1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Во превод - треба да легнеш преку триста момци за да дојдеш до вистинскиот со кој ќе се склопите. :D
    Ова го пишувам на шала како заклучок, не дека имам нешто против ебење со триста момци, некоја
    ако сака и деветстотини нека легне по број, пак ќе има поддршка.

    Инаку, добро е што воопшто сакаш да имаш однос после настанот. Јас прво би го застрелала силувачот
    а после и некои други по градот кои имам чуено дека направиле слично злодело, па ќе одам во затвор
    и полезбејчам. Ти се восхитувам, сериозно. :l:
     
    На jasbi, theowndemon, ninja35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Со правиот партнер, емоциите не само што остануваат исти после секс, туку и се зголемуваат. Дуплираат, подобро кажано. :)

    Шо знам, хемија. Мајка Природа.

    Не може сексот да ги украде прегратките и емоциите и убавите моменти, може само да ги намножи.

    Има времиња кога нема да имаш секс, има времиња кога не можеш да имаш секс, има моменти кога не ти се секса, има моменти кога ти се секса... се' е тоа дел од врската.

    Ти реков и тогаш, ќе ти речам и сега - види какви убедувања и верувања имаш за сексот и размисли од каде ти се. Некогаш, некои мислења и убедувања што ги имаме за некои работи не се од нас или од нашето лошо искуство, туку ни се несакајќи пренесени и наметнати од друг.

    А за фактот дали некој сака да го задоволи само другарот или и твојата „другарка“, треба да се обрне внимание на зрелоста на партнерот. Ниедна зрела, возрасна личност, која што го сака и почитува тој другиот до него, нема да учествува во себичен секс - си завршив работа и чао - без разлика кој на кого му се качил и му брефтал над глава.
     
    На IRBBB, eli25, happygirl и 20 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    И шо ако го отепам?
    Ќе лежам в затвор, и ќе одговарам како за чоек?
    Го имаше една тужено, и тоа тепана беше, и кутрата.. изгуби на суд.. .

    Иначе.. не мора да ги е*аш сите, за да знајш шо стока се :D
     
    На cresa-jagoda, ninja35, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Токму ова го зборам цело време. Особено болдираниот дел.
    Затоа го сметам лично сексот акко искористување. Основата е, колку и да си негирам.
     
    На cresa-jagoda и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Секој однос е сведен на корист, не само партнерски и сексуален.
    Дури ни пријателската и родителската љубов не е она што некогаш била, и таа е често со услов кај повеќето.
     
    На cresa-jagoda, ninja35, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @RainBow Цело време ни викаш да пријавуваме навредливи мислења затоа што ти не можеш да ја следиш секоја тема.
    Во ред.
    Еве за оваа тема колку што можам да забележам ја следиш и сепак замижуваш на вакви коментари.
    Сериозно ќе дозволиш на вакво ниво да се одвива дискусија (ако воопшто може да се нарече вакво мислење дискутирање)?
     
    На dayla, candy.cane, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  7. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Врска без секс за мене е во ред само доколку и двајцата партнери се согласат т.е меѓусебен компромис дека тој интимен дел не им е потребен. Во спротивно не гледам среќен крај. Ниту можеш некој да убедуваш на нешто што не сака, ниту да потиснуваш свое либидо вечито. Некој ден едната страна ќе попушти.
     
    На WildMk, theowndemon, Harper и 5 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Никого конкретно не навредив ниту пак имам намера да влагам во дискусија. Ако Реин мисли дека е несоодветно немам проблем со бришење на мислењево. Од глава сигурно нема да ми се избрише :)
     
    На ninja35 и piksooki им се допаѓа ова.
  9. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    66.416
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence А се бакнувате со партнерот? Се гушкате? И тоа е физичко задоволство, па претпоставувам не?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Имам прашане за @Tan4ence колку год имаш?И не е прашањево за да те осудувам можеш слободно игнор да му ставиш.Едноставно мислам дека тоа ќе направи подобрп да сватиме шознам...
     
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Превише се става акцент на себе пазење, односно изолирање од негативен исход, евентуални последици, демек постои рецепт како најбезболно да го поминеш овој живот и да немаш ниту едно скршнување од она замисленото. Опуштете се малце, баталете идеологии, медиумски пропаганди,филозофии, бабини деветини, лишете се од сопствените предрасуди и полесно ќе се дише.
    Супер е да можеш да го контролираш нагонот, али од валидни разлози. Да го дисциплинираш исто, а не да го потиснуваш. Ти мислиш дека сега управуваш со нагонот, ама еден ден ќе се врати како бумеранг и тој ќе владее со тебе. Милион примери има од луѓе кои во младите години го немаат достигнато својот потенцијал, ради присилно потиснување од х разлози, и пукаат еден ден и најчесто не завршува добро.
     
    На candy.cane, theowndemon, Harper и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Тоа го има ама сепак не гледам исто. Гушкање и бакнување ми се дел од блискост во кое има емоции. А во секс не мора да има емоции секогаш. А јас токму од тоа се плашам, дека ќе биде сексот сведен исклучиво на задоволување потреби.

    Скоро 21.
     
    На cresa-jagoda и ninja35 им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Ако дечко ти има емоции кон тебе, ќе има и додека се гушкате и додека имате секс. Не може сексот да ги убие емоциите.

