можно е да има некој недостаток од кој се срами или е срамежлив. затоа биди храбра зграпчиго за стап, опушти го, биди повеќе первезна ичи откачи го штом не ја бива работата
Не ја бива...си дадов време уште еден месец ако не се попраи си го знае патот...сега тоа е..колку и да го сакам сепак женско сум..цело време изморен ова она..кој би го истрпел ова почнувам да се плашам дека јас имам некој проблем а нее тој
Читајќи те, мислам дека доколку му даваш постојано време, т.е. на вашата врска, ништо нема да решиш. Според ова што го кажуваш, јас вака го сфаќам - доколку немате секс во рок од еден месец, ќе ставиш крај. Тоа не е баш добра идеја. Сметам дека треба најбрзо што можеш да разговараш со него. Зашто, за жал, ќе се согласам со останатите дека веројатно те искористува. А веројатно ти и самата се сомневаш во тоа. Разговарај отворено, обиди се да дознаеш се што те интересира и на крајот на краиштата не се работи за сексот само, туку за тоа што тој се оддалеува од тебе, а воедно живее на твој трошок.
јас ти препорачувам да го откачиш ако а него му се дига и се пали златна сестро тој сигурно настрана има некоја нема теоретски шанси 7 месеци тој секс данема а му станва значи не е импотентен од таа страна нема проблем ако топло му е во станот што му го плаќаш и све друго што ќе ти е таков маж молите тој не е маж кокошка е манимуги клоците типот сигурно нешто ти крие и во тој рок што му си го дала од еден месец тој нема да се претвори во страсен љубовник кога не оди нешто не оди најдобро е секој по својот пат пред да бидеш уште повеќе повредена ти само си ги одложувала работите досега...
ми се чини дека само те искористува како шо викаш земи пари од татко ти...КАКО ВТОРО да не има некоја болест а нејќе да ти каже ? третоо можеби има нешо на старана, ја би го шутнала колку и да го сакам па ако некој не ме задоволува во кревет што ке ми е дома да ми се мота па колку и да го сакам...И да го сакам а да немам однос би идела у прва прилика у поход затоа гитлаааааааааааа со све да не кажам што во раце
Епа синоќа сакав да го откачам и му викам вака и вака веќе не иде..он почна да ми се правда демек ние женските и цел свет да ни се срушел пак ке сме сакале секс,знаел дека тоа е проблемот,дека не сумм сакала време да му дадам ,да го подржам бла бла.и го замолив да си одите му реков дека ке разговараме после некое време..ми плачеше ме молеше..ама сега тоа..не е се во сексот...ама ни без него небива така...зошто да се чувствувам запоставено???
вака мила може тешко ти е сега но таа ваша врска искрено за мене не е здрава врска ти со некој што живееш под ист покрив а не си интимен веќе 8 месеци каков живот е тоа каква врска е таа?тој пробва да се извади со најглупите финти NIE ZENSKITE што?што сакаме здрава врска и внимание?па на секој човек му треба тоа не е животот работа и лежарење посебно сега кога сме млади кога најактивни треба да бидеме во сексот ако не сега прашајго кога на 60 години?до тогаш да чекаш?па си размислила за понатаму како ќе живееш со тој човек што иднина имаш вака нема да имате ни деца ни семејство ни ништо шо ќе ти е дома труп легнат,па такви мажи душо моја има на секој чекор,плачел молел леле мори мајко голема работа секој на негово место тоа ќе го прај убаво му е под покрив кој друг све му плаќа а тој има змија во џебовите незнам што ќе ти е таков маж бре тој е лешинар,гледаш тиа на ваков начин иднина воопшто со него?нека нетоку лупета да не си интимен со девојката повеќе од пола година за плачење е не за смеење искрено и незнам зошто го трпиш...
Друже и јас тоа се трудам да им објаснам,но не вреди,таква им е перцепцијата на гледање за машките од женски агол,не сме сите исти,незнам што друго да им кажам.
