1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    А дали партнерот со кој си знае дека не сакаш да имаш деца? И дали тој исто како тебе не сака да има деца?
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Знае, ама самиот не е сигурен дали сака. А и рано ни е да мислиме дали сакаме или не.
    Всушност и да сакам да имам деца, ако не можам или не сакам да имам односи, би се откажала и од желбата за дете поради тоа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cherish33

    Cherish33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    81
    Ако партнерите имаат различни желби во секоја врска има компромис, како што компромис има за секои проблеми барем од моја гледна точка така има и околу сексот. И не не мислам на тоа некој да те тера со сила да правиш нешто. Викаш дека не си предмет и дека не сакаш да те остави т.е да те "искористи" ако стварно тоа го мислиш тогаш ви фали доверба во врската. Го почитувам твоето мислење сигурно имаш поминато низ нешто многу тешко во животот, но сексот не е само оргазам барем не за мене.
     
    На Harper и Purplelilac им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А што е сексот ако не оргазам? Нели е физичко задоволство? Поврзаност на партнерите да, ама пак доживуваат физичко задоволство. Пак е оргазмот, како и да гледаш.
     
  5. Cherish33

    Cherish33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    81
    Јас во животот никогаш не сум имала поради тоа, не знам може е до мене многу сум емотивна
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.208
    Допаѓања:
    162.597
    Пол:
    Женски
    Асексуалност постои и е нечија нормалност. Наметнување на таа асексуалност на (потенцијален) партнер не е во ред и мислам дека треба (потенцијалниот) партнер да има heads up пред да биди прекасно. Многу врски се распаѓаат ради секс, уште повеќе ради различни погледи на иднина ( семејство, деца). Ама, не е спорно дека постојат асексуални врски, со асексуални партнери. Едниот партнер да е асексуален, а другиот да не, не оди. Зошто? Или едниот осеќа притисок да има секс, или другиот е приморан да се лиши од сексот. И ни едно од двете не е во ред.

    Апстиненција на одреден период е ствар на договор меѓу двата партнери.

    Многу врски се распаѓаат ради секс или отсуство на истиот, не зошто нема љубов, туку зошто незадоволни нагони носат до фрустрации. Фрустрации носат до нервоза, зголемена тензија, агресија, караници. И на крај, толку од таа врска. Љубов некогаш е доволна, ама некогаш не можиме против природата. Од таму, према мене, во една врска треба да има три работи: меѓусебна почит, љубов и секс. И, пак ќе речам, ВО МОИ ОЧИ, трите се подеднакво важни.
     
    На Doozy, Harper, Purplelilac и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па вака или така на крај пак доаѓаме дека ради имање или немање секс остануваат во врска или не. Тоа незадоволни нагони е ради немање секс.
    Ете, затоа не сакам. Зашто колку и да го сакам и ценам како личност, џабе ќе е ако он не свршува колку што сака. Само дупката од мене ќе му е битна. А ако е обратно, ќе испадне јас го гледам него како дилдо. До вчера ме сакал мене, личноста, а денес само телото мое. И недајбоже да имам стресен период па да не сум во состојба да имаме. Се знае дека брзо ќе раскинеме, зашто нагон е нагон, не може вечно да го потиснува.
    Не викам дека не може да има љубов, ама факт е дека секс е побитното и пресудното во врска. И тоа ме мачи и е многу погрешно.
     
    Последна измена: 21 септември 2019
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.208
    Допаѓања:
    162.597
    Пол:
    Женски
    Значи ти сакаш тој да можи да се спротистави на нагоните и да не се фрустрира? Не те сфаќам. Има и љубов и секс. Можат да постојат и постојат заедно.
     
    На sparklie, Doozy, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Сакам да ме сака и да има љубови тогаш кога ќе нема секс. А не сакам да биде во врска со мене само бидејќи му пружам оргазми. Зашто ако одеднаш престанеме да имаме ќе раскинеме. Значи сме биле во врска само ради секс, не ради нешто друго. И затоа велам сексот е искористување.
     
