Форумџика на годината

Врска со партнер различен од вас

Дискусија во 'Врски' започната од sj *O*, 18 декември 2022.

  1. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    3.124
    Пол:
    Женски
    Оваа тема не е "Каков тип на маж сакате до вас?" бидејќи не се однесува на особини од типот на: да е искрен, паметен, лојален, згоден и сл. Се однесува на партнер со (малку) поразлилен карактер, ставови, уверувања од вашите (секако не со дијаметрално спротивни).

    Што мислите за врски каде партнерите не се слични на себе? Дали може да успее таква врска? Сте биле во таква врска? Може да се замислите со партнер кој не е ист како вас?

    * ако постои ваква тема може во канта
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.245
    Допаѓања:
    170.367
    Јас мислам дека ако не се скроз скроз различни можно е да се функционира
    А во ситуација кога он е скроз различен од вас фрустрација се развива и нема да можеш да функционираш
    Ја од себе ке си тргнам
    пример
    Јас сум емотивец ,ми треба време да се опуштам и заљубам да но потоа си искажувам чуства сакам да му кажам пример дека го сакам дека ми значи такви работи и фрустрира коа од другата страна не го добиваш истото
    Некој ке рече ако покажува со дела е ок не мора и да го каже со уста
    Да така е ама и не е така со тек на време фрустрира и ке ви скисне една ден ке се отерате у курац и ке го откачите

    Ова е само една банална работа кога имаш врска /брак со различен партнер од тебе
    За животни прашања од типот на деца кука стан со без родители ако немаш заеднички ставови пиши пропало уште на старт
     
    На dayla, sj *O*, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  3. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    3.862
    Moze, ama ke ima dosta karanici. Si kazuvam od sebe, zaedno so maz mi sme 12 godini, mnogu sme razlicni i vo karakter i vo pogled na zelbi, hobi, ma bukvalno vo se, ni hrana, muzika, ne sakame ista. Se sakame mnogu, ama i znaeme da se zakarame cesto, razlikite si go pravat svoeto.
    Da dodadam i toa sto go spomnala @ALISA0000 jas sakam nekoj da mi kazuva cesto deka me saka, a on ne e takov, i za toa se karame, on mi kazal deka me saka i nemalo promena, ako imalo ke me izvestel, e togas mi ide so drvo po glava da go aknam :) ete i za toa sme razlicni, vo vrska ne se primetuvase tolku, ama vo brak da..
     
    На Izaabella, TarantulaA, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Како вика физиката
    Плус и минус се привлекуваат
    Сум била поблиска со луѓе со не толку слични размислувања од моите, ама не успевало ради некои глупи Х причини.
    Можам сотаков чоек, доколку ептен не сме на различна бранова должина
     
    На L.i.n.a.a и sj *O* им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.657
    Допаѓања:
    79.555
    Пол:
    Женски
    Колку и да се сакате, со партнер тотално различен од вас ќе се карате за сешто. Со сличен, повеќе ќе се разбирате и согласувате, значи помалку караници и повеќе хармонија. То е то.
     
    На Amellie13, MarijaMi90, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Доколку не сте различни во битните работи: да имате исти принципи, исти цели за животот и исти core вредности, може да сте тотално различни за сѐ останато и да имате сосема здрава и успешна врска. Доколку имате сосема различни уверувања, многу тешко таква врска да успее.
     
    На Ugly Duckling, boo3, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.894

    Супер тема (y)

    Сети се само на муабетите кои си ги слушала или читала дека успешна врска и брак се гради на заедничка поддршка, меѓусебно разбирање , почитување, посветување време, заедничко планирање, па дури и зедничко глупирање :l: :inlove:


    [​IMG]

    Е сега стај се во ситуација да си со некој кој си има други планови , размислувања различни од твоите.

    Како ќе останеш со некој таков кога немате заеднички работи, како ќе очекуваш тој некој различен да те поддржува во нешто за кое има скроз друго мислење различно од твоето.

