Не си болна, а ни луда. Само си во заблуда. Не можеш да не посакаш секс. Просто е невозможно. Не е природно. Дури и бебињата си ги фаќаат гениталиите и се откриваат сексуално иако појма немаат што прават. И сексот, како што те читав сношти, нема да те направи безвредна (чинам овој ти беше зборот), ниту пак вредна во нечии очи ако го имаш. Не те прави валкана, не те прави нечиста. Вредноста си ја одредуваме самите со постапки и самодоверба (која ако смеам да заклучам од две мислења ми се чини дека скоро и ја немаш). Мој совет е да исклучиш форумот, не мораш на сите да им одговориш и да денгубиш. Почни да работиш на себе. Кога ќе почнеш да се цениш и сакаш себе, нема да ти е гајле кој што ќе мисли за тебе ако имаш секс и ако уживаш во него.
Како и да е, на крај секој одлучува за себе, свое тело и својата врска. И нема што многу да се осудува кој во каква врска решил да биде и дали ќе потиснувал нагон или не. Целата дискусија започна од тоа дека реков дека и врските без секс може да се убави и исполнети со љубов како и оние со секс. И на никого не реков немај секс или дечко ти те искористува. Јас лично кажав дека самата се осеќам искористено ако врската ни се темели на секс. И еден ден да заврши врската, ќе се помирам со тоа. Кој му е убаво нека има, кој не му е нека нема. Толку е просто и едноставно.
Добро де, не го сфаќај здраво зс готово. Туку дебатираме, не мора веднаш да мислиш дека не прифаќаме.
И после иделе по други.. Е не, вас ќе ве чекат да ви прдне на пи*ката дали ви се сака или не. За нешто сасим природно напраивте да изгледа ко баук. Јаоо.
Врска без секс е исто нормална, колку и врска со секс... Се додека, и двата партнери преферираат таков однос. Не мора цело време да се чепка по туѓи кревети и да се проверува, кој-дали-колку-каков секс имал. Нивен живот-нивни правила. Мој живот - мои правила. Просто е ко грав
Многу зрело, фино и со обѕир кажано Срамота Ако дефинитивно не сака едниот од партнерите ваква врска, нека раскине, па после да оди по други.
Ако и двајцата сакаат таква врска, нема шо после: Ами не мислев јас така. Иначе, од искуство, најчесто не изневеруваат оти немаат секс со регуларниот партнер... напротив.
А шо мислеше ти, ќе ја чува за зимница!? Додуше има и такви, пример витали нели он само секс за деца поштуеше.
Мислам дека ти си многу чувствителна личност и на тебе влијае сликата што се наметнува во општеството, дека сексот служи стриктно за задоволување на машките страсти, дека жената "дава", ставањето на пиедестал на женската невиност, па сите тие етикети за сексуално активни жени, сељачките муабети од мажи "брат што сум и праел," порно индустријата во која жената е сведена на дупки кои треба да се пополнат.... Но сексот што личност што те сака и почитува е сосема различен од тоа, а дали ти имаш таква личност до тебе, знаеш само ти.
Иначе, како што спомнав погоре, не дека тие што изневеруваат немаат секс дома.. Имаат. Само сакаат да изневеруваат.. Или, немаат секс каков што сакаат.. обично некоја покинки преференција, која партнерката не ја дозволува, или не ја ни прашале дали сака.
Не е правило тоа. До човекот е секогаш. Ама дека хормоните придонесуваат верувам. Пак ќе кажам. Сексот е природна работа. Не за да го искористам или обратно. Туку едноставно двајца сакаат физички контакт и то је то. Не мора одма да лета чавката кај шо не треба. Не ни се златни. Нормални ни се. Ништо посебно.
@Tan4ence, одлучив да пишам на темава, не за да ти солам памет за околу тоа каква треба да ти биде врската, него за да ти дадам генерален совет за животот - немој да си дозволиш да се лишуваш од животни искуства само поради ирационални стравови и overthinking на ствари. Можеби и на работа ќе ти биде тешко - нема да ти се погодат колегите, ќе имаш ужасен претпоставен, нема да бидеш соодветно платена - ама тоа не е причина да одлучиш никогаш да не работиш во животот и да се затвориш дома, само за да се заштитиш од потенцијално разочарување и тоа чувствата да ти бидат повредени. Слично е и со ова. Да сакаш некого значи безрезервно да му веруваш и секако, постои потенцијална можност на крај да бидеш повредена. Што апсолутно не значи дека поради тоа никогаш не треба да имаш доверба во никого. А гаранции во животот не постојат - иако сите мислиме дека знаеме се’, факт е дека никој не знае со сигурност како би се однесувал во одредена ситуација, се’ додека не се најде во неа. Луѓето се менуваат, се менуваат ставови, мислења, животни погледи и околности. Врски завршуваат, бракови се разведуваат, од најразлични причини. Никој не знае што ќе донесе иднината. Што не значи дека треба да се лиши од сегашноста во име на тоа. И што не значи дека ако нешто прави (или не го прави) сега ќе биде некаква гаранција и сигурност за иднината.
