Е поглупаво нешто од ова дека е голем верник и затоа не сака секс пред брак не сум слушнала Дечко ми е верник(и јас сум)ама него цел живот му е поврзан со тоа,па баш напротив,е многу страствен и не би бил со мене доколку не му е воопшто убаво во тоа,само заради тоа што е верник и не би трпел да немаме односи до брак.Какви се луѓе има значи. Се имам изјаснето мислам на темава ама ќе си кажам пак,значи ако го сакате и ве сака која е поентата да се чекате?не разбирам,до кога? Додека не ве изневери?или?
темава е многу интересна...мое мислење е дека ако е се како што треба во врската и ако страста е присутна...многу тешко може да се одолее на сексот(нема шанса да одолеете )
е навистина незнам би рекла дека може кај оние тинејџерски врски на 14-15 год,што знам,меѓутоа мислам дека помина тоа време кога им беше срам да се држат за рака,сега се е напредно и искусно бре неможе,неможе,врска без секс според мене
е како можи да го земам јас за маж ко не знам каков ни е сексот,и ке си свиркам после цел живот,е затоа после ги изневерват тие посебните верници мажите....Јас знам за една шо немаја секс пред свадба и се зедоја и тој неа не му побара 3 месеци,и се разведоја оти тој беше GEJJJJJJ
Јас одев со дечко ми за озбилно 1 година и 10 месеци, ај за малку речете ги 2 години... Во целото тоа време немавме секс, понекогаш само имавме петиг и водење љубов. Јас бев невина, не бев спремна за секс, згора на се и сум многу срамежлива и затворена за тие работи. Тој чекаше кога ќе бидам јас спремна, згора на се многу ме сакаше и многу пати ми велеше дека и него му било жал да ме скини од што ме сакал, од толкава љубов спрема мене. Врската ни беше одлична, имаше доверба, разбирање, љубов, другарство меѓу нас... многу луѓе ни завидуваа, зошто бевме едно! Се беше во ред, ОПСТОИВМЕ БЕЗ СЕКС, но на крајот јас се заљубив во друг и покрај тоа што бев во врска и му раскинав... Не знам по која причина ми се случи такво нешто, или не сум го сакала доволно и се било навика и еден вид другарство или поради тоа што не сме биле доволно врзани (мислам на секс)... како и да е.... Сакам да кажам дека ВРСКА БЕЗ СЕКС МОЖЕ ДА ОПСТОИ, пред се тоа зависи од типот на луѓето, потоа од почитувањето еден спрема друг, само НЕ БИ ГАРАНТИРАЛА ДЕКА БИ ЗАВРШИЛА СРЕЌНО доколку по одреден период не се случи ништо. Сексот е природен нагон кој треба да се задоволи како и сите други физички потреби и Е НАЧИН КАКО ЦЕЛОСНО ДА ГИ СПОИ ЛУЃЕТО, покрај ЉУБОВТА за да бидат една целина!
Врска без секс .. не би рекла дека може Може на 14 , 15 години.. Сеа со деЧко ми да немаме секс незнам како би ни била врската Сексот си е нормална потреба , и незнам како може да опстанат врските (не зборам за они помладите од 15 , 16 г) 1 годинина или пак две без секс :geek:
е како да не,ако толку можеше да опстој врска без секс оти се заљуби во друг,оти овај спрема тебе се понашаше како сестра да му си а не женска.И немам поглуп муабет слушнато од то дека жал му било да те скини,боооооооооооооо бе чоек тој не ке те масакрираше,глупости ке имавте секс, и то шо му беше жал шо е паптетично не може да е од љубов....туку од несмелост
Значи сте воделе љубов ама сте немале секс, хм ? . Јас пак си мислев дека водење љубов и секс исто му се фаќа, ама не било така, изгледа затуцана сум со сфаќањата. Среќа што постојат и вакви деца од кои ќе поднаучиш нешто. А пак тоа, нејќел да те скине? Таква љубов ниту било, ниту ќе биде Од толку голема што била и сите што ви завидувале како на филм, ти си отрчала кај некој друг и нему си му ја дала невиноста. Абе ајде, ветер во магла, јас па будала читај. Он топик, на млади години, врска во која што има љубов без секс? Мислам тешко
И јас сум во долга врска и еве некои 2-3 месеци немаме секс поради здраствени причини ама и сама приметувам дека ми треба, а за него да не збориме!па не ми иде некако да си имаш стален партнер и ништо да не правиш...што врска ќе е таа
ja imav dolga vrska bez sex...deckoto bese non stop nervozen,samo se karavme,mislam edna od devojkite napomenala za edna takva vrska,,i mislam deka takvata vrska sekogas ke bide polna smao so problemi i raspravii...sexot gi opusta dvajcata partneri,,ke ima pak problemi,karanici,,,no sepak ne kako onie za sexot sto bile.........