    Треба да ти биде убаво во друштво на партнерот, а не ради различни ставови да се брецате у фаца па макар и на заебанции, еден ден ќе ви дојде преку глава и ќе се изладат односите.

    Он на една страна, ти на друга страна.
     
    На Snowflake97, marlonbrando69, Nikolina35 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.650
    Допаѓања:
    167.790
    Пол:
    Женски
    Зависи какви разлики.

    Ако е ист ко мене - ми е досадно. Не можам да разменам различни идеи, мисли поразлични со некој шо е секогаш ист ко мене и то ме клава во "меурче". Јас неќам да сум во меурче. Сакам партнер да можи да ми се спротистави во мислењата и уз дискусија да научам нешто.

    Исто сакам партнер со нијанса различни потреби во поглед забава. Сакам да прам нешто ново, а не секогаш знам шо, а ако знам шо, не сум секогаш отворена да прам нешто сама.

    Емоционално јас сакам простор, а во исто време знам да сум лепак. Дефинитивно сакам некој сличен на себе оти некој шо е нон стоп оддалечен или нон стоп залепен за мене, можи да ми ја крени анксиозноста за едната ситуација или да ме гуши за втората ситуација ( чист пример последниов).

    За различен од мене многу зависи каква е та различност. Си имам одредени водилки шо ги имам и за нив не сум отворена за компромис. Ако ми ги загрозва, еве да речам, тие принципи - н и к о г а ш нема да функционира. Се дур не влегва во та територија можи да функционира. Пример не можам да се видам со сексист шо можи ќе прокоментира дека некоја си го барала. Или хомофоб кога не само шо можи да е опасен за некој шо го сакам, не знам во иднина мое дете какво ќе е. Пробвам да кажам, идиот е огромна разлика шо не ја толерирам. :D

    Исто не можам да се видам со некој шо сака 2+ деца, ко мене 2 ми е a stretch. Исто шо, во потенцијален партнер прам брза математика дали би одговарал и за родител. Можда звучи глупо ама си имам одредени приоритети во глата и ова е нешто шо испитвам. Или поглед кон брак. Вакви работи, различности во вакви работи се make it or break it. Ако тука некоја страна попушти - ќе толерира. Нема да ужива.

    Заклучок: неќам да толерирам. Неќам да ме толерират. Ама сакам "невин" предизвик. Ако романтична врска се сведи на толерирање - пиши пропало. Треба да сме исти во работите за кои не би попуштиле. Се друго е компромис. А реалноста е дека сите имаме нешто за шо цврсто се држиме.
     
    Последна измена: 18 декември 2022
    На Ketchup, Izaabella, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  9. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Секоја врска може да успее и да трае доколку парот се држи на страна од туѓи сугерирања, мислења, препораки.
     
    На MarijaMi90 и sj *O* им се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    You have to "settle for" if you expect to "settle in"..
    Рече едно мудро човече.
    Се разбира дека сме сите различни.
    Многу сум различна со маж ми. Имаме и заеднички : љубов, хумор, привлечност, другарство...
    Он е во принцип практичен дисциплиниран интроверт, јас сум па...ај да речеме далеку од тоа..
    Ама го правам среќен, бар така вели, и затоа ги толерира моите мани. И јас неговите. Да не беше така, немаше сеуште заедно да бидеме сеуште. Оти на почеток се е розево, после идат искушенијата.
    Сите со кои сум била биле различни, но ако има дилбрејкер не би можела: скржавштина, себичност, лажење, крајна десница, некој со истетовиран крст/светец/мијалков, сељачизам и ренесанса, мрза и неинтелигентност.
    Не сум ни јас совршена па да барам некој што 99% е топ.
    Среќа е 65% ( ова пак од "премудри" пренесено) да се поклопувате..за другото, има другар/к/и, семејство, хоби бла бла...
    Плус се менуваме. Ако разликите станат преголеми, веројатно сме се надраснеле и ако не бидам среќна не би останала по секоја цена со никого...
     
