Види вака, никоја од нас не е во врска само и само поради секс. И не постои нешто како „не му давај“, затоа што не заборавај дека и ти си земаш нешто од тоа - задоволството е обострано секогаш. Јас сум сигурна дека мојот партнер ме почитува и ме сака и покрај тоа што имаме секс, замисли пред брак. Имало периоди и кога не ми/ни било до секс, па и такви од неколку месеци кога едноставно немало каде да имаме односи и едноставно сме стагнирале. И погоди што - ниту се скаравме, ниту имавме криза ко што тврдиш ти, ниту пак некој од нас си најде замена на страна. Така да, „теоријава“ која си ја внела во главата ти нема ама баш никаква логика. Сексот не е суштината на секоја врска патем, тоа е едно убаво надополнување на истата, кога се поврзуваш со партнерот на едно друго ниво. Пробај некогаш ко за промена, дечко ти ќе ти биде благодарен.
Jaс па имав другарка што му раскина на дечкото дека не беше сексуално задоволена.. Се прашувам дали го искористувала за секс и дали сега он апстинира од секс за да види дали некоја реално го сака него или само неговиот полов орган?
Сексуалните „услуги“ се взаемни душо. Жена не дава нешто што не добива. Али пошто тебе те научиле дека сексот е злоупотреба, можам да сфатам зашто размислуваш за него како за еднонасочна улица. Многупати во една врска или брак, може сексот да изостане. Болест, подолго отсуство од дома поради работа, тешка бременост, климакс........Тоа никогаш, во квалитетна врска, не е проблем Меѓутоа, ако сме живи и здрави, еден до друг, немаме религиозни догми во главите, а немаме секс, тогаш таа врска не штима и нормално дека ќе прекине. Ова што ти сакаш да испровоцираш, демек да го тестираме партнерот со апстиненција, е тотално бесмислено, малце те збуниле тие што те подучуваат. Нема добра партнерска врска без секс, во спротивно е бизнис договор или другарство, или некој е уште невин и има 17год. Ако јас не сакам секс да имам со мојот партнер, а не сум му ифрит лута жива и здрава сум, присутна, туку ете ми текнало нејќам секс....тој има секакво право да си оди од мене. Пошто ако нејќам физички контакт со него, без добра причина, јас него не го сакам. Читај шо рекол свештеникот....„светата тајна брак“. Размишљај сега. Што може да е тоа, свето и тајно во врска со бракот, ако не сексот? Пошто според црква, секс се практикува само во брак. Јас така разбирам. Значи и црквата смета, дека сексот е СВЕТ Не е прљав, не е грев, туку СВЕТ Ама тоа требало поп да ти даде амин за да биде свет, и да не те прља. ОК.
Засега поминавме 3 тотално различни догми. Првата беше, имаме секс, затоа што не знаеме што е чиста љубов, не знаеме за искреност уствари поради фактот дека имаме секс неаме поима од животов. Втората беше дека имаме секс зошто сме зависници од секс и не можеме да се скротиме. Третава е дека имаме секс зошто ни е страв дека ако го одбиеме дечкото до 3 пати (валда тоа е некој свет број пошто повеќе пати се споменува) тој ќе ни раскине. Додека таа да си најде совршен изговор зошто нема секс, сите менопауза ќе не стегне.
Јас не знам како не сфативте досега дека жената е само за празнење на мажот и за раѓање деца. На друго таа не смее да помисли, а не пак да има. Ако пред брак имаш секс (па и во текот на бракот) мажот тебе те користи, сфаќаш? Ти си искористен партал и не смееш да уживаш во ништо. Пошто не чувствуваш ништо, не сакаш секс (скраја да е и далеку), немаш никакви потреби (пу, пу, подалеку од нас такви потреби), затоа ти си должна само да му даваш на мажот кога ќе му се присака....Е ај пробај не му давај па да видиш како тој ќе ти даде клоци. Смееш само 2-3 пати во животот да имаш однос кога зачнуваш дете, инаку се останато е ИСКОРИСТУВАЊЕ...Откако не планираш да раѓаш деца можеш слободно да си ја бетонираш То е сесРо ќе трпиш за углед на форумов...Се за углед и достоинство, инаку муабети ќе ти извадат на форумов дека си нечесна.
Ок .. три реда прочитав и не могу повеќе Дали во врската ќе го избегаваат водењето љубов т.н Секс или ќе го практикуваат е нивна работа. Доколку типката сака да остане девица до прва брачна ноќ или и е прекуглава од момци легниси одиси па сака да основа врска на нешто повеќе од тркалање мегу чаршафи е нејзино право. Доколку при такви случаеви момакот не го дели истото мислење или му е битен сексот слободно може да ја напушти врската. забелешка на пистелот: Убавици доколку му е само за секс на некого а вие сакате нешто повеќе не се плашете да ве напушти ќе си дојде оној што го чекате и ќе ве прифати каква што сте!!!. Но сепак јас не сум од оние кои факторот одличен секс им е на прво место на пиадесталот од работи кои ја прават една врска успешна. втора белешка на писателот : Моментите не се повторуваат уживате во оние мигови со најблиските бидејки времето и да се врати назад тие нема да се повторат со истиот жар и раскош. Чувствата кои ќе се родат во тие моменти се бесценети и не може да си ги повторите што и да превземете бидејки следниот пат ќе биде нов момент.