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.389
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    А некој може да ти ја сака и личноста и телото. Зошто ги разделуваш овие две работи кога одат и рака под рака заедно. Не дека нема видувања само ради секс но тоа веќе не е вистинска врска, туку врска без обврски или едноставно видување.

    Вистинска љубовна врска е исполнета со љубов, меѓусебно почитување, ценење на личност што викаш ти и секс. Не можам да разберам врска, а камо ли брак без секс. Единствено апстиненција од здравствени причини ми е оправдана, се друго се филозофии и психолошки состојби за кои сум уверена дека треба стручна помош. Исто како и за зависниците од секс.

    Еве моментално сум месец дена во период во кој што не ми е до секс и замисли не ме оставил дечкото, ме сака и има разбирање.
     
    На Harper, Alisa22, Ambitious и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А зашто тие што имаат секс не им треба стручна помош? Зашто е по некој основ нормално? Епа и другово е нормално. Не се болни и мрднати, уште помалку им треба помош
    Не двојам секс од љубов туку велам дека во таква врска јас лично никогаш не би знаела дали сме заедно зашто ме сака мене или зашто имаме секс. Може навистина ме сака, ама како ќе знам? А факт е дека ако му речам дека не сакам да имаме веќе, толку од врската. Значи јасно е на што сме, сексот му бил битен, не јас.
    И не зборев за други. Ако ти си сигурна дека има љубов во твојата врска, океј. Јас не можам да бидам. А без секс ќе знам дека ме сака.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.208
    Допаѓања:
    162.597
    Пол:
    Женски
    Ако двата заедно одлучите дека апстинирате - океј.

    Мој партнер треба да има почит кон мене ако јас апстинирам и да не ме допира. Ама, безразлика колку ме сака до кога ќе си ги контролира нагоните? Ќе се фрустрира и раскини. И сосем оправдано зошто изборот го напрајв јас, а тој не се согласи на тоа. Колку и да ме сака нагонот е посилен од него. Го мачам.

    Колку и да сакаш некој има граници во се. Колку луѓе кои се сакаат ама раскинуваат за ситници кои знаат дека во иднина ќе им прават проблеми и дека таа врска нема иднина. А се сакаат и страдаат.
    Некој можи и да нема секс со тебе и ѕвезди да ти симнува и да си има некој/а на страна. Имање секс не е никаква гаранција за љубов, верба, исто колку што отсуство на секс не е гаранција на љубов, верба.

    Следно, прекин на секс во врска од нигде никаде е сомнително и алармантно и укажва на проблем. Не е прашање ако имаш секс си нормален, а ако немаш не си. Напротив. Мене не ми е гајле кој шо прај в кревет. Секс, не секс, сепак избор е и мора да се има согласност.
    Нагла промена на нагонска контрола или не контрола секогаш треба да биди под надзор.
     
    На Priroden, Lostinparadise, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.623
    Допаѓања:
    176.756
    Ви го гледам муабетов од преѓе и не можам да си преќутам бе...
    :drunk:(facepalm)

    И бракот е врска, така? И некоја врска може да биде подолга отколку некој брак, на пример. Која и да е форма, може да биде со или без секс, во одредени фази, ситуации, околности... Толку многу фактори одлучуваат, дали врската ќе опстои или не, што имањето или немањето секс е тотално ирелевантно. Таман работа да беше се така црно-бело.

    Никогаш нема да знаеш дека те сака. Ќе мислиш дека те сака:!:. Еден ден, кога ќе поработиш на себе, на самодовербата и на довербата во партнерот, ќе можеш да кажеш дека имаш квалитетна врска. Ова: со секс -вака, без секс -онака, нема многу врска со реалноста.
    Не е љубовта хемиска компонента, да му се сневиди, па да знаеш или незнаеш дека постои, или да докажуваш нејзино постоење. Или го чувствуваш тоа, или веруваш во тоа, или не веруваш.
    И секогаш може да заврши. За ништо нема гаранција, живот е тоа.
     
