1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска после долга врска

Дискусија во 'Сингл' започната од eleni23, 9 март 2010.

  1. tockaa

    tockaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1

    На тоа размислував доолго - 2-3 месеци.
    Сигурна сум дека ја донесов правилната одлука и за мене и за него така е надобро.
    Во секој случај е подобро отколку да се лажеме дека сеуште постои таа хемија
    Сности разговаравме му кажав како се чуствувам
    Изгледасе како да му е гром од ведро небо но и сам рече дека чуствувал разлика - ме разбра знам дека му е тешко не ќе се навикне
    Подобро сега отколку после .... се чуствувам чудно но ќе ми мине знам :$
    Огромен товар ми падна
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Најубаво да се остави , со тек на време самото ке си дојде за да почнеш да си се занимаваш со барање дечковци, одмори сега и уживај ...
     
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    За Точка:

    Не знам колку е паметно да избрзуваш, а од друга страна не знам ни дали прекинот на вашата врска е избрзување воопшто :?:

    Поминале две години...среќа, тага, страст, нервози...отприлика по тој редослед...небитно. Период на монотонија доаѓа и тоа е сосема нормално ако трае во нормален временски период. На моменти се чувствуваш дека сте си рекле се, како да сте доживеале се и се она што ќе следува понатаму ќе биде како дежа ву...ништо ново и интересно што ќе ја распламти онаа почетна страст кога со поглед се соблекувавте :) ...да бре, нормално е тоа.

    Прашање е само дали се работи за период кој потсетува на месест грозен црв кој или ќе оставиш да те грицка или ќе го смачкаш!!

    Значи ако веќе твоите сомнежи траат подолго, твоите недоумици, прашања, одговори кои се јасни како ден колку и да не сакаш да си признаеш не престануваат да те с`кледисуваат секој ден...па, всушност знаеш дека навистина нема што повеќе да се измачувате.

    Ако се чувствуваш така не гледам зошто да не си се поштедиш од понатамошно јадосување, нема потреба да драмиш...крај и чао пријатно.Фер и поштено!

    Луѓе се разведуваат по 30 год брак па преживуваат мајке му....и за крај пак ќе цитирам бре нешто што не знам колку пати го спомнав деновиве...

    „Подобро вистина што боли, отколку лага што теши“...токму така...а мажи и жени, капачиња за лончиња има! Подобро да си кажете утре здраво и шмркнете маалско кафе отколку да си копате очи...
     
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Tocka, очигледно типот е премногу добар со тебе. Значи такви сме ние, кога е добар ни е досаден нема хемија, се руши љубовта, ако е лош го сакаш најмногу на цел свет. Како и да е нас женските никогаш нема да ни одговара ни вака ни така, поентата е да се сфати тоа и да знаеш да разликуваш дали навистина е готово или не. Е сега па може и стварно едноставно завршила љубовта и тоа е тоа но... не значи при првото чувство на навика и здосаденост да се стави крај на врската. Да ќе ти мине, но ќе се врати веднаш кога ќе го видиш со друга девојка. Имам чувствто дека ти ова повеќе го правиш онака колку за промена, несвесно дека дечкото кој го имаш покрај себе вреди. А може и грешам, ти сепак си знаеш најдобро.
     
