Може е асексуален бре луѓе! Не му е до тоа... Ама срцка,пошто рече увек ти допушта да е све по твое,тоа е супер! Позз Ова се виши ствари што не ги разбирам јас... ко што не го разбирам модерниот секс кареза, те секс без оргазам. Какво лицемерно тешење е тоа...
Разговарав пак со него..ми рече као демек премногу те сакам не сакам да го направам овоа како да ми е обврска сакам да се случи спонтано и со љубов,дај ми време да се среда..сакам да успееме...ти си посебна за мене не сакам да те третирам како другите женски што сум ги имал ,колку да мине ред...па ке видиме ајдее
Општеството така ни наметнало. Уште од мали не учат како е срамота да се искажува сексуалноста кај девојчињата. Муабетот е секогаш, "како не ти е срам, девојче си". А на ниедно машко на 16год од дома не го караат, абе не бркај девојчиња, срамота е, машко си И нормално е да се створи такво мислње дека за машките е океј да се сексуално активни уште од помали, ама за девојките е понеприфатливо. Па како резултат на тоа кај девојките се ствараат некои одбивни ставови, да почекам малку, па страв ми е, па што ќе кажат луѓето ако дознаат....значи ред други причини зашто би одбила. Додека машките се охрабрувани да се сексаат, колку порано, толку подобро, па затоа и тие немаат баш некои психички препреки. Плус девојките страдаат од пмс, поосетливи се. Така е створено такво "правило". Е баш поради тоа постои мислењето дека ако машко одбие, е пострашно. Немаат баш некоја ниту физичка ниту психичка препрека како жените. Нормално има и исклучоци. Може и мажите да се соочат со проблеми и да не им е до тоа. Ама замисли ние се соочуваме со такви препреки секој месец Вас не ви играат хормоните ко нас Ама ако одбив ањето трае 7 месеци, Nastrana da go trgneme problemot so devojkata i decko i,neka si go resaavat,tuku drugo sakam da vi napisam toa e fala ti devojko sto me prosvetli,ne znaev deka vo takvo opstestvo zivee me,a be vie devojkite za zalenje ste bile,lele blaze si ni na nas maskite,ne stum znael deka vo Avganistan ziveam kade sto zenite nesmeat nisto da pravat,mislam do koga be so takvi izgovori? Za sve drzavata ni e kriva,ma daj...toa pravilo ti sto go napisa moze vazelo vo minatoto,no sega veke sme ramnopravni i ne se zalete poveke ve molam.pozdrav
Види дечко, јас на прост начин ти подобјаснив малку, за да сфатиш зашто е тоа така. Да не се чудиш кога те одбива девојка. Еве ти уште попросто, со пример. Без разлика на општестово ајде, дека тоа не ти се прифаќа, физиономијата на телото кај девојките и кај машките е различна, со тоа сме на чисто, така? Епа од 30 дена во месецот, 5 дена ние имаме циклус, ваљда и ова ти е јасно дека тогаш секс не ни е баш прифатлив*. Пред да добиеме сме на работ на нервен слом се не иритира и нервира и не ни е до ништо. Тоа што ти кажав за хормоните дека ни играат, а кај мажите го нема ова. Еве пример мене коа ќе залади ме болат јајници, исто и тогаш не ми е до секс.... Единствено и кај двата пола постои психолошкиот фактор кој може да биде препрека за нередовен секс. Е плус ова ние деојчињата си се соочуваме и со други проблеми кои ги немате вие мажите. Затоа на некој начин е "поприфатливо" нашето одбивање Нема никаква врска тука рамноправноста. Рамноправни ќе бидеме коа ќе легнеш во кревет два дена зашо страдаш од јајници или ќе идеш на инфузија ради менструални болки. Не велам дека од 30 дена во месецот, девојката 25 дена треба да има некаков изговор. Верувај дека и на нас си се сака, многу Него мауабетот беше за во случаи каде веќе има одбивање и зашто може да биде тоа. И зашто е различно одбивањето од двата пола Колку сакаш негирај ама факт е дека машко е спремен на секс во секое време па затоа е и почудно обивањето од ваша страна *немора секаде да додаам дека за се и сешто има исклучоци, нели? Се надевам се разбравме, зашто нема поторно да рециплирам. Попросто и неможам
Девојко јас све тоа го разбирам ти што го напиша,и нема потреба да навредуваш,као јас сум прост и неможам да те разберам,па ти си се потрудила на по прост начин да ми напишеш за да те раберам,во врска со одбивањето еве јас никоја до сега не сум одбил,но има периоди кога не ти е до секс,ме разбираш,но тој дечко што ја одбил како што прочитав има некој проблем сексуален,но е е битно тоа е негов проблем,но мене ме нервира тоа дека мораме да имаме секс со било која девојка,као декек ако ја одбиеме по дифолт сме педери,и ова сега општо зборам нема врска ова со проблемот што го имаа девојката со нејзиниот дечко тоа тие двајца најдобро го знаат, и се согласувам дека 7 месеци е долг период и никој тоа не го оспорува,но некако вие девојките секогаш го префрлате проблемот кај машкото што не се согласувам тука со вас,се надевам дека ме свати што сакам да ти кажам,еве и јас како тебе много просто ти напишав пошто сум прост нели.поздрав
А нели го тргнавме на страна тој проблем и зборевме општо? Далеку од тоа дека морате да имате секс со секоја девојка, ама со вашата девојка - да. Која е причината да би ја одбиле вашата девојка за секс? Не го префрламе проблемот кај вас секогаш, туку коа има реална основа за тоа. Ако имате проблем, кажете си зашто несакате, инаку како чив проблем да го препишеме тоа? Како да го решаваме?