Ви честитаме, Вие сте неприкосновен добитник на наградата „Најголемите полови предрасуди и дискриминации за 2012.“
Се согласувам дека има разлика од машко да машко што е нешто навистина добро Но сепак малку е чудно...машко да бара време...но тоа е благодарение на сите наши стереотипи и предрасуди...за жал :/
има разлика ДА ама овај не сака да каже да отвори уста бре што му е да даде некакво логично објаснување а девојката еве вели му се дига а не сака да има секс ајде сега кажете вие точно што се случва?ете машки сте кажете
УАУ! Браво. А што награда ќе добијам? Ај кажи ми на кој начин дискриминирам. Ај молим те. Машко што нејќе да има секс повеќе од 8 месеци, а при тоа да е здрав и прав ( ) не постое. Исто како што не постое женско кое нејќе секс. Не сме ние животни што се сексаме само за да се размножуваме. Тоа е задоволство, потреба и желба. Крај на приказната. Можеби сте се пронашле па толку жестоко ме нападнавте. Мислам, не ли ви се сака? Нејќете ли да имате интимни односи? Јас сакам, човек сум. Патем, сакал време да му даде. Кое време бе човек, кое време? Не сум сретнала машко што е рекол сакам да ми даде (ш) време за да имам односи со тебе ( неа).
За награда делам лајк4иња, повели. Јас никаде не гледам „напад“, а не па жестокост, не ми е желба да се расправам виртуелно со некој што не ми згрешил . Само посочив дека одговорот не ти е на место. Инаку, веројатно има проблем дечкото, дали со ерекцијата, дали со (не)можноста да се запали, дали со некој друг, психички стрес... Што можеби е и причината што бара време, доколку се работи за привремен проблем. Секако, тоа не oправдува одговор како твојот.
Ако не прочита, еве ќе пишам пак. Пишав здрав и прав. Како ти си сфатил не знам. И не планирам веќе да дискутирам.
Јас веќе си кажав, дека не е смешно, дека импотенција се јавува и кај млади машки, а не стереотипично кај мажи само над што знам, за колку се сметаат такви за нормални, над 50 години? Ма дај откачете се од тие стереотипи и вицови жив ви господ, и машко и женско може да добие проблем на ова поле и нема некоја формула за тоа кој повеќе мисли на секс, сака секс или го практикува. Не е проблемот во импотенција само во кревање. Му се кревал вуухуу! Ама да се крене не е се, треба да остане горе нели, ние сакаме и предигра, оти ако не донесе на овоа поле утре ќе го речеме себичен, па додека дојде до пенетрација, од време од стрес ли од страв, од притисок за перформанс ли, емоционална стабилност, и оп пак се сведува на црвче низ брава на кое му треба лак за чамци, и исфрустрирана женска која ЗНАЕ дека секое машко сака во секој момент а овој не сака. Мене едно што во случајов ми прободе очи само е, татко ти, пари, па дали станува збор за импотенција, контрола на ерекција, или користење, си е до девојчето да си збере два со два во оглед со нејзините околности и да си заклучи сама, не ние.
Во првиот цитат кој се однесуваше на твоето „На машко да му дадеш време?? На машко? О Боже. “ никаде не беше спомнато здрави и прави мажи, генерализираше со поимот МАШКО и повикување на севишниот ни Бог. Вториот цитат веќе само беше објаснување зошто сум ти контрирал на првиот, и тука нема никакво недоразбирање. Затоа, како што рече и сама, нема потреба од натамошно дискутирање. За жал, интензивниот начин на живеење, особено во овој век, зема се’ поголем замав и кај здравата сексуалност кај мажите и жените.
епа вака..имам еден проблем..Дечко ми сака да имаме секс,што е и нормално бидејќи во врска сме 2 години и јас имам 18 а он 20 год, но јас не се чувствувам спремна на тој чекор :/ постојано се караме за глупости.Прво беше fb го деактивирав заради него мислејќи дека тоа ке престане, но тој мора да најде нешто што му смета, а и нема мн доверба во мене. Јас мислам дека поради тоа што се караме мн неможам да се одлучам за тоа. постојано пред да направам нешто размислувам дали ќе се лути ако направам така или вака.секогаш гледам да не се караме, но тој мора да најде нешто Страв ми е дека ако продолжи ова, набрзо ќе ми стане одбивен..Што мислите вие?