  5. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Мислам дека нема некое пишано правило дали е во ред одма да се стапи во врска одкако ќе раскинеш со некој што си одел долго време.Но јас го оправдувам тоа дека доколку некој запознаеш(а веќе е стварно Крај на твојата врска)во ред е да имаш некои чувства спрема некој друг,можеби сето она што си го немал во претходната врска можеш да го имаш со новиот.Но тоа не значи дека треба да се избрзува па на крај повторно да биде скршено нашето срце.Јас во ваква ситуација доколку некој ми се допадне би излегувала другарски да го запознаам најпрво едноставно не би седела дома и да си го губам времето,но ние живееме во држава со низок менталитет демек срамота е да те видат после со друг бла бла...Но ако се потпреме на тоа правило,самите си ги губиме шансите да бидеме со некој што ќе не сака,цени,почитува...Бидејќи млади сме и крајот на секоја врска не значи да се жали и право во манастир :lol:Размислете само дали Тој би седел дома и би рекол дека треба време да помине доколку му се пружи шанса да биди со некоја???
    Тоа е само мое мислење
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Нема правило.
    Пред 2 месеци ја прекинав врската од 3,5 год. и дали сега значи дека не треба да влегувам во нова врска со години? Не мислам така. Можеби утре ќе запознаам некој и ќе се заљубам без разлика за колкав период станува збор. Неможе на тоа да гледате така и да се правдате некому зошто по 1 недела фати нов дечко, затоа што така сакам се заљубив и крај. Не постојат правила.
    Доколку си на чисто со чувствата кон бившиот т.е. дека повеќе не чувствуваш ништо, тогаш ништо не те спречува да си влезеш во нова врска ако го сакаш тоа, така да без ограничувања и без носење на фрустрации и комплекси во новата врска :P
     
    На Sweetheart87, Queen-Nefertiti, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  7. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Да се согласувам со мими..
    ако си спремна на нова долга врска и ако више не чувствуваш ништо и ја нема онаа еуфорија кон бифшиот..продолжи понатака ;)
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Прави како што чувствуваш. Јас раскинав 9 годишна врска бидејќи не можев да живеам со тип кој не ме почитува. И моите другарки се пола мажени, пола со дечковци, надвор од градоd...Ама не ми значеше тоа ич. Си се посветив на самата себе си, правам работи кои ме расположуваат, уживам.
    Се е подобро до тоа да се измачуваш во врска која не ја бива. Излегувам со нови другарки, правам нови работи.
    Е сеа на темава, да, мислам дека веќе и можам да најдам нов. Малце е комплицирано се, ама за жал ништо не е лесно.
    Бидејќи знам дека ништо не чувствувам кон бившиот, најмалку љубов, а дури ни омраза, мислам дека можам да се заљубам и тоа мнооогу.
     
  9. tockaa

    tockaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    пред еден месец раскинав со момчето со кое бев во врска 2 години и 2 месеци ... во последните месеци многу разлислував на тоа
    За мене се беше навика едноставно чуствата кон него исчезнаа ... не беше то шо беше на почетокот
    Во меѓувреме почнав да се слушам со едно машко (се почна преку фб ) иначе ми беше симпатија дооолго време ... почнав да чуствувам нешто кон него
    Сеуште сме немале ништо ... но бившиот како да забележува дека има нешто меѓу нас
    Едноставно не престанува да ме следи ... несмејам да мрднам од него
    Се раздеивме пријателски ... му кажав дека нема шанси пак да продолжиме но тој не престанува да си се надева.
    Ми зборува демек многу сум се сменила во последно време ... се очекувал но не и тоа (тие се познаваат мало гратче е секој со секого се знај :^) ) дека со него ке си разменувам погледи нз што уште не
    А и машково сети дека нешто тој знај сомнително му се пулел (а никаде ни сме биле заедно ни не видел некој ... )

    Сакам да почнам врска со него (и тој нешто чека но незнам што чека за да превземи нешто - можеби чека да помини време од мојата разделба со бившиот но нз )... ама бившиот не ме остава на мира
    Ќе треба скроз да прекинам секаков контакт со него за да бидам мирна изгледа ... несакам така да биди ни изгледа мора
     
  10. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Мислам дека после долга врска најубаво е да се биде извесно време сам. Јас имав да кажам слична ситуација и искрено. Само што јас раскинав 4 годишна врска и и во истиот ден се фатив со друг дечко со кој го варав дечко ми краток период. Е сега причината за раскинувањето не беше тоа него баш монотоноста и навиката. Мислам дека би било поубаво да можев да почекам некој период ама ее веќе бидна. Во врска сум со овој вториов веќе две години и поубаво ми од кога и да било.
     