    На Frosty!, M.B., Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Памела77

    Памела77 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Не,не и не.Пропаст е тоа
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Не. Разликите се секогаш проблем и од почеток прават да е потешка врската. Ретко кој успева да ги надмине, многу ретко. Различна вера, различни ставови, различен менталитет, различни желби во животот итн. Се што е различно за врска/брак може да е голем проблем.
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Јас не би можела со некој различен од мене, со ова најмногу се согласувам, многу точно е.
    Не може да бидеш со некој ако тој нема исти ставови како тебе, ако сака да живее во заедница со неговите и не му е важен мирот. Или ако ти сакаш само едно дете, а тој 2, 3 или повеќе и не се помирува да има само 1 дете, па секој однос да ти биде налет, да не случајно му текне некоја глупост да направи без твоја дозвола... Или ако ти си строг родител, а тој премногу попустлив... Или ако ти си личност која сака повеќе дома да седи, а тој повеќе сака да шета и да не се врти дома, нормално триста кавги ќе избијат, а со тоа врската/бракот кога и да е ќе пукне. Или ако ти сакаш домаќински да трошиш и да штедиш, а тој ако сака да се расфрла со пари и да го живее секој ден ко да е последен, не мислејќи дали ќе има пари за утре или ќе треба да моли, да позајмува, да зема кредити... Некој ќе рече треба баланс, еднаш едниот ќе попушти, друг пат другиот ќе попушти, ама сето тоа фрустрира кога треба да направиш нешто што не го сакаш само ,,за мир во куќа", особено за некои важни работи од кои не можеш туку така да отстапиш од својата црвена линија како за живот во заедница, број на деца, не може да попуштиш да живееш во заедница, само за тој да се согласи да имате само 1 дете, а не и повеќе.
    Затоа секој треба да си бара партнер како него, можеби не може да се најде буквално ист, ама да е некој сличен.
    Па дури како што кажа членката и поситни работи како начин на искажување љубов и внимание ако не се исти/слични пак ќе бидат причина за да има некое незадоволство.
    Или еве и да не е за љубов, романтика, нека е и за домашни обврски, ако тој сака да се однесува како гостин дома, ако е со размислување дека е срамота мажот да готви, пере, чисти, тогаш не ми треба таков. Или ако е некој кој треба по сто пати да го боцкам да направи нешто, да заврши некоја обврска, а јас сум личност која сака сè на време да е завршено, а не во 5 до 12 или уште полошо во 12 и 5, е тогаш не би можела така да функционирам.
     
    На Herrera, ALISA0000, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Јас со сопругот сме тотална различност во секој поглед, дали се работи за музика, филмови, спорт (секогаш заземаме страна на најголемите ривали), тој е премногу религиозен, јас и не баш, исто имаме голема разлика во степенот на образование, тој лесно избувнува, тешко поднесува болести кога се работи за детето, јас сум поцврст карактер и посмирен, тој е повеќе конвенционален, единствено нешто по кое сме исти е тоа што сме двајцата емотивни.

    Според нашето искуство не е битно дали ќе се согласувате или не кога се во прашање различни теми и сфери во животот, битно е дали сте спремни да ги прифатите различностите и да ги почитувате ставовите, да се почитувате како личности, да сте искрени и отворени, а кога постои љубов разликите и воопшто не се битни.
     
    На boomsleng, Izaabella, Dilajla123 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.063
    Допаѓања:
    55.581
    Пол:
    Женски
    Спротивно на популарното верување, спротивностите не се привлекуваат, барем не кај луѓето кога станува збор за барање партнер, мое мислење.

    Би преферирала што помалку разлики со партнер. На пример, позитивна разлика што би ја прифатила е некој кој е многу социјален, сака да се дружи, да зборува и има големо друштво, можи секогаш да излези со некој. Јас сум позатворена личност и немам голем круг на пријатели, не можам да излезам со некој секогаш кога сакам. Можеби ова е поради тоа што јас посакувам да бев поинаква во овој аспект.