    На happygirl, Doozy, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да мислам...не. Сакам да сум сигурна, да можам да му верувам, да се осеќам слободна да го одбијам па дури еден ден да му речам дека нема да имаме никогаш и пак да остане со мене. Зашто нагон се појавува и исчезнува за брзо, на крај ќе му исчезне сосема.
    Истовремено да сум за него личност, не предмет. Во спротивно, врска со сомнежи е само мачење
    И ни беше убава врска се додека не дојдоа тие теми. Е тогаш почнаа расправии и да се оддалечуваме.
    Вака во него имам доверба зашто знам поради што ме сака.

    Ги верглам истите работи низ сите мислења, ама вистината е таа. Нагонот и оргазмот кој ќе трае помалку од минута ги цени повеќе од мене, од среќата која му ја пружам со години. А тоа за мене е искористување.

    Едит - не убедувам никого. Само кажувам дека двата типа на врски можат да бидат исти. Дека се сосем нормални и едните и другите. И зошто овие за вас чудните се такви какви што се. А коментари од типот - им треба стручна помош се несоодветни.
     
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence јас не се согласувам со твоите мислења.Јас не би сакала да имам врска без да имам секс.Но ајде тргни ме мене на страна.Ти воопшто ама воопшто немаш доверба во твојот дечко.Ако ти мислиш дека тој толку не те сака па поради секс што според тебе немпра да го има те остави тогаш овде се поставува прашањето:Зошто си со него?И претходно ти имав пишено зошто тој толкав страв од животот?Од тоа да не бидеш повредена кога знаеме дека на крајот сите ќе бидеме од нешто повредени и that'life.Имаше истражување со луѓе пред смрт и ги прашаа за што најмногу се каете?Тие одговориле не се каеме за она што сме го напрвиле туку за она кое не сме.
     
    На Alisa22, Ambitious, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence А што ако е во врска со тебе и немате секс и мислиш дека те сака, а без да знаеш да оди со други за секс? Како и да гледаш никако не можеш да бидеш 100% сигурна во нечија љубов кон тебе.
     
    На Doozy, Harper, Alisa22 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Да само што си многу себична личност која не би сакала да ми биде во животот.Немора сите да се пролагодуваат на тебе и да тука ќе кажеш ако не сака нека си оди а вистината е дека сет овој притисок и за што?За на крајот пак се да се сведе на она ако не сака нека си оди.Со ова цело време се вртиш во круг.Да бидеме искрени сексот е потреба можеби не за тебе но за повеќето...Мораш да си признаеш.
     
    На Alisa22, Dentina, Cherish33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Кога е страст, тера на секс.

    Кога е љубов, тера на водење љубов.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @piksooki а колку пати треба да повторам дека не кажувам за туѓи врски? Сексот за тебе е потреба океј, не убедувај ни ти друг дека мора да го има. Зошто себична? Зашто сакам тој да ме почитува мене и моето тело? Или себичен ќе е тој што мене ќе ме продаде за минута задоволство кое и сам можел да си го пружи.
    Мене лично ми е сексот искористување, ама на ниедна нема да и речам дечко ти те искористува.
    Доверба во него имам. Ме цени, ми покажува дека му значам и дека кога му фалам, му фали моето присуство, не моето тело. Ама со секс може наполно тоа да се смени. Да се осети како да открил нов свет и да се претвори во сосема друга личност, па евентуално да дојде и до некој немил настан. И точно дека тој ќе е истата личност, ама нагонот може наполно него да го контролира. А од тоа се плашам.
     
    На Purplelilac и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.389
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    И оние кои немаат секс можат да бидат искористени, зошто да не? И тебе може дечкото да те повреди, остави, лаже, искористи и изневери. Зарем не ти е многу глупо што дома гледа порниќи, мастурбира и се пали на порно ѕвезди?

    А упорно не разбирам зошто мислиш дека не може да те цени и покрај секс?
     
    На Doozy, Alisa22, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.