Толку многу погрешни работи во една така навидум проста тема Јас не се занимавам со религија, вие верниците мислете му ја Ниту во бог верувам, ниту чекам дечко ми да ми "побара", за да му "дадам". И редовно се бањам, чисто ми е телото И од срце и честитав на мојата пријателка што стапи во брак со, сега веќе, нејзината жена. И не сметам дека мојата другарка муслиманка е од ѓаволот пратена, зашто е од друга религија. И не, не станува збор дека е ова модерен свет па да пратиме мода, вистината е човек треба да е искрено среќен со себеси за да може да им дозволи и на другите околу себе да го прават тоа што ги прави среќни. Да разбереш некого е навистина тешко, особено кога наместо да се шириш кон големиот шарен свет, преполн со убави топли луѓе, ти ги стеснуваш своите видици од кои да е причини. Ќе дојде ли време да жените повторно го изгубат својот глас, и не поради мажите, туку поради самите жени?
Јас се согласувам со @Bitter-Sweet во неколку работи. Емоциите и сексот врска немаат. Барем од моја машка гледна точка. Сексот е потреба и сум сигурен дека бил многу попродуктивен доколку немам потреба од него. Колку пати сум помислил, колку би било подобро кога ќе видам пар женски гради или нозе да можам само да се воодушевувам на нивната убавина, без притоа нешто 'лошо" да посакам да им направам. Но, едноставно, повеќето од нас сме заробени во овие тела кои ни диктираат кои ќе ни бидат приоритетите. Но, ете некои излегле од таа димензија и прешлени во некоја нова, во телесна . За почит.
Сакаш да им направиш нешто лошо на добри женски нозе или цицки? Хммм, посакуваш да ги скршиш илуи пукнеш? Тебе може приоритет ти е пенисот да ти е задоволен, ама, не сите личности гледаат низ призмата на сексот. Ами не е сексот телесно нешто? За да луѓето општат сексуално, неопходен е допир "кожа на кожа", има ли подобра димензија од тоа?
Веројатно има, кожа на кожа е многу приземно и животински, како луѓе целиме да го користиме мозокот и чувствата повеќе. Само сакав да кажам дека разбирам за што зборува девојчето, исто како што ги разбирам и педерите и пеперутките, но за жал (или не) сум заробен во ова тело и не можам против неговите закони. Таа може и тоа е за почит.
Не ме сваќаш. Нека се чува за кого сака али кога веќе се чува нели по македонско наше треба невина да е..А не откога имала после и текнало ај сеа невина ке бидам сепак нејзино право да,али нешто не штима овде.И покрај се се обидува да не убеди тука дека љубов е се само секс не.Ма дај.
Ајде и јас да се умешам малку. Имало случаеви каде што јас сум била иницијатор за секс, и пазете молим вас дечко ми ме одбил дали дека сме немале заштита, моментот/ситуацијата не била погодена итн. Прашањето сега е дали јас го користам дечко ми? Имаше и една ситуација кај што си лежевме и јас замислете, повторно "му побарав" а тој ме одби велејќи ми дека со мене сексот воопшто не му е најважен, и сака едноставно да уживаме во моментот, да си лежиме и да се гушкаме, да се гледаме очи во очи. Ми рече дека таквите моменти никогаш не би ги заменил и за најдобриот секс на светот. И сега се мислам, зошто така ми рече, да не имал секс со некоја друга пред мене па није му се дало више, да не не сум добра во кревет па ова чисто онака, да ме утеши.. Друга интересна работа. Пример, одиш со некој две години во кои немате секс, секако тука е присутна љубов, почит, разбирање, но откако за прв пат ќе имате секс, наеднаш сите наведени работи ги снемува... зошто сте имале секс? Така беше, или јас нешто погрешно разбрав? Патем, ако јас одам со некого неколку години и раскинеме, викате него ќе му биде жал и ќе пати по мене само затоа што сум "му давала" или зошто во текот на тие години сме поминале низ сито и решето заедно, сме делеле лоши и убави моменти? Или па vice versa. Сигурно јас ќе си мислам, абе остај он мене што ме тешеше кога ми беше најтешко, кога плачев зошто најдобрата другарка ми се пресели во странство, ама колкав му беше, кој добар секс паѓаше а-у! Или, јас ќе си го мислам тоа на потсвесно ниво, иако вака никогаш нема да си признаам. Малку ја начнав темата, со она што успеав да го прочитам набрзинка, ама не се секирајте, I'll be back.
