1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Дали си нормална со мислењево? Извини ама ние на секс машини ти личиме? Нормално дека смееш да кажеш дека те боли глава и дечко ти не смее да приговара на тоа, се останато е злоупотреба. Не можеш секогаш 100% да си спремна на секс, ни ти, а ни партнерот.
    Ептен ти се испомешани поимите. Едно е да не сакам секс и да му дадам до знаење дека не сакам, друго е да сакам, ама да не му давам од страв дека ќе ме остави ако му дадам. Ептен ти се испомешани поимите. Битер е во право, на некои од тука размислувањето за сексот им е на ниво на злоупотреба, ама не нам, ми се чини дека тебе ти е. Каков е тој секс од страв да не те остави? Дали се воопшто читаш што зборуваш? После збориме за злоупотреби, малтретирања, силувања... Ќе има, епа ќе има додека постојат жени што размислуваат како тебе.
     
    На Annath, YoungandBeautiful, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост од ова немам прочитано. И ова мислење треба да ти е избришано, и тие 90% што ги спомнуваш не се животни и немаат секс поради тоа што не можат да се воздржат нити па мажите ги искористуваат, мислам сериозно ова уште го мислите (facepalm), туку уживаат во врската и во љубовта взаемно со партнерот.
    Ако сте имале такви искуства, жал ми е, ама не сте репер вие за врски, ете такви мажи ви се погодиле.
    А и не знам зошто си дозволуваат некои жени општо да се чувстуваат искористени, изгледа не биле задоволени во сексот, не си побарале тоа што треба да го добијат, па ко машка работа го сметаат.:D
     
    На Annath, YoungandBeautiful, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Добро на животни ли ти личиме?Зарем само животните ли треба да се сексааат?Сексот само за парење ли се применува според тебе?Мислам што повеќе да коментирам......
     
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Жените што имаат секс заради свое задоволство (и притоа не зачнуваат деца) се животни и секс машини...

    [​IMG]
     
    На Lolo5, Annath, YoungandBeautiful и 16 други им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    Или тоа или искористени од мажите, нема друго. :!:
     
    На Lolo5, Annath, YoungandBeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Во подолга врска или брак кај кого попрво ќе се намали желбата за секс? По статистики -кај жените. Кој има потреба од поголема стимулација и потешко доживува оргазам? Жените. Кoј ужива само со пенетрација и може да сврши за неколку минути? Сигурно жената -не, во поголем дел од примерите. Па и при орален, каде треба експерт да си со искуство за да го задоволиш партнерот, а каде треба само да го ставиш во уста? Во проценти ако може де се земе некаква статистика се губиме жените. Важно ја ставаме машката и женската сексуалност на исто ниво. Не била и нема да биде, во предност се. Вијагра за мажи од кога постои а за жената нешто слично ни на повидок. Зошто?
    Продолжете, само без многу перчење како секој секс од чиста потреба и задоволство ви е, ја немате таа привилегија за жал.
     
    Последна измена: 2 октомври 2017
    На Lolo5, Bankarkata, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  7. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    3.303
    Пол:
    Женски
    Сум била во ваков тип на врска, која беше платонска/ романтична not asexual. Бакнежите, допирите, прегратките водеа до сексуален нагон. Ама ете не се случи ништо повеќе од набројаното. Тогаш имав поинакви размислувања и очекувања од врските. И јас мислев дека доживувам некоја higher power of love затоа што немам секс. That was surely not the case.
    Сфатив дека врската со дечкото кој е со мене "поради мојата душа" (како што милуваше да каже) била тотален булшит. Не би навлагала во детали за него. Не вреди.
    Сепак во ниту еден момент во таа етапа во мојот живот не паметкував никому. Не настојував дека тие мои ставови се најисправни. Или дека се "најморални". Тоа беше мое искуство. Едноставно - мои ставови. Кои се изменија.
    Сексот е секако нормална појава во една здрава, функционална врска.
    Јас не бев во таква. Долго време бев убедена дека сум. Сметав дека сум дел од rare love story. И сметав дека сексот е најмалку битен затоа што "се сакаме". Заслепена бев од бајки и илузии, кои ми беа наметнати од истиот тој дечко кој ме повреди како никој до сега. But that's a whole different story.
    Сеуште го почитувам (и секогаш ќе го почитувам) духовното/ емотивното поврзување како порано. Но не до таа мера дека сосема треба да се исклучи физичкото.
    Секој си знае за себе најдобро. Имајте секс. Или немајте. Но не држете лекции некому како треба да живее.
     
