babylove овошни кашички

Врска по огромно разочарување ...

Дискусија во 'Сингл' започната од alone-in-the-dark, 11 јануари 2014.

  1. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    36
    Дали воопшто може да се размислува позитивно по најголемото разочарување од љубовта на сопствениот живот :worried:
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.886
    Не. Условот е да имаш мозок, воопшто да размислуваш.
     
  3. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Мојот одговор на ова е дека не треба може, туку мора да се размислува позитивно.
    Што би правеле како човечки суштества ако не размислуваме оптимистички, како би опстанале? :^)
    Со тек на време ќе ти заздрават раните од тоа разочарување, сечиј живот е исполнет и со среќа, но и со разочарувања, така да што и да е ќе помине. ;)
    Ќе сретнеш уште поголема љубов, оној вистинскиот ќе се појави порано или подоцна. ;)
     
  4. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    36
    Станува збор за среќавање на вистинската :fubar: Но што ако љубовта кон старата била огромна и едноставно со месеци не можете да размислувате на друга тема :envy:
     
  5. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    36
    ?????????????
     
  6. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Па едноставно мораш да се обидеш да размислуваш за нешто друго, да правиш нешто што го сакаш и што те исполнува, па со тоа можеби би заборавила на него. :)
     
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.142
    Допаѓања:
    69.908
    Пол:
    Женски
    Секако дека позитивно треба да се гледа на иднината колку и да билело разочарувањето сепак времето лечи се ... тоа не е кажано за џабе .Мој совет ти е да размислуваш позитивно и да се надеваш на нешто подобро во иднина :)
     
    На alone-in-the-dark му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.390

    Љубовта на сопствениот живот.. |(
    Преголем епитет даваш на човек,од кој си се разочарала.
    Нели саканиот по дифолт никогаш не би не повредил,или никогаш не би не разочарал?
    Ако веќе не разочарал,значи не е тој,вистинскиот.
    Со една реченица не може да го разбереме проблемот.Не знам дали сеуште сте заедно,и кое е тоа разочарување,но секако дека треба да се размислува позитивно.
    Колку позитивни се нашите мисли,толку повеќе имаме надеж за подобро утре.
    Секој секогаш таму некаде некој разочарува,но и секогаш таму некаде има некој кој чека да ни се докаже и да не не' разочара.Наше е кој тој некој ќе го одбереме. :)
     
    На Βικτωρία, Thallia и alone-in-the-dark им се допаѓа ова.
  9. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    36
    Па веројатно да - во право си не е вистинската личност штом разочарува , туку само љубовта кон неа била вистинска - за жал
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    "Вистинскиот" не значи дека е еден и единствен. Луѓето се вљубуваат и одљубуваат, вложуваат напори за сочувување на врската или се откажуваат и тоа е тоа. Ќе има луѓе со кои ќе се поврзеш на секој можен начин и луѓе со кои никогаш нема да можеш да се најдеш на иста фрекфенција. Ќе имаш врски во кои ќе имаш се друго освен љубов и обратно. Врските некогаш се менуваат, добиваат друга димензија или доаѓаат до точка кога веќе ништо не е како што било. Ќе се најдеш во ситуации кога оној што некогаш за тебе бил "вистинскиот", повеќе не е. А ако живееш со мислата дека тој ти бил сродната душа, никогаш нема да го заборавиш. Само ќе му придаваш преголемо значење, ќе го величиш во својата глава, за на крајот да дојдеш до ситуација кога тој ќе биде само илузија.
     
    На SunshineYo, kjukli, Gioia и 4 други им се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.667
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Mоже,а и треба.Cекоја љубов или врска си е посебна сама по себе и не може да се постоветува со ниедна друга.Cе зависи од нас самите,како ги перципираме работите и каква енергија пренесуваме.Mислам дека никогаш нема да е исто повеќе по раскинот или разочарувањето,но животот оди понатаму :) .Aко се сака,се се може,така да љубовта не мора да биде насочена само кон таа личност која очигледно ти си ја идеализирал.
    A зошто не можеш да примаш лични пораки :?:
     
    На Елена.Елена12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.622
    Допаѓања:
    31.163
    Пол:
    Женски
    Секако дека може и треба да се размислува позитивно.Животот е пред тебе колку и да си возрасна.Не постојат никакви оправдувања и изговори.Секој од нас е посебен на свој начин.Можеби и тој не бил вистинскиот за тебе.И по една ваква ситуација,верувај не очајуваме толку многу за личноста,туку водени од идеалот каде сега и што потоа сами си создаваме лавиринти за да не дојдеме до излезот.Копнееме за моментите и пред се навиката да бидеме со тој некој.
    Биди цврста, верувај во себе и љубовта ќе ја почувствуваш.
     