    Разлика која никогаш во милион години не би ја прифатила е некој што од дома не можеш да го истераш, couch potato, пицајзла, не сака да патува и шета и тоа го смета ко губење време и пари за џабе. Него му е доволна авантура одењето до локалниот маркет. Едноставно и за прошетка низ град или во природа може да станува збор. За мене совршено слободно време е да излезам и прошетам. Секако дека сакам и да останам дома со едноставно филм гледање да поминеме, ама не секогаш, не пречесто.
    Навидум банална но според мене битна особина знае да е и каква музика слуша, бидејќи нема да можам да поднесам некој што омилен му е Аца Лукас и сличните.

    Така да, што помалку разлики меѓу нас тоа подобро. Особено во клучни прашања, вредности и deal breakers, тука мора исти да сме.. Што не значи дека не сакам некој со кого ќе имаме различно мислење на некои теми. Ама има разлика меѓу тоа и општо разлики меѓу вас ко личности.
     
    На Ugly Duckling, christinnn и sj *O* им се допаѓа ова.
  16. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Можеби може да успее, но тешко.
    Со различни мислења, ќе дојде до различни ставови а тоа може да предизвика големи недоразбирања, од тука и нарушување на односите.
     
    На Billy Idol, cresa-jagoda и sj *O* им се допаѓа ова.
  17. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    И јас и маж ми сме премногу различни. Отпрвин тоа многу ми сметаше, во траење на неколку години. Тогаш се случија низа околности, предизвици во животот, по што сфатив дека всушност во повеќето нешта, неговите особини се подобри од моите. Тој го има тоа што мене ми недостасува, јас имам особини кои конкретно кај него се застапени во многу помал степен. Имам размислувано многу на таа тема, дали би сакала некој како мене. Одговорот е НЕ. Не сакам партнерот да ми биде огледало во кое ќе се огледувам. Сакам да ми биде предизвик, поттик, мотивација, рамо, стожер. Тоа и го добив. Не секогаш животот е лесен, и тој е повеќе од “сакаме исти филмови и музика“, многу повеќе, и мене ми е важно тој да ми посочи некогаш ако грешам некаде. И до ден денес тој ми е најголемата инспирација и мистерија во животот која секогаш ќе сакам да ја решавам, а никогаш нема да ја откријам целосно. Така се учам и се развивам. Плус, мене ми е интересно со него и се смееме нон-стоп како деца, и ме прави среќна. Но кога треба да здружиме сили, стоиме цврсто.
     
    Последна измена: 19 декември 2022
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.187
    Допаѓања:
    39.862
    Пол:
    Машки
    Премногу различни карактери се лоши, ама и премногу слични не одговараат.

    Најбитно е разликите да бидат комплементарни. Секој да го има оној дел од слагалицата која недостига кај другиот. :)
     
    На _beautyy_, INNERBEAUTY, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Зависи за какви разлики зборуваме тука. На пример ако е за нешто од типот јас сакам облека во шарени бои, тој највеќе сака облека само во црна/сива боја, или јас слушам техно и рок, тој метал и рок, не е нешто ненадминливо. Кај нас разликите се вакви ситници, но ништо не ни пречи зошто се ситници и освен проблем на шопинг за консултации каква боја патики пример да се одберат да се купат, друг проблем нема. :rofl:

    За животни прашања и битни работи имаме исти ставови и за вакво нешто сличностите се важни. Не може пример еден да не сака деца и брак, а на еден најважното нешто да му е деца да сака да има. Такви разлики тешко се надминливи. Не знам за што поточно прашуваш, вака е општо, не можеме ништо конкретно да ти кажеме.
    Што функционира за едни, за други може и да не функционира. Зависи и од луѓето колку се способни да направат компромис и прифаќање меѓу себе.
     
    На cresa-jagoda и sj *O* им се допаѓа ова.
  20. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    3.124
    Пол:
    Женски
    Наведено е погоре, еве
    Сигурно на никому не е проблем стилот на партнерот (освен ако не е во некакви крајности), или таквите се ретки :D
     
    На Bitter-Sweet и Dream-Girl им се допаѓа ова.