Мајка ти и татко ти се криви за ова. Едно е да имаш многу ниско, или никакво либидо, друго е да не правиш нешто што сакаш, заради предрасуда ('искористување' во случајов)
Да судите сте први, а да се побара секој од вас да напише на кој начин има сексуален однос, каде, и колку често во детали ќе ве снема во рок од три секунди со изговор ,,Абе Одор, тоа е друго - интима". Yeah, sure е интима, така ве научил системот. Каков менталитет имаме, не е ниту чудо зошто олку се воспали темата ,,асексуалност", а членката не е ни асексуална in the first place. Природно е и да немате секс, eте. Не велам дека е здраво или нездраво само велам - природно е. Зошто произлегува од природата, човековиот рационалит, предводен од најразлични психолошки мисли, анализи, опсервации, отпори и механизми. Асексуалноста, фригидноста, хиперсексуалноста не треба да се лечат, туку да се заштитат (хиперсексуалните од СПБ) и прифатат. Кога би биле сите суштински прифатени не би имало олку маски и лажни идентитети кои би се крстеле седнати зад тастатурата барајќи илјада причини за образложение и контра аргумент.
Абе еве ќе ти признаам до негде си во право. И ќе признаам дека и него до негде го гледам како еден од тие сељаци што примарна цел во врска им е да си го задоволат другарот, а знам дека не е тоа. Па и фактот што тој е машко, а секакви мажи има. Ама и да сакам секс, не сакам да е само секс. Сакам да останат емоциите, да останат и тие моменти кога само се гушкаме, кога уживаме во обична прошетка, а не тие работи да бидат заменети со секс. Зашто колку сака нека биде добар сексот, ако е само тој, ќе се осеќам навистина искористено, без разлика што и јас сум уживала. А да не се лажеме, такви врски имало. Почнале со секс и само тоа прават, веќе нема никакви емоции, ништо. Не викам дека вечно ќе мислам вака. Можда навистина утре ќе го сменам мислењето за се' ова и ќе имам и убава врска со секс. Ама и да сакам да се случи тоа, нема да е лесно. Долг процес ќе е, тоа е сигурно. И сигурна сум дека не сум единствена. Како што има такви кои мразат емоции, а сакаат само секс, така има и обратно што се Не го кажувам само како гледиште на мојата врска туку општо, дека некогаш е оправдано немањето на секс во врска, колку и да ги мислите за ненормални. Оправдано во смисла, не дека треба да биде така, туку дека психички се приморани да постапуваат така, а може не сакаат.
Брат, до некаде е во право. Јас ти и Енџи секојдневно ровариме низ темите држејќи ,,говоранции" како често пати жените се мета на објектификација, и дефакто е така, секаде, без исклучоци. Повеќето врски од овде, да не претерам за да испадне генерализација, али 60% минимум се само поради секс. Без секс не би имало ниту љубов ниту планови за иднина, пријателство, ништо - ПОВРШИНА. Wanna bet? Повеќето да направат експеримент, година дена свесно и одлучно да се лишат од сексуални односи со партнерот по заедничка одлука, за да ги тестираат вредностите како взаемната почит и доверба би се распаднале. На крајот едната или двете страни ќе попуштат, а најверојатно и ќе се изневерат и трајно изгубат контакт. Зошто кога момак те вика на кафе, на крајот откриваш дека actually никад не е ,,безопасно" кафето туку е лозинка за секс? Зошто е.
Абе е така... најчесто.. Затоа ќе кисниш еден куп жаби, за да најдеш 'принц'. Односно, треба да се помачиш да најдеш асолен партнер, со кого се почитувате и надополнувате. Ама ич не е убо, целосно да изгубиш доверба во светот. И јас имав таков период, после врската со тој тепачот, и силувањето.. сум пишела.. триста неубај работи ми се имаат случено. Ама барав.. и барав, и барав, и барав.. и најдов (релативно) нормален. Не дека е цвеќе за мирисање 100%, ама од сите што сум ги запознала, на врвот на листата е. Пак да речам.. не смееш да се откажеш, ако имаш потреба од љубов... само мноооогу да инвестираш време и енергија.