Ти кажав или има проблем несака да признае,или има друга,или повеке не му е привлечна,незнам што друго да ти кажам.
или е педер шала настрана, научете се да си кажувате каде ви се проблемите, за да можеме заедно да ги решаваме. Се додека вие си траете и не оставате сами да претпоставуваме, ние ќе си даваме за право да си создаваме фикс идеи каде е проблемот и да се зафркаваме на сметка "мора да е педер"
Тука се согласувам дека треба заеднички да се решаваат проблемите,но затоа велам дека не се исти сите машки,некој од машките го носат епитетот дека се мажи а во реалност се кукавици.поздрав и се надевам дека се разбравме
Асексуалност или недостаток на желба за секс може да се појави поради најразлични психолошки причини. Траума, депресија, стрес...секој различно реагира на овие состојби. Ако е машко не значи и по дифолт дека е психички постабилно и поцврсто, напротив тие очекувања можат да допринесат за дополнителен стрес. Кај машкото причините од физички карактер се прилично редуцирани во однос на оние кај девојките, но тоа не ги исклучува останатите фактори кои според мене се прилично поопасни. Не е се така црно и бело, посебно не со човековата психа. А недостатокот на основните човекови нагони е голем проблем на кој најчесто и на жалост погрешно му се пристапува. Секако дека на личноста треба да му се остави малку простор за да се обиде сам да ја надмине состојбата. Времето е релативна ствар, колку точно не може да се пресмета по некоја формула, месец, два три.... Можеби е стрес со обврските на работа кои се минливи, или недоразбирање со колеги, смртен случај во фамилијата. Но доколку во подолг период не се врати балансот потребно е да се побара стручна помош. Две грешки кои најчесто се појавуваат се пристапот на девојката и табуто за некаков вид на терапија. Девојката тоа го сваќа како лична навреда и себеси се става во центарот на нештата. Првен навалува со прашањата далу му е сеуште привлечна, да не има афера, како она се чуствува поради сето тоа... заборавајќи дека не е она таа со проблем. Дека треба да се концентрира на него. Не е лесно и захтева голема жртва и од нејзе, но доколку има сериозни намери со типот и го сака треба да вложува во таа врска. Во спротивно да не му создава дополнителен стрес поради тоа што не ги исполнил нејзините очекувања. Вториот е тоа што посетувањето на терапија се смета како некаков вид на табу тема. На место кај некој близок кој само ќе те сослуша и не е компетентен да ти даде соодветен совет, постојат лица кои се компетентни и многу подоверливи. Како да се убеди типот да разговара со некого би било евентуален проблем, но треба да свати дека ако он самиот не сака да го надмине проблемот, никој со сила не може да го натера. Доколку тој е спремен да го реши проблемот и работи на негово надминување, а постои љубов и разбирање во врската, девојката ќе ја прифати таа моментална состојба многу полесно. Оти не е се во сексот.
