1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па, кажав погоре, на некои не им е битен сексот општо, ни во врска ни во брак.
    Всушност истите мислења кои ги имам за секс во врска, ги мислам и за во брак.
    А ако некој остане со мене само затоа што му давам бурни оргазми и ништо друго...не фала, предмет не сум.
     
    На lovemme и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    не се работи за бурни оргазми.Упорно тоа го потенцираш.За заедничко уживање.Него ако ти е убаво вака а и нему ок терај си :)
     
    На Amellie13, Annora, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Simonss2

    Simonss2 Нов член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Кога одиш на психолог за брачни советувања прво прашање е "како ви е сексот" :) од тука и битноста на сексуалниот живот за една врска. Се друго се небулози и филозофски пристапи демек имало други убавини не морало да се има секс :D
     
    На oblace1, makedon81 и Ena05 им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Зошто осудувачки,ако си го кажам мислењето значи дека осудувам? Никого не терам со сила да прави нешто што не сака, само за мене е несфатливо и тоа е тоа.
     
    На Annora, oblace1, ForeverYoung и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Има многу парови коишто од сексот напраиле навика и единствен, најкомотен начин на гледање, состанување.
    Една пријателка разведена е.

    Уште кога беа дечко и девојка ѝ викав: „Де бре, не сте утепани материјално, може да си приуштите едно пијаче, излезете од рутината дома, тв, секс. Еднаш отидете на некој излет, кино, викенд тура напрајте низ земјата, освежете нешто.“

    Освежување и одржување врска е многу повеќе од нова поза. Колку и да не негирам сексот дека е многу важен, многупати, една прегратка, во вистинско време, на вистинско место, со вистински човек ми била поинтимно доживување од сексуален однос.

    Нема само црно-бело. Има и сиви области.
     
    На Amellie13, smooch, Dentina и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па тоа заедничко уживање е поради физичкото задоволство на кое врв е оргазмот.
    И пак ќе повторам, таквите врски може да се навистина убави и исполнети.
    Мене може да ми е несфтатливо имањето секс ама нели, тоа е осуда.
    А не, не ми е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Тане од кога се продухови ти па физичките задоволства не ти се важни? Јас те знам ко хедонист..
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Небитно која е причината. И да сум, оргазмот не е дел од тоа, посебно не со некој друг, знаејќи дека на крај можам само да бидам искористена.
     
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Како искористена !? Ти нема да уживаш,само партнерот ли ќе ужива ?
     
    На Amellie13, christinnn, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да речеме ќе уживаме и двајцата. Под искористување мислев да мислам дека ме сака и дека во врската има љубов, а тој да е со мене само ради сексот,
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    И ако немате секс ќе знаеш дека во врската има љубов?
     
    На Brinetka, Oxymoron, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Ако сега те сака не гледам што би го сменило тоа после сексот ,не дека сексот е некоја магија и дека готово љубовта ќе исчезне , напротив може уште повеќе да се зближите.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ќе знам да, дека со мене е ради други работи, дека ме цени како личност а не спород бројот на оргазми што сум му ги дала. А со секс, нема да знам што ни е основ на врската.
     
    На lovemme и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па не за џабе многу раскинуваат ако односите прекинат. Ете и овде сме читале такви случаи. Добро, не им судам ако така одлучиле океј. Ама не сакам и на мене исто да ми се случи. Неќам да се плашам ако некое подолго време не ми било до секс дека ќе ми раскине. Поарно ич да го нема отколку вака.
     
    На cresa-jagoda и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  15. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    Реков толку ама читајќи те тебе и другиве у дискусијава ми текна на уште нешто. Ако некој ден сакаш деца да имаш, тогаш исклучок ќе има за сексов?
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Поради истата причина нема ни да имам деца.
    Всушност можеби некогаш ќе го сменам мислењето околу секс, не викам не. Ама дека одеднаш од нигде никаде тоа ќе се случи, не.
     
  17. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    Во ред, штом не сакаш деца тоа е друго :)
     
  18. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Па ајде не живеј оти се плашиш да не умреш.Свашта.
     
    На candy.cane, Annora, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Едноставно правам како сметам дека ми е најдобро. Во страв и лаги не сакам да живеам. И ова е за мене лично. Никого не убедувам дека треба да биде така.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Сум била во 4 годишна врска, 2 години немавме секс 2 години имавме. Многу се сакавме, искрено. И беше многу убаво кога почнавме со односи, и бевме компатибилни дефинитивно. Но потоа почна да прави работи кои мене психички ме уништија (а беа поврзани во врска со сексот) и можам да кажам дека тоа беше една од главните причини поради кои ја прекинав врската.

    Потоа бев во 1 месечна "врска" чија главна цел беше секс. И тоа го прекинав одма затоа што дечкото воопшто не ми одговараше во кревет и знаев дека никогаш нема да бидам задоволна од него во случај тоа да прерасне во стабилна и сериозна врска иако многу си одговаравме карактерно.

    Сакам да кажам, дека и имањето односи може да е причина за раскинување. Со првиот дечко радо би никогаш да немав секс можеби уште ќе бевме заедно да не зезнеше работа.
     
    На Purplelilac, hermosa, Keiner и 4 други им се допаѓа ова.