  11. vasileva

    vasileva Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Уффф не знам од кај да почнам...не знам ни дали ми е за овде темава...што кога ќе ви речат дај ми време?
    Во врска сум 3 години, не сме од ист град (оддалечени сме 150 км, а до сега додека студиравме бевме оддалечени околу 50 км ) ама добро дотуркавме, се беше во ред сакање, безусловна доверба, почитување, заеднички планови...
    На почеток јас имав проблеми со моите и многу несогласувања (кои и до денес ги има ама ретко) демек како од друг град ко да овде нема, не ги познаваш, па немаш никој таму и слично...но сепак не застанав и се борев за мојата љубов...ме исполнуваше чувството да сум сакана и да сакам...
    Е сега пред некој месец неговите се побунија ко видоја дека навистина врската ни е озбилна и имаме заеднички планови, истото и тие тешко е и да сте заедно во иднина ќе ви е многу тешко, па и финансиски, само си губите време, па не е за тебе, не си одговарате, можиш и од овде да нјадиш, дури почнаа и мани да ми барат...само не ми е јасно кај беа до сега зошто дури после толку време почна да им смета се а до сеа буквално ништо немаа речено...
    Овие 2 месеци не знам кај сум буквално шокирана сум, без коментар сум, се гледам на мирен начин да се среди и покрај тоа што на јазик ми се грст погрдни зборови. Со дечко ми уште сме во контакт некои денови е како ништо да не било ми вели да заборавам се лошо дека и тој ќе се борел за нас дека мѕ било убаво со мене и дека сме немале никакви проблеми до сега во врската, а некој пат е некако исплашен леле како ќе биде не знам што да правам не си прифатена од овде тешко ќе биде...и да си дајме време, еден период да не контактираме, да размислиме што понатаму дали да продолжиме или да прекиниме.
    Ама јас не знам уште колку ке издржам, се чувствувам ептен повредено и се мислам дали да ја прекинам врската макар што тоа би ми била последна опција, зошто знам дека постои љубов, согласувања и начин да бидеме заедно.
     
  12. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    драга василева ништо не е невозможно денеска, знаеш и самата, ако ти ти деЧково се сакате јас мислам дека ќе успеете да се изборите за вашата љубов и да им докаЖете на другите дека се сакате, што се однесува до родителите ќе те посоветувам да направиш муабет и да и дадиш до знаење дека не е баш така како тие што мислат. на нив сега малку и е шуто незнам како да се изјаснам затоа што виделе дека нивното девојЧе веќе е во сериозна врска и пораснало и немоЖат да се превикнат на тоа.и самата знаеш дека родителите никогаш не мислат лошо за своите деца затоа мој совет е и двајцата да седните да поразговарате, мислам дека тие заслуЖуваат објаснување од ваша страна. моЖеби преЧката не е само во тоа??! моЖеби е др нешто, потруди се да дознаеш и ти и тој, прво седнете со деЧкоти договорете се и онда следува вториот Чекор да разговарате со вашите, јас верувам во тоа дека ако се докаЖате ќе се смени целата ситуција. ти посакувам мн среќа ;)
     
  13. vasileva

    vasileva Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Со него разговарам цело време само секогаш избегнуваме на оваа тема да правиме муабет или кога ќе покушаме да правиме муабетот се сведува на тоа дека моментално ништо не е јасно и дека е потребно време да помине целава еуфорија, а и ние двајцата да се оддалечиме некое време.
    Пробавме и така ама ни 3 дена не издржавме и се беше по старо во најдобар ред, ама еве сега пак бара време да се осети сам да си ги среди мислите а истото и за мене важи па да одлучиме заедно после за понатаму...само јас мислам дека ништо нема да се смени и после одреден период или дека нема да е на поарно.
     
