Дали сте биле во ваква врска? Кога сте сфатиле дека не е тоа тоа? Дали партнерот или партнерката биле повредени бидејќи мислеле дека љубовта им е возвратена? Јас бев во ваква врска, искрено на почетокот мислев дека сум заљубена во дечкото и дека тоа е тоа но по некое време се појави една личност од минатото и сфатив дека сеуште го немам преболено и понатаму како на "сила" ја терав врската, не му обрнував толку внимание но среќа за многу кратко време му раскинав. И ни на момент не се осетив лошо што ја прекинав таа врска бидејќи чувствував грижа на совест што не сум му нему посветена и ми се случи да излажам дека сум дома а јас всушност бев во друштво со другиот. Не изневерив нити имав некој разговор со него ама сепак не му кажав на дечко ми дека ќе бидам таа ноќ излезена туку дека сум дома и учам. Тогаш веќе знаев дека нема да биде ништо од таа врска. Споделете доколу имате слични искуства Едит: Дечкото примети дека нешто не е како што треба, не е дека не го сакав ама дефинитивно не бев заљубена како што он беше во мене. Можда и воопшто не бев заљубена. Беше повреден кога му раскинав затоа што мислел дека ќе бидеме долго заедно и искрено полош крај на врска до сега не сум имала.
Првата официјална врска ми беше со некој во кој не сум заљубена. Згоден беше ама мрднат за сите пари... Јас па мала 16 имав ама луге со сериозни психички проблеми не баш баш мирисав и тогаш. Другарките ми велеа дека јас не чинам кога велев дека не чини... Напамет после не ми паѓало да бидам со некој што не ми одговара...
Ne mozam da sfatam da sum vo vrska so nekoj za kogo nemam emocii. Nikogas ne sum bila vo takva vrska. Vrska znachi emocii ,ljubov . Mozebi temata e za vrski bez obvrski? Toa e moderna izmislica od USA na bolni umovi.
Ne mi e zamislivo da sum so nekoj ako nemam barem malku chuvstva sprema nego(ne vikam deka treba da sum zatreskana vo nego)da ima hemija megju nas.
Не ми беше обмислена темата во контекст на врски без обврски но доколку имате и такви ситуации може да се сподели. Главно ја отворив бидејќи влегов во сериозна врска во која на почетокот бев ептен сигурна во моите чувства и бев сигурна во тоа дека никој и ништо нема да ме премисли но се појави старата љубов и се се сруши.
@mira.mira темава е супер баш затоа што и покрај тоа што сме решиле да дадеме шанса сме ги изгубиле чувствата.Можеби никогаш не постоеле но сме замешале емоции... Инаку во врска со темата.Досега не сум имала многу врски само 3.Две од нив ми беа со луѓе кои не ги сакав.Да ме прашаш зошто не знамПрвата ми беше веднаш после мое преголемо заљубување во едно дете со кое се гледав.Меѓутоа за оваа врска баш ништо не чувствував едноставно некогаш не ми ни текнува дека сум била во врска.Меѓутоа и тој не ме сакаше менеОва е во едно човекот кој го изневерив и не се каам поради тоа.Е сега втората врска ми беше со дете кое многу ми се допаѓаше меѓутоа не бев заљубена во него.Го сакав само како пријател.Тој беше вљубен во менеМу раскинав без да направам нешто како изневерување затоа што не го заслужуваше ова. Многу е тешко да си во ваква врска.Исто како да си во затвор.Ја мразиш другата личност а знаеш дека таа личност не е крива.
Во врска сум веке година дена и се обидувам многу да не се вљубам онака по лабаво да ми е и така е најубаво никогаш не се вљубувајте многууу луѓеее.
Зашто да не се вљубиш? Мислиш дека нема да ти биде возвратено? Година ипол е доста долг период да си со човек за кого немаш емоции.
Јас би уживала во љубовта.Во љубовта се оди храбро.Знам можеби ќе бидеш повредена...Но што и да бидеш ако не си живеел и сакал.Ама да не случајно не можеш да достигнеш љубов а не да не сакаш?
Пред сегашниот дечко имав друг скоро година ипол. Почнавме врска скоро откако јас се разочарав од мојата прва голема љубов. Тогаш мислев дека сум заљубена, но, од оваа перспектива сфаќам дека тоа било само чувство на сигурност, мир. спокој, почит, и љубов но на некаков сосема различен начин. Сфатив дека тој ми бил само некаков вид на бегство од првата љубов. После една година заедно, почнаа да излегуваат работите на виделина, почнавме полека да се оддалечуваме, се беше јасно, само прашање беше кој ќе стави крај.
