1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880

    Жените имаат намалено либидо после породување и во климакс. Стресот влијае различно кај двата пола, некогаш ја зголемува желбата некогаш ја намалува.
    Во што се губиме ние жените ? Нешто не си размислила добро :) :) :)
    Точно е дека машката и женската сексуалност се различни.
    Меѓутоа, ти споредуваш некаква си брзина, која мене ако ме прашуваш е небитна. Каде ти е квалитетот на доживувањето? ;)
    Женскиот оргазам е каде каде појак од машкиот. Подолго трае и поинтензивен е.
    Жена може да има три оргазми, клиторис, вагинален, анален.
    Женското тело е цело сексуално, од прстите на нозете до врвот на главата, имаме милион сексуални точки. Додека мажите, претежно, сексуалните тачки им се во видот (она што го гледаат) и во пенисот.
    Затоа и делува дека треба поголема стимулација за жената, но само бидејќи кога ќе се возбуди и кога оргазмира, ЦЕЛОТО нејзино тело вибрира.

    Извини, јас ова од лично искуство, можеби си ти различна жена од мене. Меѓутоа, искрено мислам дека повеќето жени ќе се сложат со мене.

    Прости за тоа што си земам привилегија да уживам во сексуалните задоволства ;)
     
    На Lolo5, Annath, YoungandBeautiful и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Pro tip: Нека се тресе креветот за да ви биде стабилна врската




    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Lolo5, Annath, mira.mira и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не ми е сфатливо баш ова што го пропагира Битер Свит и не се согласувам ама поштовам екстремни ствари, посебно ако се со меѓусебна согласност на обете страни така да не гледам место за осуда или потсмевање.

    Љубов без секс, ептен хард кор звучи некако :devil:

    Не треба да се осудуваат проститутките но не треба ни да се сведуваат на економски субјект или некој Најчевска муабет дека уживале во работата (facepalm)
    Настрана од религиските призвуци, тоа се сигурно жени кои имаат нешто скршено во душата, нешто тргнало наопаку некаде низ живеачката, трауми, не постои девојче на светот кое пример мечтаело да стане проститутка и да го трпи ужасниот здив на мрсен запотен 150 килаш кој грофта над неа и ја онади за пари, нема логика, претежно се тоа трагични причи, семејно насиље, сиротиња, изолација, сексуално злоставување, ментални проблеми, наркоманија и милиони причини, сите жални.

    А веројатно има и опортунизам, источноевропскиот стереотип за женска со џинс-минич и каубојски шешир која е на лагер на локалниот мафијаш со трењерка и ланец околу врат ама и тоа е последица на општествен трулеж и распад на вредности во семејство.

    Не било до етика него до опстанок пошто немало начин да се избегнат последиците од сексот, немало контрацепција, немало антибиотици, немало акушери, немало клиники, немало социјални установи, немало ништо. СПБ бил пат на гробишта, бабица која со гнасните рачишта чепрка низ вагината при абортус исто така пошто као знаела за биљка која веднаш прави побачај, компликации при раѓање исто, чедоморството било секојдневие, има куп наоѓалишта низ Европа на гробници со илјадници фетуси и бебиња и слични ужаси :worried:

    Немало работни места за жени, мажите работеле или во поле или најмени да рмбачат, сето било физикалија освен 0,001% попови и даскали, таа била икономијата порано, немало како жена сама да се издржува не пак уште со неколку деца.

    Денес е сето тоа надминато и промените на подобро се драматични, посебно последните 3-4 генерации но вековните трауми сеуште живеат ваљда низ потсвеста некаде, треба време сепак.
     
    Последна измена од модератор: 3 октомври 2017
    На Priroden, Lolo5, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    И што прават ако немаат секс?? Мислам каква е таа "врска без секс"??
    Што би ми бил дечко ако не го цедам по неколку пати во денот ?
    Мислам дека или се работи за некое пореметување или без врска тролање
     
    На Lolo5 и ELIDavor им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.825
    Пол:
    Женски
    Ау што муабет се свртело 8-|8-|

    Ај да не се лажеме, врска без секс е могуќа ако е на ептен млади години, двајцата си се први, неискусни, се срамат од бламажа. Инаку шо знам дали можеш со иста персона секој ден да се гледаш, да минуваш часови на само и онака да си праиш муабет со по некој срамежлив бакнеж муце на муце. Француски (со јазик) бог да чува, или па не дај боже рака да пушти гз или ци*ка да фати = секс.
    Нормален пар, двајцата здрави, праави, функционални, не знам од месец дена повеќе дали би можеле да се гледаат без да се плеснат.
     