    На Lolo5, Annath, YoungandBeautiful и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    И што сакаш да кажеш со постов Бриџит? Каква врска има со темава?
     
    На YoungandBeautiful, aleksandra4444, krEM4Eto и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Има врска со давање, земање, позицијата на мажот и жената во сексуалниот дел од нивната врска...ќе пронајдеш низ муабетов, а мислам дека и јасна бев со последната реченица.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Да, ама сепк нема врска, бидејќи тука цело време се дискутира за емоции и како тие што се во врска и практикуваат секс со партнерот не се сакани и ако еднаш му речат НЕ, веднаш тој ќе ги батали.
    Значи на тоа поле се бие битката оти некој НЕ САКА да разбере дека има секс само заради секс (за кој не дискутираме тука) и има секс заради љубов, страст, емоции... се на куп.
     
    На YoungandBeautiful, Nausicaa, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Тука не се дискутира само за тоа, многу работи се начнаа, тоа што јас не се фатив само за оваа реченица буквално туку за друг дел од целиот муабет, не знам, до мене ли е?
     
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Тоа што ти го искоментира Бриџит е многу индивидуално. Секој маж, секоја жена, приказна за себе. Има и многу мажи во денешницата кои имаат проблем со ерекција, кои немаат ерекција при употреба на кондом и сл.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Битерсвит и така повторно ќе се премисли за некоја година, како што ги смени ставовите лани.
    А и, колку што пропушта таа, приближно пропуштаат и луѓе со 1-2 партнери во животот, во врска од второ одделение и сл. Секој нека постапува како што се чувствува во даден период од животот, нема простор за мудрување на други.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Прво, муабетов твој нема никаква врска со тоа што се дискутира.

    Второ, не знам од каде тој став дека мажите се секс машини кои мислат на секс и сакаат секс 24/7.
    Имаш ли претстава колку пати на мажите не им е до секс, од умор, од нервози, од стрес,но сепак имаат секс само за да и направат кеиф на партнерката, водени баш од тоа клише дека мажот мора да е во секое време желен за секс и од стравот дека ќе ја разочараат, ќе испаднат помалку мажи, па таа ќе ги замени за некој попотентен итн итн.
    Либидото е индивидуална работа, варира од личност до личност, има многу жени со огромно либидо, но тие, за разлика од мажите многу помалку ја покажуваат желбата за секс. Замисли жена, седната во кафана, да рече "ми се ебе ми се плаче", па во рок од неколку дена има да биде прогласена за бештија. За маж пак таквите изјави се сметаат за нормални, па дури и пожелни. Најверојатно и тоа е причината за тие стереотипи дека маживе се секс роботи, а жените имаат секс само да ги задоволат првите.

    И трето, советот "без многу перчење" треба ти да си го примениш.
     
    На Annath, krEM4Eto, EarthFire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Па сега ако одиме пример по пример може до утре да пишеме, а дека е многу индивидуално -не е, прочитај ќе видиш. И збориме за здрави прави особи не за проблеми или девијации и слично.
    @Asparagus Поздрав.
     
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Која е поентата на врската без секс?!
    Јас сум за секс во врска.
    Пред да се венча мора се да се знае.
    Врската е комплетна ако и сексот е погоден.
     
    На Belgin1, Annath, YoungandBeautiful и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Бриџит и те како е индивидуално, зависи и од личноста а и партнерот. Секој сексот различно го доживува, а ти ако мислиш дека при секој сексуален акт мора да има експлозивни оргазми, еве јас не мислам така. Водењето љубов како чин се состои од повеќе работи, не само оргазам. Џабе е оргазмот на крајот, ако мене не ми е убаво кога тој човек ме допира и бакнува додека трае се. Водењето љубов не е само празнење телесни течности, тоа е многу, многу повеќе. Мажот свршувал секој пат, па што? На мажот на кој му е битно само тој да сврши и да си крене гаќите па да си заспие, не е маж. А и ако свршил, тоа не кажува дека уживал во сексот. Само ете, свршил ради свршување. А ние не зборуваме за таков секс...
     
    На Lolo5, joy1, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Ако може да те дополнам..пред да се венча мора и бремена да остане, мора да се знае, нели.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    Па како ќе доживееш оргазам акоа не ти е уубаво кога те допира? Оргазам е врв на секое сексуално доживување, секако дека може и без ама не за џабе сите се стремат кон тоа.
     
    На Lolo5 и Bankarkata им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Па од допир не се доживува оргазам, или да?:?: