Врска после долга врска

Дискусија во 'Сингл' започната од eleni23, 9 март 2010.

  1. eleni23

    eleni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    18
    Одев со дечко седум и пол години, но чувствата ни се оладија и моите спрема него, а и неговите спрема мене се само пријателски. Се разделивме бидејќи не сакавме да сме заедно од навика. Сега прашањето ми е колку време треба да чекам за да влезам во нова врска или авантура, бидејќи моментално не ми е до дечко и колку треба да чекам за да имам односи со некого и дали да имам односи со некого само заради забава и добар провод или да чекам да сретнам некој вистински?! Ве молам пишете, ме интересираат вашите искуства. :)
     
  2. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    26
    Јас од лично искуство ќе ти кажам дека дека не треба да брзаш,се само ќе си дојде,биди таква каква што си била,само сега ќе имаш повеќе време за себе,со твоите дома и за дружење со другарките.Ете си одела 7 години,и сигурно ако ништо повеќе некогаш на моменти за него си мислела дека е тој вистинскиот,ама Господ имал друг план за тебе ;) Значи,само време,и не мисли на ништо,биди среќна и исполнета.
     
  3. medeno

    medeno Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    некогаш мисам дека некој работи треба да се спречат на време, безразлика на годините и колку била долга таа врска. Јас имав 4 ипол годишна врска, раскинавме пред една година сега не сме ни во контакт.. ми беше тешко но со тек на време сватив дека е подобро е да биде така, и не се каам што после 4 ипол години раскинавме. Но и јас како тебе, и после 1 година не можам да си ги средам работите во животот, едноставно имам чуство дека незнам сто сакам...времето поминало, животот течел, а работите многу се измениле..сто ние додека сме биле во врска не сме биле сведни за тоа, и сега ни е теско да се прилагодиме на тоа.
    Мој совет не мисли на минатото, гледај на иднината...зосто минатото поминало а иднината не знаеш сто носи. Секој крај носи нов почеток, а тој почетот може да биде и многу многу по убав... ;) :)
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Немам вакво искуство, така да само ќе го дадам моето размислување. Никоја од нас не може да ти каже за колку време да влезеш во врска, тоа ти најдобро го знаеш.И самата си кажа дека не ти е до дечко сега, важното е да не се затвораш дома, излегувај, дружи се, а кога ќе почувствуваш дека си го оставила минатото зад себе и најдеш сродна душа , можеш да се впуштиш во нова врска.А за во врска со имањето односи, мислам дека и доколку најдеш нов не треба веднаш да му се предаваш и со тело, се додека врската не стане малку од малку озбилна.Не значи дека ако веќе не си девица, треба да даваш на секој нареден дечко. Ако тој (новиот) има озбилни намери со тебе, те сака и те почитува, не би требало да се лути на ова. Поздравче
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    i jas nemam vakvo iskustvo, pa ete isto samo moeto mislenje. imam decko dolgo vreme i mislam deka koga ne bi bile zaedno, jas ne bi mozela podolgo vreme da bidam so nekoj, kamoli pak intimno,zasto ednostavno emocii i spomeni ke rabotat,a mozebi i nadez deka nesto ke se smeni,toa e mnogu normalno. mislam deka treba da bides mnogu pretpazliva pri izbor na sleden decko,pa makar i da e nesto neozbilno,zasto ako brzo zapocnes taka, moze i site sledni da gi sfakas neozbilno,samo od zabava,a veruvam deka toa ne go sakas...
     
  6. kalinaka

    kalinaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека никој неможе да каже за колку време ќе почне озбилна врска. Неможеш да речеш еве денес спремна сум за нова врска одам во град да најдам дечко :) . А и за сексот истото правило важи, кога ќе ги почуствуваш хормоните дека работат значи време е за секс и не мислам дека ако му дадам на некој дечко по 1 месец дека он ме искористил, туку си мислам дека јас сум го искористила, сум си ги задоволила потребите.(тоа е мое мислење).

    Јас сум во врска веќе 4 години, пред да ја почнам врската имав врка од 2 години, дури сеуште ја немав расчистено старата, почнав нова. На почетокот си викав Калино што правиш, од врска во врска влегуваш, дај си малку време за себе, ама ете добро испадна, ако чекав одреден период ке си ја пропуштев приликата :)

    За секој е индивидуално, незнаеш кога ќе налета типот во кој што вистински ке се заљубиш...
     