Врска без секс и да влезам во брак со него?? Нема шанси. Па и кола пред да купиш ја носиш на пробно возење А не па маж.
Прочитајте нешто од Фројд или Ниче и ке видите како влијае сексот...кај жената а како врз мажот,стварно 80% го сфакатт како да му даваат на дечковците луге тоа не давање тоа е взаемно...ејј сатисфакција
Ако во врската сексот не мора да биде честа појава, во бракот ќе биде непостоечка појава. Здрави, прави, комплетно функционални луѓе, а да немаат секс не можам да разберам. Никако.
Eпа и јас не можам да разберам Hавечер кога ќе си легнете, ќе се гушнете под ќебенце, аморе кааако да не ви отиде мозокот натака?? Tоа си е сосема нормално, сигурно не сакам во 2 саат по сабајле дечко ми двојната лота да ми ја чита
Другарка ми одеше со дечкото 2 години, и немаа секс. Таман ќе решеа да останат сами, дури и на одмор беа заедно се нешто им испаѓаше, еднаш него го фатило грч на ногата, на одмор таа доби менструација и се така нешто им испаѓаше. Таа беше невина, а дечко и си имал сексуални односи и претходно. Многу се сомневаше дека тој ја изневерува, и одкога раскинаа дозна дека ја изневерувал со секоја втора, тој беше на факултет во Скопје, а таа уште беше средно во Гостивар. Двајцата сакаа да имаат секс ама не им успеваше, и на крај раскинаа. Јас врската моја не можам да ја замислам без секс, најмалку 2 пати неделно имаме со дечкото. Тој кога ме скина имав нецели 17 години, а одевме само 5 месеци, ме излажа да му дадам ама еве 3 и пол години сме заедно, супер ни е, си се сакаме, си се мазиме Со сексот повеќе се зближивме еден со друг, кај сите е така мислам. А овие глупости дека ќе чекале до брак се мижи да те лажам, глупост невидени. Што би рекла една колешка- да не знае да се лапа ќе му раскинам, а не за секс. Тоа е задоволство и на машкото и на женското, а не само на машкото како што се збори, ај нека ми каже некоја што може да издржи повеќе од еден месец без секс, а да има дечко?
Ниту една билошки нормална и здрава жена! Дури и апсурдно е по малку ова, кога ќе земеш во предвид дека се, речиси се, во врската се врти околу сексот. Нема добар секс, ете ти незадволство. Тоа си повлекува влошена комуникација, а таа си повлекува несогласувања и многу нормално, крај на врската. Значи нема добар секс, чао пријатно! А не па нема секс!?!?! Жално и смешно истовремено.
И во едното и во другото треба да се има редовен секс.И јас го имам истиот проблем,мојов вика дека сме немале услови,чека се неговите кога не се дома,а што е најтрагично има кола али на дечкото му било тесно,неможел да се опушти дрн дрн и стално се тераме кај што нетреба,еднас месечно ни е таа тема на разговор и лути сме по една недела
Врска без секс е како торта без ореви, подрум без ајвар... Ако немаш секс, значи помеѓу партнерите нема страст и не знам на што би се базирала таа врска, само на одење на кафе и шетање за рака? Всушност сексот е една од најбитните работи во една врска на исто ниво со разбирањето и довербата! Затоа уживајте си додека сте млади хихиихихи
Значи јас не сум некоја секс машина, ама стварно постои ова луѓе? Ајде до 17-18 години, можеби и ќе поверувам, ама инаку...ц. Сексот е нормална, здрава работа, и врска без секс е измачување и за двете страни. И повеќе ќе се караат дотичните, зошто постои онаа тензија... Секс без љубов бива, но љубов без секс не бива