    На Glossy-girl, Jane.Birkin, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Од напишаново можам само да претпоставам дека би прифатила садо-мазохизам, само за атер на мажот твој. Небитно тоа што тебе не ти е убаво, битно е да не те замени. :worried:

    Ја не знам зошто упорно ги делите љубовта и сексот. Не знам зошто толку е тешко да разберете дека постои опција - целосен пакет.
     
    На Lolo5, 1209, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Страници и страници литература се посветени на љубов која била силна и преубава, а почивала на спој на две души во едно време и простор, а сето тоа замислете без секс.
    Не е можно лага да се истите.
    Не е можно нејзините актери низ време да биле сите до еден, со пореметувања или проблем физички, ментален.
    Колку и да е чудно од денешен аспект не е точно просто..
    Јасно е тука дека се што е поинакво од просечното моментално предизвикува потсмев и сомнеж.
    А всушност е за почит што една љубов успеала да се издигне со свои правила и да биде вистинска и силна.
    Па нека е и за овој момент само, пример е дека е можно да се љуби силно и без секс и сите оние вообичаени сценарија на денешницата.

    Не е фер да се исмева таа љубов и едно искрено напишано искуство.

    STREPNJA

    Ne, nemoj mi prići! Hoću izdaleka
    da volim i želim oka tvoja dva.
    Jer sreća je lepa samo dok se čeka,
    dok od sebe samo nagoveštaj da.

    Ne, nemoj mi prići! Ima više draži
    ova slatka strepnja, čekanje i stra’.
    Sve je mnogo lepše donde dok se traži,
    o čemu se samo tek po slutnji zna.

    Ne, nemoj mi prići! Našto to, i čemu?
    Izdaleka samo sve k’o zvezda sja;
    izdaleka samo divimo se svemu.
    Ne, nek’ mi ne priđu oka tvoja dva.
     
    На Lolo5 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа ептем сочно опфати. :) Ама се сложувам. Во глобала тоа е тоа. Немало такво нешто како поголем морал и етика порано. Порано жената немала никаков избор и никакво право. Услови - дно.

    Да се вратиме на темата.
    Никој не рече дека нема љубов во врска без секс, туку убедувањето беше обратно.

    И да, не мора да имате секс. Само не проповедајте дека вие сте најпаметни и дека тоа е најпаметно, најдобро, нај нај нај и дека тие што имаат секс поима немаат од животот. Тоа си е само ваш доживљај и појма немате како е кај другите. Е сеа некој што се замишља за sex whisperer, па 5пати излага со различна генерализација за туѓи врски, е тажно и плитко.


    Тоа е темата. Има соодветна тема за литература.
     
    На Lolo5, 1209, YoungandBeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  9. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Да бидеме искрени, жените го користеле и го користат сексот на милион начини.
    Кога веќе праиме муабет за проституција - сексуална работа, меѓудругото се сложувам дека таа работа е резултат на страдања и животни искуства. Тоа било единственото нешто што жените можеле да го работат за да преживеат, уште од дедо Ное времиња. Таа работа - мажите ја прифаќале, друго - не!
    И после не е чудно што жените научиле дека со сексот можат да се служат за да добиваат многу ствари во животот.
    И ден денес. Нашиве таканречени спонзоруши, чиј изглед и тело маж го плаќа. И плаќа стан, гардероба, патувања, удобност, и сè што се очекува од неа е - сексуална достапност.