    На alone-in-the-dark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    36
    Веројатно нешто околу подесувањата , сега променив нешто па веројатно ќе можам да примам пораки , поздрав и фала за советите
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    кога ќе се сетам колку време,енергија имам потрошено на љубовните јадосувања па сега смешничко ми е и онака по малку cute,ама се во свое време,по тој тежок период,само од себе ќе ти дојде да се опуштиш и уживаш во повторното спознавање на некоја нова љубов/љубови,некој ќе бидат интензивни и краткотрајни ама од сите нив ќе се искристализира онаа во која ти и тој обостарно ќе се сакате,почитувате,цените и уживате во тоа што го создавате,само имај верба во тоа и тоа во што веруваш со тек на време ќе ти се оствари.
     
    На alone-in-the-dark му/ѝ се допаѓа ова.
  15. love-cat19

    love-cat19 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    31
    Уф ,па секако дека треба да се размислува позитивно.Животот не е само една година,ке сакаш ,мразиш,повторно ке се заљубиш,повторно разочараш.Ништо страшно,се е до оптимизмот на човекот.Ако си доволно храбар да затвориш еден пат,и да си отвориш нов,тогаш животот ти е една авантура ,со малку трнливост ,многуу надеж.Едно разочарување не е толку страшно за да те спречи да го живееш својот сон. :)
     
    На alone-in-the-dark му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    18.418
    Сите во животот сме доживеале разочарувања во љубовта, и во првите моменти размислуваме дека тука е нашиот крај... Од лично искуство ти кажувам дека мора да оставиш на времето да ти ги залечи малку раните, но никако ама никако не смееш да дозволиш да паднеш во депресија.
    Нормално дека не можеш веднаш да размислуваш позитивно, мора да си дадеш малку време себе си пред да се впуштиш во нова врска, но секое лошо е за добро, јас верувам во тоа, а се надевам дека и тебе времето ќе ти покаже (како што ми покажа мене) дека е навистина така.
    Само треба да си силна и да веруваш во себе, после дождот доаѓа сонце, нели?
     
    На Umbrella22 и alone-in-the-dark им се допаѓа ова.
  17. Ahtaaljubov

    Ahtaaljubov Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Не се плаши да се вљубиш после некое лошо искуство... ако си била среќна со погрешната личност, замисли колку ќе бидеш среќна со вистинската! :)
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.949
    Допаѓања:
    52.679
    Пол:
    Женски
    Тешко е, но не е невозможно.
     
    На Елена.Елена12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Елена.Елена12

    Елена.Елена12 Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Imav nesto vo zivotov sto samo ednas se ima,poim za sovrsen decko( ajde da ne me kritikuvate deka sovrsenstvoto ne postoi,blisku do sovrsenstvoto) navodno bil zenkar porano,taka mi zborele ne znam mozno e,go sakav premnogu dovolno mi bese da se razbudam do nego i znaev deka celiot svet e moj,i deka stan na menheten ne bi me izraduval tolku kolku budenjeto do nego,ziveevme zaedno ,ako sum mislela deka oblekuvanjeto na omileniot dzemper e ubavo cuvstvo sum zgresila,nemase poubavo custvo od utrinsko kafe pienje so nego (ziveevme zaedno),mi bese se i ke izlazam deka vekje ne mi e. Vo pravo bile premnogu e ubavo za da trae dolgo,nikogas ne od kriv sto se smeni i kako i zasto samo znam od ednas zavrsi sve osven sto ne nema nas sto ne postoime i jas se smeniv, So sekoe zaminuvanje na nekoja licnost od nasiot zivot se menuvame,ne primetuvame nekogas no da tocno e,i da ni se skrsi omilenata solja ke ni bide zal,sekoj si zaminuva so pricina,sekoj den e razlicen a nie sme sekoj den po razlicni od vcera ..
     
    На mila1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.825
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Можам да претпоставам како ти е, и во каква ситуација се наоѓаш.
    Кога сите заеднички моменти, проследени со вашиот дом со љубов страст лоши и добри работи паднале во неповрад.
    Само едно би ти кажала, знај дека секое лошо е за добро и знај дека после дождот огрева сонце, знај дека и кога најмалку очекуваш животот ќе ти се насмевне, а времето лечи се.
    Кога животот ќе ти се насмевне и времето ке пројде конечно ќе заборавиш на минатото и ќе живееш во твојата сегашност.
    Мислам дека ми го разбра поимот и советот, со среќа.