошто очигледно тоа највеќе ти фалело низ годиниве.

    Те мислев за поозбилна, ама со последниов коментар ептен нискичко падна.
     
    На Priroden, CameliaMiller, Annath и 19 други им се допаѓа ова.