    И после Битерка ќе ми каже дека мажите сексуално ги искористувале жените :D Жените често манипулираат со сексот, да бидеме искрени. Што со пружање секс, што со одбивање. Како што Битерка сега го држи типот, со тоа што не му дозволува сексуално општење, па тој уште поише ја посакува и машта за неа :D
     
    На Lolo5, Kitten, YoungandBeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Се лажат многу неискусни девојки(невини) дека нивните дечковци не им шврљаат по страна. Мислат ќе ги чекаат по 2 години за да им бидат први, јесте ама пред тоа ќе си шлапкаат потајно на др.место.
    "Срц оваа мојава заспа, ај да се видиме."
    И после "со дечкоми имавме секс ама закачив инфекција".
    Те чекаше дечко ти 2 години за да ти биде прв.
    Не опстанува врска без секс.
     
    На Glossy-girl, Lolo5, black-angel и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Абе не викај два пати се може да се деси, може еден ден да се разбудиш и да ти испари љубовта, може ќе се смени неговиот лик во брак или твојот, од кај знаеш бе, утре милион проблеми ќе тропнат на врата и ќе дојде до развод, не е тоа толку сложени, ситница треба...

    Ањњњ поповите срценца безгрешни тие, најголемите грешници во светов се тие баш поповите и останатите свештени лица. Јас незнам како не сфативте до сеа дека религијата ја измислиле за да ги контролираат големите маси на луѓе, како иначе ќе ги контролираат ако не им пропишат правила по кои ќе треба да се држат. Како да ги спречи луѓето да крадат ако не им наметне верување дека тоа е божји грев и дека ќе горат во пеколот. така и со се, незнам еве попот така рекол. Знаеш колку ме заболе што рекол попот или што пишуе у книгите на МПЦ? Ич! Не сум религиозна, не сум побожна и многу поголем грев е да се праам ко тебе дека нешто разбирам и живеам по некои правила одколку уопште да не се замарам со тоа. Ти Тања половично почитуваш, а сама себе си се убедуваш дека си незнам колку чесна, ај преиспитај си се сама пред себе. Господ не го измислил сексот, ако одиме по некоја теорија дека Господ ја создал природата тогаш со самото тоа за населување на планетата требал да го размножува човекот и му дал нагод да се размножува, значи сексот е нагон и може, а и немора да е поврзан со љубов. Незнам зашо мешате поими и зашто ги поврзувате тие две работи, можам да имам секс со некој што не го сакам од чиста потреба, ама па и немора да значи дека ако некој го сакам мора и да имам секс со него. Немора значи, ништо немора. Ама нормално е ако сакам некого да имам и секс и се со него. И ниедна религија неможе да го спречи нагонот затоа што тоа е нагон на природата за размножување, ете ние луѓето имаме среќа што нас ни носи задоволство кај животните има појави каде тој чин на размножување е болен и низ еволуцијата сме научиле како да се заштитиме да не се зачнува плод при секој секс.
    Има поента муабетов не дека не.
    Кога ќе го одбиеш за секс секако дека ќе праша што не е во ред, кога пред тоа нормално дека сте имале милион пати секс и чудно е да. И мене дечко да ми рече дека не му е до тоа ќе го прашам што му е, нема да го откачам или да идам на друго место ама чудно е да несака секс и ќе сакам да знам што е, да не го боли нешто или слично. Чудно е и мажот и жената да несакаат секс и да одбијат, ама ок е, затоа треба да се има разбирање и се, а не одма да се тргне у потрага по друг полов орган. Значи пак не е муабетот дека некој те сака и е со тебе само заради сексот (аман секс може на секој чекор да се добие незнам што е толку комплицирано, ако некој со мене е за секс може да го најде на секој чекор сигурно нема мене да ме чека) туку може и до друго да е проблемот ама како и да е одбиањето секс јас го ставам у проблеми. Ама држи вода муабетов, познавам такви мажи, а и жени кои нонстоп ги „боли глава„, а мажот се плеска со колешката од работа.
    Среќа не сум имала до сеа некој глупак неизживеан што ме ценел само заради сексот и не сум била у ситуација да си ја давам смоквата, ама пак ќе кажам значи ако одбива секс девојката значи сама со себе има некој проблем, а и зашто би ја трпел некој ако неможе да го исполни на секое поле, ако неможе да му го задоволи нагонот, тоа е природна работа која може да се задоволи, и мене партнерот ако ми одбива секс подолги еприоди без разумна причина ќе го откачам, сакам цел пакет, не се задоволувам со остатоци. Ако е со мене ќе биде со мене на секој начин без ограничувања, ако не ќе најдам друг што ќе може и крај, никој не вреди за некој да си ускратува од задоволство. Љубов ок ама тоа е минлива работа денес те сака утре не, Битер тоа што немаш секс не ти е никаква гаранција дека вечно ќе се сакате. И пак и ти го користиш сексот како манипулација, ако ме сака ќе чека, исто ти се фаќа. Ама ок, муабетов ти го поштувам и што си го браниш ставот иако не се согласувам, т.е. не дека не се согласувам ама јас не би го направила тоа. И многу ми е ко од друга планета, ја не познавам машко што може да го издржи тоа ко дечко ти. Вас ако ви е убаво мене уште поубаво.