Мој совет, да си собереш фино лепо храброст и да решиш дали ќе продолжуваш у таа врска - без секс, или ќе тераш надвор од врската - со друг/сама, како и да е. Разбирам, живеете заедно и се тоа... не е лесно.. ама па, и не сте венчани (па и да сте венчани..пф). ....Твоите не знаат дека живеете заедно - ко што разбрав, така што, некој товар од типот: што ќе им кажам сега, ваљда нема да имаш (пак и да знаат твоите, ништо. Нема да си единствена што ќе се соочи со ваква ситуација - и дабетер случаи има). Инаку, собирањето храброст за надвор од врска мислам дека можно е да ти е и најдобра опција во ситуацијата, оти во овој период додека дечко ти хибернира со тебе, уствари се јача и собира храброст да види и испроба на страна „дали се е во ред со него и неговиот морков“ (Јипман ). Во истиот момент во кој ќе открие дека со некоја си шкљ персона, неговиот морков функционира ќе ти признае се’... ок, зависно што карактер е, може да целата вина за неговата дисфункционалност ја префрли на тебе,твојот изглед, на тоа како сте се опуштиле (стандард) сте клапнале само дома, сте потонале у монотонија и дрн дрн... или да рече нешто пак стандард шема, дека не знае што сака, му треба време да се стабилизира, размисли бла -бла. Верувам дека овие 7 месеци ти се пекол и дека сето ова влијае ептем на тебе и самодовербата иииии врз секоја сфера од твојот живот и многу веројатно дека пеколот ќе ти продолжи и понатаму, со таа разлика што, зависи од тебе како ќе се справиш што ќе решиш и, „како си ја и ќе си ја“ одржуваш психата во врска со ситуацијава, згора на тоа, каква ќе ти е среќата со други луѓе (ако евентуално решиш да продолжиш со друг). Од друга страна, не му е песна ни на него. Оваа ситуација им се случува на машките на одредена возраст и им делува, исто ко и на тебе - на самодовербата.. со тоа што секој на различен начин се лечи и справува со проблемот потоа Твој избор е, никој тука нема да може да ти помогне и да ти олесни. Џабе се сите филозофии, џабе е сета секси облека и се’ што некој мисли дека му е спас... поскоро дека парови кои го имале проблемот и се справиле со него и продолжиле да функционираат по ваквиот кошмар - нормално, со нормален... здрав секс.. можат да ти помогнат. Ако има такви нека кренат два прста. пс. се надевам ќе ти се разјасни дека АМА озбилно немаш потреба од советиве и прашањава цц
Значи веќе не знам што да мислам, разговаравме исто па пак исто само ми ветува ќе се среди и пак иста приказна.се глеа дека сега му се крева се пали дрн дрн ама неке да почне да иницира да имаме ни пак да рече барем ја сакам да имаме секс...цццц пренервозна сум,,може некој ке ми се смее ама најсериозно ке го отерам у пм и ке продужам понатака..ја не идам со него само за да го лапам ...
Мене дечко ми ме има одбиено еднаш. На шала демек почнав перверзни муабети, и се вцрвене како мало дете и ме одби Искрено врска без секс може да се има се додека двајцата сакаат. Да речеме јас со дечко ми сум една ипол година во врска, па се немаме ни видено. Секс строго забрането А поготово пушење во затворена соба. Штетно е од димот Сега во последно време, Шарко почна да лајуцка за чудо Ама некако сеуште не се чувствувам доволно спремна да речам така што он го почитува мојот збор, ако кажам дека сакам, сака и он, а ако не сакам, за чудо не сака ни он Си се почитуваме за такви работи. Не е дека го манипулирам или слично, туку двајцата сме девици, па се сфаќаме А ти Маро мори од секс абер да се немало, работава
Си нашол момаков овца и си ја стриже, нема ништо ни чудно, ни надприродно во ситуацијата. Ги трошиш на тато паричките на него, му плаќаш стан, храна а можеби и облека а он како kept man не си ги исполнува неговите обврски, а тоа се....to rock your world Место да му ја дадеш клоцата кога дечково очигледно те заебава, те користи, ти се мислиш како уште повеќе да му угодиш љубовта е давање и земање а не само земање. А ние женските треба да учиме од машките кога ќе се најдеме во ваква ситуација, тие барем кога имаат спозоруша покрај себе ја искористуваат до максимум, ниедна сексуална фантазија не им останува неостварена, мора секоја пара вложена да биде соодветно наплатена
па тогаш бе душо ако му се крева и ако се пали зошто не сака секс?значи овде има нешто па и јас би била пренервозна да сум со некој години а да не сака со мене секс да има секој би бил,ако не пробај друга иницијатива биди ладна кон него малку рамнодушна не му обрнувај внимание толку нека свати дека не е тој центар на све и дека можеш да имаш и друг живот нека му се земи свеста малку па да видиме дали некој жар ќе се запали кај него од ова
А ние женските треба да учиме од машките кога ќе се најдеме во ваква ситуација, тие барем кога имаат спозоруша покрај себе ја искористуваат до максимум, ниедна сексуална фантазија не им останува неостварена, мора секоја пара вложена да биде соодветно наплатена. Стварно,браво за таквите машки,јас незнам не сум имал спозоруша, а и несакам да имам таква девојка покрај мене.
а како ти изгледа машка спонзоруша или ку*ва ајде да кажеме? како што гледаме во денешно време има мн.и такви таков може да биде дечкото за кој разговараме само да сака да ја искористува девојката а не сака да биде интимен со неа има и такви така има има...