  7. Tammie

    Tammie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    Sum imala vakva situacijA i seushte mi trae..
    idev so nego 6 meseci ne e dolgo bogznae kolku no za moi godini dolgo e..se privrzav za nego go zasakav, no nekako vrskata ni beshe mnogu monotona.Se gledavme iskluchivo vo petoci i samo na muvanje i nishto drugo ama sepak go sakav.Bidejki vekje nemozhev da izdrzham da ne kazham mi stana dosadno mu raskinav(go sakav) i od januari prvite denovi ne sum pochustvvuvala deka imam potreba od nekoe mashko vo mojot zhivot shto kje go sakam kako dechko..
    Shto se sluchuva so mene? Da go sakam nego seushte NE! Sakam da bidam so nekoj ama koga kje dojde momentot za muvanje kazhuvam ne nejkam! Dva pati napraviv do sea taka na dvajca tipci i se kaam zatoa sho ispadnav idiot!
    Zoshto mi se sluchuva ova? :?
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    ОК е да се сеќаваме на тие луѓе. денови. НО. ајде малце мислете девојки на себе. Правете онака како што се чувствувате во моментот. Она што ви кажува телото,разумот, срцето. И јас излегов од една врска 9 месеци, но не се замарам кога е погодно време да започнам нова, зошто тоа треба само по себе да дојде. Излагајте журкајте се и уживкајте па не сте се развеле недај боже па да се мислите кога е погодно и слично.
     
  9. just-girl

    just-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Мислам дека е добро да си дадеш малку време на самата себе, прави работи кои те интересираат, а за друга врска кога е време сама ќе знаеш, ќе почувствуваш, само мој совет е немој никого да споредуваш со дечкото со кого си се разделила, тоа ќе направи само уште полошо да се чувствуваш. Животот е убав и треба да го живееш според свои правила затоа опужти се земи здив и започни со големата авантура живот и сигурна сум дека ќе ти се случат најубавите моменти кои не си мислела дека можеш да ги доживееш
     
  10. Butterfliess

    Butterfliess Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Јас мислам дека не треба да се брзаш веднаш право со друг да одиш... живеј си го животот не се замарај со тоа, само по себе ќе си дојде и ќе си фатиш нов дечко ;) народот е никаков одма право ќе вади муабети ако си фатиш право друг :)
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    609
    Моето искуство: прекинав една долга врска и преминав во друга врска која стана сериозна и со која сега правиме планови за заеднички живот и семејство! И тоа за многу краток период, прекинав една и влегов во друга врска!
    Се е возможно Елени23...и јас мислев дека после една неуспешна подолга врска би посакал слобода но брзо се заљубив и започнав нова врска! Дали ти треба време за нова врска, дали ти треба само секс, само мување или веднаш ти треба нов дечко само ти ќе си одговориш! Некои работи едноставно само се случуваат и не постојат правила и временски периоди по кој треба да се придржуваме за да не погрешиме во животот!
    Ти го споделив моето искуство колку да знаеш дека после прекин на една долга врска не е се пропаднато,возможно е за кратко време да те очекува нов почеток кој ќе биде значаен за твојот живот! Со среќа и се надевам дека ќе направиш правилен избор!
     
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.663
    Ти ќе се процениш кога би била спремна за нова врска....мене ми се случи еднаш да ја раскинам мојата врска заради некои глупости,и многу му бев лута на дечко ми,па така еден мој бивши удварач кој многу ме сакаше ми се пушти кога разбра,и по една недела се фатив со него....првите 2-3 дена ми беше ок,ама после ми фалеше дечко ми :( и едвај се смиривме и ми прости....ако си ги изгубила скрос чувствата така дај си малку време ,по журчиња со другарките забавувај се,нека ти се пуштаат а ти ќе избереш кој...подиши малку од врската,и размисли што сакаш,немора да се брзаш ;)
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.458
    По мене после долга врска е најубаво долг одмор. Да си уживаш, време за тебе, журка со другари, одбиваш/прифаќаш пијачки во дискотека итн.. :D
    ...во меѓувреме ќе се најде некој за врска, ама едно по друго многу напнато ми е. Како да си несигурна личност и мораш да зависиш од некој до тебе.
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.774
    Пол:
    Женски
    За односи не знам не сум имала, ама ако не осеќаш ништо за твојот бивши можеш одма да си почнеш со друг да излегуваш... сепак по мое почекај барем еден месец нека помине ;) ;) ;)
     