    @Emy867
    Ти си доживеала некогаш оргазам? По муабетов очигледно дека не.
    Оргазмот нема врска со чувствата, емоциите и љубовта, тоа се доживува од физичко стимулирање на половиот орган и апсолутно нема никаква врска со емоции. Значи оргазам можеш да доживееш со вибратор, дилдо и други помагала и тука кај ти се допирите полни со љубов?
     
    На Lolo5, 1209 и veteruska им се допаѓа ова.
  12. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Поинтересно ќе биде кога ќе се земат.
    Ќе ја отворат Пандорината кутија, овај сексот де :D И после коа ќе почнеш веќе, како ќе го контролираш тоа? Тргнал возот, дечкото, т.е. сопругот може ќе сака секој ден ( као компензација за години чекање), и што ќе праи Битерка после, не знам..... Пошто за нејзе сексот и задоволството се зло како и да е, не е ок да чувствуваш потреба за секс пошто тоа ја прља љубовта, себично е и тачка.
    После како ќе го одбива, кога веќе ќе почнат....тој ќе и рече, епа имавме веќе, што сега не, зашто не.....аххххх
    Како и да свртиш, проблеми.............
     
    На Lolo5, YoungandBeautiful, aleksandra4444 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    АаааА..јас тек после 7 месеци се плеснав за прв пат:$
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Не, само ти си доживеала|(.
    Како нема врска сексот со емоции? Па баш за таков секс зборуваме на темава, не знам што читаш ти цело време?
    Играчките за возрасни ни во еден момент не дојдоа како предмет за дискусија, а тоа јас како што знам не е ни секс, тоа е самозадоволување. И не секој љуби нив да ги користи.
    Не знам стварно како досега од целава дискусија која веќе е и досадна не разбравте дека зборуваме за ВОДЕЊЕ ЉУБОВ, секс во кој што се вклучени не само полово општење туку и емоции.

    Штета ако не знаете да разграничите водење љубов, секс само заради секс и самозадоволување со секс играчки. Мене сите овие три работи ми се дијаметрално различни, за вас не знам...
     
    На Lolo5, Annath, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Ама сте ја отупеле темава,тое е едно чудо! Какви глупости се изначитав........
    Не ја сфаќам поентата да се докажуваме колку е (не)важен сексот во врската, секој со своето,како што едни сметаат дека е,други сметаат дека не е!
    Навлегување во нечија интима,па навлегување во сексуалноста на мажите/жените, па тупење за играчки за возрасни,оргазми и разни глупости,сте направиле каша попара....
    Како не ви се здосади ......
     
    На Lolo5, Dust и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Да ги оставиме жените настрана, ама немој да мислите дека постои машко што не се самозадоволува барем 2-3 пати неделно. (плус, минус).
    И да нема односи, верувајте дека секое машко мастурбира па колку и да ја лаже партнерката дека не го прави тоа.

    Апстиненција кај мажите може да биде лоша за нивното здравје.
    Има 300 научни трудови во кои се нагласува колку пати неделно или месечно треба мажот да ејакулира, за да се заштити од рак на простата.
    При ејакулација се исфрлаат опасните материи и се прочистува цел организам.

    Секако дека мажот може да нема потреба некој период, може да нема односи, може да не мастурбира, ама се на здравјето ќе му се одрази во постари години.
    Разговарајте отворено и со уролог колку е здрава ејакулацијата кај мажите.