Виртуелноста и не е некој веродостоен доказ кога се зборува за скокотливи теми како сексот затоа што луѓето најчесто лажат за својот сексуален живот. Од тоа што го гледам во реалниот свет мислам дека луѓето многу повеќе зборуваат за секс отколку што го практикуваат. Секс за една вечер или другарство без бенефиции се повеќе мит отколку реалност. Длабоко сум убеден дека тие најголеми бранителки на сексот во најголем дел имаат прашина и пајажинка на нивните полови органи. Тоа сум приметил и кај машките што ги знам. Најопседнатите со секс се генерално тие што само гледаат порно, а резултати на терен нула.
Аууууу, уште ли дебатирате бе? Иначе, од мое искуство, луѓето целосно се „откриваат“ (на секаков начин, карактерно, лично, итн.) откако ќе имате секс. Само да се разбереме, ова важи и за позитивните и за негативните работи. Не знам, еве јас одма можам да проценам после каква личност е некој после секс... не знам како, се осеќа тоа едноставно. Се менува енергијата меѓу вас двајцата, послободни сте, поопуштени... Кога го сфатив ова, сфатив и зошто се вика интимен живот, затоа што за време на сексот, си ја откривате интимата еден со друг. Нема гушки и допири што може да ја откријат таа интима како што може сексот. Јебига, грешница сум. Далеку од тоа дека проповедам дека треба со секоја симпатија да го „проверите“ каква личност е (мада шо ај донт џаџ ни за тоа, кој шо го прави среќен ) ама ако сте заинтересирани да градите иднина со некого, да... би ви препорачала да го проверите каков е во кревет. Дека па има и обратна ситуација од тоа сексот да не чини - сексот да е супер, ама типот да е дебил. Еве, жими мене, после секс и тоа се дознава.
Почекајте луѓе за некое време кога дечкото на битер ќе ја откачи оти ќе му биде скурчено од тоа да му седи само во гаќи.. Тогаш ќе биде интересно.
Ова може не е за тука, ама у склоп на дискусијава..... Зашо владее мислењето дека брак = љубов? Ако ме жени, ме сака. Ако се омажи за мене, ме сака. Колку има бракови склопени заради погодност, навика, обврска. 10 години сме заедно, додуше јас повеќе сакам да поминувам време со пријатели отколку со неа пошто она ми е прилично досадна, и ми станува малку како обврска, ама навикнати сме еден на друг, она ми е лојална и сигурна и сите кеифови ми ги тера, па природно е да се земеме. Или, тој ме инспирира, мотивира, заљубена сум до небо, ама јас ќе се омажам за другиов кој мене ме сака повеќе, пошто заебано е многу да сакаш некого. Ехххх.... брак не значи по дифолт љубов. Али, добро е што има и бракови кои цветаат во секоја смисла
И судијава дели исто мислење 'ко Битер, Го осудил силувачот на 14 годишно девојче да нема односи пред брак. http://www.nydailynews.com/news/nat...es-rapist-celibacy-marriage-article-1.2965193 Затоа се вакви изјави толку скандалозни, затоа после луѓето не го сфаќаат силувањето озбилно. Мислиш дека апстиненција до пред брак ќе спречи некој да не биде злоупотребен?
Како можеш да го разбереш девојчето, кога тоа вели дека таа се сомнева во љубовта на типот, а ти не можеш да го контролираш своето тело и своите мисли? Не можам да разберам делумно апстинирање од секс. Во случајов, девојката веќе имала секс, со сегашниот дечко е интимна, јер бакнежи и гушки се и те како интимни, ама сеуште нема секс јер не сака да биде со некого кој неа би ја сакал само за секс? Чудни се некои девојки, овој став, иако не секогаш поврзан со религија, го имаат многу девојки. Што ако тој сака да ме искористи? Реално гледано, тип кој има стискавец и знае како со жена, може да убеди девојка, која секако е спремна на секс за задоволство (читај за една вечер) дури да каже кекс. Зошто некој би се малтретирал со допишување, убедување, кафе-муабет и ред други работи, само за секс? Сега, не дека нема такви личности кои женските ги гледаат како "награда", ама штом некој тип ви прави муабет и се обидува да ве запознае подобро, големи се шансите навистина му се допаѓате. Допаѓање не значи нужно врска и брак, ама вреди да се даде шанса. Како да кажам, плитко е тоа размислување. Не знам дали јасно прецизирав, љубовна врска без секс значи дека работата ептен не ја бива.
Од цела оваа тема БЕЗ ВРСКА СО СЕКС или обратно беше..од куп страници и верглање во место, МОЖАМ слободно да заклучам..БРАВО @Bitter-Sweet и да те наградиме со еден трофеј, незнам форумов дали го има, за нескршлива челична девојка вода стои Битерче не стои..браво ниту ни на една провокација и навреда не се помести од ставот