  15. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.878

    Не сум имала толку долга врска досега, мојата најдолга била 2 години. Е сега, поминаа месец и пол од кога се скаравме. Моите мисли се сеуште кај него, моето срце е кај него. Според мене, не треба да се брза за следна врска. Јас, за мене лично знам дека ако бидам со некого, додека чувствувам нешто за другиов (кој ми остана другар) ќе ми биде се полошо и полошо. Следен дечко (ако веќе не се смириме со ексов) ќе фатам после некое време, и тоа подолго време. Сакам да бидам сигурна дека сум спремна на тоа. Ако сум сигурна дека навистина сакам врска, и да се врзам со некого...Не би сакала да бидам повторно повредена..
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.693
    Зависи од караттерот. Некои се спремни веднаш да влезат во нова врска, лесно ја преболуваат старата. А некои сакаат да уживаат малку со статус сингл, да бидат слободни, без обврски и одговорности. Излегувања со друштвото, забави, без потреба да објаснуваш некому каде си и со кого си.
    Јас сум од тие вторите. Потребен ми е некој месец после подолга врска за да си дојдам на себе, сепак и да си сингл има свои предности, не треба само да се влегува од врска во врска, барем според мене.
     
  17. tockaa

    tockaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    Доолго размислувам да ја прекинам врската со момчето со кое сме заедно 2 години ... толку бевме поврзани ... се што правевме правевме заедно но со тек на време чуствата од моја страна оладија и повеќе го гледам како другар отколку како лјубовник... теско ми е да одам на тој чекор но морам
    Еднаш знам дека мора да биде ... јас си го трошам времето а и неговото во заблудаа.
    Чуствувам грижа на совест последниве неколку месеци бидеќи со него сум радиредаа
    Страв ми е да прекинам да не останам сама
    Сите другарки имаат врски сериозни ... такви се посветени само на дечковците
    Нема шанса да ги кандисас да излезат :( мојата врска не е таква ние си ја имаме слободата но кога се ке заврши ми е страв од осаменоста :$

    Но веќе не оди ... морам да пресечам еднаш иако ми е тешко :?:
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.226
    Пред да пресечеш размисли убаво- дали е тоа само период на досада од правење исти работи или дефинитивно љубовта исчеснала.
    Немој да раскинеш па после да бараш совети во темата како да го вратиш ;) .

    Преиспитај ги убаво твоите чувства, размисли убаво и ако си сигурна дека не го гледаш веќе како дечко најдобро е да седнете да разговарате и да му кажеш отворено.
    Така пак имате некој простор да бидете пријатели, а и доблесно е да прекинеш нешто што те гуши, а не да остануваш со него од страв да не бидеш сама.

    За тоа верувај дека лесно се наоѓа решение, ќе се запишеш пример на аеробик и ете ти од старт 20 познанички ;)
    Размисли убаво, па пиши што ќе одлучиш.
     
  19. polzela

    polzela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Јас идев со дечко скоро две години.Со него имав првпат секс многу се сакавме.Но отидов во село и кога се вратив дознав дека ме изневерувал и ми раскина.Јас еднаш му простив но тој пак го направи тоа.И покрај се бев спремна да останам со него,но тој така сакаше.По раскинуванјето неколку пати се смувавме и посл решив некој период да не го гледам.Имав еден другар кој многу ми помогна да го преболам и по некое време се фатив со еден само заради инает зошто јас да немам дечко а бившиот да оди уште со таа што ме изневери.Поентата ми е секој си го знае карактерот ама мислам дека по долга врска треба некој период да помине да се започне нова.Морам да признаам и ден денес не го имам заборавено и секогаш кога ќе го видам ми лупа срцето.Сега сум мажена имам супер сопруг детенце сега и второ ама секогаш во моето срце има посебно место за него
     
  20. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Не би брзо започнала нова врска после прекинување на подолга. Иако знаете како велат: Никогаш не вели никогаш. Ништо не е 100% сигурно. Отсекогаш сум се држела до претходно истакнатиот став така да немам некој посебен план да го променувам. Сепак долг временски период од животот сум го делела со таа личност, сме имале навидум сериозна врска и за тоа знаат сите наши блиски. И сега јас (што се вика) оп - троп со нов дечко. Некако не ми одговара.

    Не заради мислењата и предрасудите на другите туку бидејќи не сакам да влегувам во врска само заради разонода, помош и поддршка да го преболам претходниот. А, и не така лесно се предавам некому. Пред се' ми треба време убаво да го запознаам, да развиеме едно солидно другарство па вистинските и посериозни чувства (не)доаѓаат со тек на времето. Не сакам да ризикувам од повторно разочарување и старите рани да ги лечам со нови.

    Од друга страна, не се плашам и од разочарување, но зошто јас самата да го предизвикувам? Љубовта не зависи од големината на временскиот период за кој си го запознала и го познаваш партнерот, но сепак истото тоа ни е најголемиот сојузник во животот. Подобро да бидеме на негова страна отколку да се препуштиме на нашите страсти, а потоа да плачеме.