    п.с. Доста веќе со попување дека сме се докажувале.
    Па побогу на форум се наоѓаме, нормално ќе има спротиставени мислења, дискусија и совети...Ако не ви се чита тогаш не читајте, што да ви рече друго човек.

    Не може сите исто да мислат и за се да се сложуваат...Затоа постои форумов, да се развие дискусија и да се изнесат повеќе мислења.
    |(|(|(|(|(|(|(
     
    На Lolo5, Kitten, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не е до тоа дали прифаќале мажите, едноставно немало работни места за жени, дури и поимот работно место е несоодветен за минатите времиња, немало ни стаж ни пензија ни ништо, тоа се прилично нови ситуации, чак може да се каже дека Чарлс Дикенс го измислил детството како нова парадигма :party: но тоа е друга тема...
    Имало место за жени-робови кои заедно со своите мажи-робови и деца-робови црнчеле наоколу по плантажи но и таа тажна состојба исчезнала со пропаста на робовладетелските односи.

    Е сеа не би шпекулирал такво нешто за членката, нит ја знам ни познавам и сметам дека е претерано да се тврди такво нешто, јас сакам да верувам дека е хард кор и дека со партнерот си живеат во асексуална заедница :devil:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Зашто да не ги спомнуваме играчките? Па може ете Битер на пример несака да му ја „даде„ својата „играчка„ на дечкото, а дома си се самозадоволува, што има врска, зашто да не ги спомнуваме. Или може има такви врски во кои така функционираат, коа се заедно се лапаат и се гушкаат, а дома си се „празнат„ пак е тоа врска без секс, ама нема поента.
    Ако во некоја врска отсуствува сексот сигурно отсуствува и љубов од едниот партнер, нема поента едноставно ја да сум со некој, да го сакам, да умирам од љубов, а да не водам љубов со него.
    Секс без љубов ок, љубов без секс не ок. Како сакате вртете не е тоа тоа.

    Па што пишуеш тогаш вакви работи:
    За што се сексаш ако не доживееш оргазам? Точно дека се состои водењето љубов од повеќе работи кои водат до оргазам? Зашто да водиш љубов со некој ако не ти е убаво кога те допира и бацува?
    Темата е „врска без секс„, а не „врска без водење љубов„. Ако се сексате и сте у врска незначи дека тука има љубов и од двете страни, може не те сака колку што го сакаш ти него и обратно.
    Работава е зашто се двајца у врска у која нема секс, зашто и како опстојуваат и како немаат желба да се „изедат„ еден со друг. Тука е веќе желба у прашање, а потреба сигурно има затоа што тоа е природно, тие и што немаат потреба веќе незнам... здравствено мора да е, психички шознам... Не е здраво бе.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Добро така инаетливо и во вистински живот дебатирате?
    Да му се одмили на човек да чита во темава.

    Ниту ние грешните може да знаеме дали дечко и на битер е среќен во врската, ниту таа може да знае дали ние сме среќни и сакани. Не знам зошто воопшто мора да дискутираме за нечиј приватен живот, скроз е сеедно.

    Ама јас за себе знам дека ретко се лишувам од задоволства. Па така, не би тестирала дечко на тој начин, затоа што и јас ќе бидам мизерна, трудејќи се да си докажам на себе дека некој ме сака.
    Никаква потреба нема од таков сомнеж, затоа што „давањето“ не е нешто што би го користела за да добијам некој. Всушност, повеќе земам отколку што давам.
     
    На Lolo5, BoyL, Kitten и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Зависи и од возраста. Врска без секс оправдувам во случај кога партнерите или се уште мали и рано им е за секс или пак се постари па желбата и способноста им е веќе изгубена. Многу ми е чудно и нелогично на пример 30 годишни партнери да бидат во врска без секс во која само ќе се гледаат, галат и бакнуваат. Јас лично не би се лишила од тоа задоволство а и не гледам причина за тоа. Љубовта, почитта, разбирањето и сексот се сосема различни поими кои ја прават врската комплетна.
     
    На Lolo5 и Iviy им се допаѓа ова.