  14. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    како и да е тоа е ваша одлука, ако сте решле така тогаш сметате дека тоа е решнието мада по сево ова што го проЧитав се гледа дека се сакате и пак ке потклекнете на Чуствата за ден два, барем ако така сте решиле воздрЖете се да ја поЧитувате одлуката, па што е твое ке си дојде знаеши самата.
     
    На vasileva му/ѝ се допаѓа ова.
  15. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Добро ти кажаа другите, разговор е нешто што е најважно во секоја врска. И немој да мислиш дека си сама, на голем дел од нас ни се случиле вакви работи во врските. Мене лично ми се случи негде после 2-рата или 3-тата година како одев со дечкото родителите почнаа да ми држат лекциии ред други работи. Но јас бев упорна, им докажав на многу начини дека го сакам. Го увидоа тоа и се повлекоа. Не ми е јасно зошто сакате да прекинете, доколку се сакате? Баш напротив доколку постои взаемна љубов и разбирање сите проблеми можат да се решат. И немој да се секираш, ова е една од лекциите во животот кои треба да ги научиш и кои ке те направат посилна.
     
  16. vasileva

    vasileva Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Да да...фала ви многу женски, се надевам дека се ќе биде во ред, не верував дека ќе може некој да ме разбере.
    И јас исто сум упорна и моите родители речиси се повлекоа, а сега па се јавија тие од другата страна што досега беа толку смирени и ништо не му сметаше и да ви кажам се чувствував баш како да сум освоила една битка, дека го решив проблемот со моите, а од друга страна веднаш после тоа ме соборија на некој начин, ми ја скратија раодста а и од секогаш сум мислела кога ќе ти речат дај ми време веќе љубов не постои, зошто за мене во врската не треба да има паузи.
     
  17. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    василева јас кога им каЖав на мојте за мојата врска тие не рекоа ништо, отпосле како гледаа дека минуваат деновиве а ние сме мн по сериозни поЧна од типот па ова па она да не образлоЖувам сега. а јас кратко и јасно седнав и им реков слушајте јас го сакам деЧково јас сум среќна со него зарем вие не би биле среќни кога вашата керка е среќна?? зараем се запрашавте колку ми е убаво со него?!! зарем потоа вие ке Живеете со него? не секако, јас ке Живејам, и јас сум така среќна. отккао им го објаснив ова тие останаа вака :x ништо не рекоа а откако помина и извесно време увидеа дека тој е прекрасен Човек и сега е се океј фала богу.
    на родителите е тешко да се навикнат, да сватат дека нивното мало девојЧе веќе порасна и има сериозна врска и ги разбирам фала богу, и така се бунтуваат малку, но секое Чудо трае 3 дена потоа увидат и си легнат на брашното. ова драга василева ти го каЖувам од моево искуство. биди ми поздравена.
     
  18. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Денес раскинав после врска од 1 година и 8 месеци.
    Не идеше.. престана да се труди, крена раце од нас и од мене. Не правеше да се чувствувам убаво, сакано и среќно.
    Тешко ми е ,чудно ми е , необично ми е...
    Нова врска не ми е ни на крај памет, ама никогаш не вели никогаш. Се може да се случи..
    Сега ми треба време да се прилагодам на тоа дека сум сингл, и да се посветам на себе си :)
    Си велам ќе помине и ова... знам.. верувам.. :)
     
  19. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Не брзај, уживај си малце во сингл животот, види како е што е и што сакаш. Тешко е, чудно е, но што е тука е. На крајот се' е онака како што требало да биде. Башка и гледам дека имаш 17 години ( ако ти се точни годините ) и верувај премногу е рано за сериозности. :hai:
     
  20. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Да ,имам 17 години :) И сега сум свесна дека рано влетав во посериозна врска. Ама тоа е, нема назад :)
    Фала ти Dee :)