Еднаш се најдов во таква ситуација. Дечкото заљубен до уши а јас ич. Не ни знам зошто воопшто влегов во таа врска. За брзо го решив случајот. Тешко ми беше многу да го откачам, но морав во најбрзо време да расчистам зошто ме јадеше грижа на совест. Никаде не излеговме. Се нешто " бев зафатена" Многу размислував како да се оддалечам а да не го повредам, иако нормално се повреди бидејќи ептен беше заљубен. Ништо не му фалеше на дечкото. Убав, згоден, паметен, стабилен....но кад не иде не иде. Се случува понекогаш несвесно да налетаме во некои чудни ситуации. Но нема ништо поубаво од обострана љубов
дали ова е знак дека сме биле во врска со некој што не сме го сакале? Јас последната врска кога ја прекинав не се осетив лошо,не ме "болеше" .
Па да и бидејќи на некој начин се "ослободуваш" од таа врска затоа што знаеш длабоко во себе дека не си искрено среќна со тој човек и знаеш дека љубовта и среќата за тебе се на друга адреса.
а и јас бев убедена дека го сакам дека сум заљубена,4 години бевме во врска. Почуствував некоја психичка напнатост ама не знаев од што беше. А знаев дека тој ме сака,и убаво ми беше со него ама сепак имаше нешто што не можев да го издржам да го поднесам.
Сум била во ваква врска. Бев мала и сите другарки имаа дечковци па ајде и јас да не останам покусно од нив. Се најде тој па ете јас почувствував како е некој да ти обрнува внимание, па јас се фатив како риба за јадица. Врската беше долга, односдно не ни беше врска тоа се беше пишување по фб и слушање по телефон а живееме на 10 минути само јас малку изигравав дека не ме оставаат да излегувам, се правевме како што ќе речев јас, во таа година и пол ако излеговме некој 5 пати сами другите пати тој излезен со другарите јас со другарките па така да се сретнеме на 10 минути да се видиме Детето се затреска во мене, јас мислев дека сум заљубена ама од оваа перспектива сега сфаќам дека не сум била воопшто. Кога видов колку е часот не можев никако да го откачам, пробав да се одалечам, ми беше многу жал, ама што да правам кога не го сакав, немавме исти интереси, не ми одговараше карактерно џабе е. Тогаш се појави мојот сегашен лепотан па морав малце да изиграм и да го изневерам уствари. Мене ми олесна што се тргна а тој остана повреден. До некаде и благодарна му сум затоа што ми покажа какви мажи не сакам да имам во животов.
Starite ljubovi koi neslavno zavrshile se samo NASA iluzija koja ja sozdavame zatoa sto ne sme go napravile razgovorot na krajot I ne sme spodelile zborovi. Od site vrski vo mladosta mi ostana edna stara ljubov koja mislev deka bila sudena a neostvarena. Taa zavrshi togas, toj si najde druga, mi soopsti po telefon, ne sakase sredba I muabet.... Jas ostanav so prstot vo usta, traumatizirana do besvest, mlada....no zivotot prodolzuva. Po cetvrt vek , slucajna sredba, dvajca vozrasni semejni lugje. Toj me zdogleduva I me prashuva dali moze da me gushne, mu ostanalo merak. Jas zbuneta , dozvoluvam drugarska pregratka. I sleduva prikaznata deka nikogas ne me zaboravil I sakal barem edno kafe da pie. Posle taa pregratka sfakam deka starata ljubov bila moja iluzija, a toj ostanal ist manipulator na emocii kako I togas, upotrebuvajki isti zborovi , isti gestikulacii I isti finti. Mu zablogadariv na kosmosot sto me postedil od eden manipulant vo zivotot pomalku. Koga IMA ljubov megju dvajca taa nikogas nema da stane bivsha ljubov ili Stara ljubov bez razlika na uslovite vo koi ljubovta se razviva. Nedorechenosta I manipulaciite se prichina za emocionalnite traumi koi gi ziveeme vo iluzijata narechena stara ljubov, vechna neiskazena ljubov I dr. Ljubovta se zivee sekojdnevno I obostrano. Taa e realna so postapki, so megjusebno davanje I spodeluvanje. Ne si go gubete vremeto so lugje koi ne gi sakate I ne ziveete vo iluzija na bivshite ljubovi, izmachuvajki se do bezsvest so prasanjata sto bi bile koga bi bile... Ima I drugi majki koi rodile ubavi I dobri sinovi koi chekaat na vas. Ne e samo negovata majka koja rodila idol I bog. Sekoj podednakvo I dobro gushka ako IMA hemija megju vas, ve saka, ve pochituva....
Мене не ми годе да сум заљубена до уши во некој, искрено да сум со некој шо имам емоции се ама да не е претерано сакање не ми годе бидејки станувам многу посесивна и љубоморна