И пo нaјмaлoтo рaзoчaрувaње никoгaш не гледaме сo исти oчи нa светoт штo oд некoјa стрaнa е и мнoгу дoбрo. Не зa џaбе велaт декa се штo не те убивa те прaви пoсилен. Сметaм декa универзумoт е еднo oгрoмнo oгледaлo нa кoе се рефлектирa се штo прaвиме и ни се врaќa. Нa тaквa пaрaлелa стoјaт сите спрoтивнoсти. Секoе злo зa дoбрo. Секoјa бoлкa зa зaштитa. Сo секoе рaзoчaрувaње гледaме пoшoрoкo и гo зaбележувaме секoј детaл, се' сo цел дa се зaштитиме oд пoвтoрнo пoвредувaње. Се зaвиси oд нaс сaмите. Нa крaј никoј не би јa ценел среќaтa, aкo ниту еднaш не пoчувствувaл тaгa. Ах кoлку ми се филoзoфирa денес
После се се сменив , после тоа кога ти бил се па заминал и оставил. Затоа сега за да почнам живот со друг маж ке поминат години , без разлика колку ке го засакам немам верба веке тоа е. Си имам нов живот single не ми фали ништо но сјајот во моите очи исчезна , сега очите и срцето мое светат за керками ❤ .
Преголемо значење им давате на врските. Прекрасно е да имаш некого кој ќе ти биде и најдобар пријател и љубовник но толкаво приврзување и такви драматични разочарувања не ви се потребни во животот. Разбирам дека некои луѓе се поемотивни од другите но зошто толку лесно да му дозволиш некому да те скрши, зошто целосно да ставиш некого пред себе посебно ако станува збор за тазе врска? Секогаш негувај се самата себеси и гледај да бидеш среќна, ако си среќна со него уживај и не очекувај премногу, луѓето доаѓаат и си заминуваат - ти остануваш.
Се согласувам со тебе и додека бев во врска не дозволував да ме скршат , кога стапив во брак и ме згазија за сите пари е тогаш се затворив за секогаш !
Лесно е да кажете дека после огромно разочарување треба да се гледа со поинакви очи, дека треба пак да се даде шанса. Прекрасни беа часовите поминати заедно, моментите, но да знаеш дека има голема веројатност дека нема да видиш некој што ти значел и што си мислел дека имаш иднина со него е најдолно нешто. Добиваш секакви знаци дека сака да се гледа со тебе, дека сака иднина со тебе и прекинува контакт. Незрела личност, не знае што сака. Не би сакала да се впуштам во нешто такво уште еднаш. Никогаш ! Треба многу време да помине, за да ми помине лошото искуство.
Еј еј еј, стварно драматизирате. Сум имала секакви врски, од врски-заебанција, до врски од по година и повеќе. Некои ги сфаќав и пресериозно, и се давав целата себе во нив. Разочарување, па што? Светот ни запира, ни па нема да верувам на друг затоа што некојси трет ме лажел, или ме тепал, или изневерувал. Секој е индивидуално за себе. Неможам да не му верувам на маж ми, затоа што ме лажел некој си пред 5 години. Барате изговори за сопствените стравови. Глупости, никогаш не ми било јасно зошто не би му верувала на некој затоа што некој пред него ме лажел? Па никогаш повеќе немало да биде како што било, никогаш повеќе немало да верувам ко што верував, приказни за шпански серии. Моите беа 25 години во брак, па се разведоа, ене ги секој со својот живот продолжи, ни мајка ми скокна в бунар, ни татко ми се обеси или се зарече дека нема веќе да се жени никогаш. Соочете се со своите неуспеси и продолжете со животите, не туку се самосожалувајте безвезе.
Мора малку повеќе да драматизираме на форум, од колку во вистинскиот живот. Ќе си дојде се што треба, како што рече и сама луѓето се разведуваат после толку години, нема смисла прекинувањето после врска да се гледа како оргомно разочарување. Разочарување е, зошто си се трудел, ама не огромно. Поминува се со тек на време