    Јас те сфаќам, ти се плашиш дека ќе бидеш повредена.
    Но што и да правиш, нема гаранција дека нема да бидеш повредена.
    Ако дечко ти е ропак, ќе им се фали на другарите дури и да немате секс.
    Не постои упатство според кое би требало да се придржуваме за да не бидеме повредени.
    Можеме само внимателно да бираме со кој ќе влеземе во врска, со цел да ги минимизираме шансите, но таа можност пак ќе си постои.
    И од каде знаеш дека нема ти да бидеш таа што ќе го повреди него?
     
    На oblace1 и ninja35 им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Оваа насока на дискусијава ме потсети на едно гостување на Кендас Бушнел што го имам гледано.
    Кажуваше како во периодот кога се создавала Сексот и градот, луѓето биле преокупирани со видувања со цел секс и ништо повеќе, избегнувале врски оти се плашеле да не бидат повредени.

    Танченце, пак, тој ист страв го покажува и се обидува да се заштити преку сосема спротивна манифестација.
    За секого различни нешта се нормални и рационални, секој си живее во свој свет, да речеме.
    Единствено заедничко и нерационално во равенката е стравот. Тотално е нелогичен и во овој случај НЕ ГО чува лозјето.Ти пак си повредена.

    @Tan4ence , слушај си го телото и не се плаши. Стравот ти прави поголем стрес одошто врска со секс би ти правела. Но, сама донеси си одлука кога ќе започнеш и дали ќе започнеш со таков живот. Јас на твои години уште бев невина така што воопшто нема правила, нормалност, ненормалност.

    Инаку со човекот којшто најмногу го сакав имавме пријателска врска и почеток на љубовна врска кога се разделивме. Немаше секс, причина беше тоа што неговите интелектуални амбиции и желба да отиде надвор натежнаа а во таа борба за стекнување со академски статус надвор од границите не сакаше да ме вовлече и мене, којашто само што завршив средно и станав полнолетна. Немаше храброст да се избори, а не сакаше врска на далечина и покрај тоа што ветуваше работи, ме натера да го засакам и така.

    Јас се омажив, од љубов и тоа многу си го сакав сопругот, него го поттиснав во многу длабок дел од мојата свест и се борев да не ни помислам на него. Токму кога ми честиташе роденден за последен пат, ми прати писмо со извинување и признавање како се излажал и бил кукавица. Јас го одбив, бидејќи бев на праг пред стапување во брак, му реков да заборави дека некогаш ми го пишал ова и дека доколку судбината сака еден ден ќе бидеме заедно, а во меѓувреме да не правиме работи коишто би не натажиле и би се коселе со нашата природа.

    Следниот пат кога ме побара, јас му реков дека сум повторно слободна, тој ми рече дека е пред женидба и ме замоли да му кажам дека му простувам што не бил доволно силен и храбар за да се избори за жената којашто го сакала како што никоја друга не (би) го сакала. Жена му знае за мене иако сме илјадници километри оддалечени, океан не' дели буквално ѝ кажал затоа што како што останал за мене посебен човек во мислите, така и јас за него. Сакам мирно да отидам во матично, знаејќи дека си ми простила што бев слабак. Му простив, навистина му простив. Оттогаш не комуницираме, освен еднаш кога имаше проблем и ме праша за мислење од женска страна. Му кажав, ги смирив условно речено и оттогаш се немаме слушнато.

    Но, знам дека доколку еден ден и тој се раздели и повторно посака да биде со мене, не сум сигурна дека би рекла не. Тоа е таа поврзаност, којашто трае и покрај сериозни врски, нови љубови, немање редовно контакт и немање воопшто односи во период од 14 години. Нема правила, нема.
     
    На delvi, happygirl, SummerGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не би сакала да се одвива дискусијата со ваков тон.
    Впрочем, и ќе го искористам ова да ве замолам да внимавате како се изразувате и да не ја симнувате дискусијата на ваков тон, особено што солидно се одвива.
    @LiliBoz наврати се на Препораките за пишување на мислење и те замолувам да се придржуваш до нив.

    Ама, и сметам дека е подбро да се одговори на вакви мислења, како што е и направено веќе погоре.

    Сакав и јас да кажам дека ако поради било која причина се договорат партнерите да немаат секс, тогаш и тоа треба да го почитуваат. Како што гледам Танченце кажала што е и како е, па он може да се согласи или да си оди по патот, Не му дава тоа причина за изневерување. Човек кој изнеерува секогаш ќе го направи тоа и нема оправдување,

    И пак, ве замолувам да внимавате на изразувањето.
     
    На VoodooGirl, cresa-jagoda, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  16. MileAche

    MileAche Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Каква е таа врска без секс,и зашто се вика врска кога нема секс во неа?
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Оти врска не се дефинира само со секс.
    Можам да има секс со пола град, ама да не сакам да живеам со нив.

    Или ти се жениш со сите што ги ебаш?
     
  18. MileAche

    MileAche Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Објасни ми како би изгледала една врска во која нема секс?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Исто како врска во која има секс, само што нема секс.
     
    На cresa-jagoda, marija305, SugarHoney и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Баш исто.
    Кај го погоди...
     
    На Izaabella и Flower.D им се допаѓа ова.