^^^ Некако не ми се верува дека е некој до толку вистински за да му е сеедно. Можеби и дека сум разведена, а знам и личности што го изгубиле животот а не го сретнале вистинскиот, така да, не верувам дека е некој толку вистински создаден за некој друг .Мислам дека се е компромис, а со таквиот стил само би му го отежнала компромисот. Инаку те разбирам, сигурно си помлада неколку години од мене, и сакаш се да пробаш.
па ти сама ќе се потрудиш да си го најдеш...на пр јас кога некој ќе каже дека му е важна бројката одма го ставам на игнор листа...и го бришам од потенцијал.Ако сакаш некој да те сака без разлика на бројката имај си свое јас,кажи му го својот став по тоа прашање и ќе видиш дека ќе се замисли .Јас не сакам мене некој да ја сака мојата бројка,или да ме сака за да се фали дека ми е прв или втор.Сакам да ме сака мене ,баш таква каква што сум.Тука ние самите ги правиме најголемите грешки.Зашто им дозволуваме на мажите да ни се понашаат како да сме нивна сопственост.
Знам, и јас не сакам некој така да ми се испонаша, поготово зашто сакам да сме рамноправни во се, ама за жал не иде така. И јас на тој што се мував му викав колку работи он има пробано што јас ги немам пробано, и онаква љубопитна се зезав на таа тема. Ама искрено, кога најмалце ќе очекуваш, ќе видиш колку е мал градов, и како секој со секој се знае, и мислам дека ако почнам така да се мувам како ќе ми дојде дека кога со некој ќе си се погодам, нема да му биде сеедно кога ќе почнат да му се смешкаат дечките во стил -што и правев јас. Можеби звуши ограничено, ама верувам дека сум во право. Ова и го кажував на една другарка повеќе години, не мислеше како мене, и си ги мењаше постојано. Сега кога виде како еден од тие се знае со еден друг, а таа не сака да се слушаат сега муабети за неа зашто се гледа со еден што и се допаѓа и сега дојде на мојот став и се мисли само да не дознае. Иако нема право да и рече типот за тоа што било пред него, сепак сигурно нема да му биде убаво кога ќе слушне. Не викам дека треба да се чуваме нешто претерано, туку треба сепак да пазиме од таквите зафрканции за една вечер, без потреба да не го зголемуваме бројот на дечки кои со право ќе можат да кажат дека биле со нас.
Врска за една вечер не постои. Само секс, мување што ти ја знам..не знам како гледате на нешто што ќе се случи во една ноќ дека ќе го кажете врска.. инаку не знам оти гледате на тоа како нешто драматично, како сите чисти Дани.. на повеќето верувам дека им се случило, не е нешто за осудување или не знам што.. младост/лудост..
Ја се сложувам со Икси, извини ама да сум маж, и да знам дека со пола Скопје се клецнала, и те како ќе ми е важно..
Ме изнасмеа, да не одиме во екстрема.. ниту е табу, ниту нешто ново.. не мора да си во алкохолизирана состојба да го направиш тоа, или не знам што.. али да си има последици некогаш..
Ако е пијана авантура, тогаш џабе муабетот. Не знаеш што се случило точно, само знаеш дека ако некој ти бил близок и си го легнал, веќе односот не ви е ист. Ако е на трезно, онда авантуарата не останува на еден секс, мување, што и да е. И девојките и дечките, знаат дали сакаат да заглават уште една вечер со вас, откако ќе ќе ви се спојат усните и ќе ве допрат со прсти на образ. Ако тоа го направите „вкусно“, ќе има и втор пат. Ако ви се десила таква авантура, ама не сакале по втор пат да се сретнат со вас, better work on ur magic. Ако дадете добар бакнеж и страст, секогаш ќе сакаат најмалку уште еднаш да се вплеткаат со вас. Така што, мојот конечен одговор е, врски за една вечер имаат оние кои се лоши љубовници или испиле премногу.
znaci vaka mi se sluci edno takvo muvanje sega pred nekja vecer bev pijana a i toj no jas nego veke2 ipol godini go sakam i dobri drugari sme so nego no toj toa ne go primetuva navistina mi bese ubavo no toj ima devojka so koja jas mnogu si ziveam i veke me sram da izlezam od stav da ja poglednam v oci navistina se kaaam nemozam da vi opisam kolku mi e tesko...ke ve molam eden sovet ako moze
Биднало тоа што не требало да бидне. Имаш 22 години мислам дека си требала да знаеш подобро, но нејсе, ти тука си пишала за совет и помош па нема да должам многу. Сега ништо. Ќе се обидеш да се однесуваш како ништо да не се случило. Тој сигурно ќе ти помогне во тоа затоа што и тој сигурно не сака да си ја изгуби девојката за една пијана ноќ. Нема што да ти е страв да излезеш од дома. Aко е за тоа и нему треба да му е страв и тој е виновен колку и ти. Ќе излезеш со нив 2-3 пати и кога ќе видиш дека во нивно друштво е истата опуштена атмосфера и ти ќе се смириш. Само ќе те предупредам во иднина ова како лекција да ти биде, не дозволувај да се најдеш во ситуација која не можеш да ја контролираш. Не ми е јасно како ги сакаат ваквите неискрени типци. Мене искреност ми е на највисокото скалило на приоритети. Штом видам дека тоа го нема и љубов и све оди у пм. затоа што повеќето како што гледаш тврдат дека имале мување за една вечер без секс така што сега ако се преименува нема да има смисла. А и „врска“ не е најсоодветен збор, ама ај подобра варијанта од секс.
Ми се десило неколку пати али сепак повеќе сум за нешто поозбило, ако праам нешто со некој па дури и мување значи дека не е било кој за мене и не сакам утре да го гледам со друга ...
врски за една вечер ... да зашто да не, али доколку сте авантуристи и сакате да ви се случуваат вакви необични работи и искуства ... ми се има случено повеќе пати, и никогаш досега не сум се покајала за потегот
Врска ? Па според мене тоа не е врска.Па дури и тие што одат по само една недела и раскинуваат не е врска.Да му бидеш некому важен нема тоа да биде за една вечер туку за цел живот.Не знам според мене ова се детски работи.За една вечер е тоа како искористување еј досадно ми е ај да се муваме,ма да на насловов не требало да пишува врска.Од мување до врска има голема разлика.
Апсулутно се согласувам со тебе,тоа го прават неиживеани момци и девојки. После не ми кажувајте дека само момците сакале за една ноќ,кога и од вас девојките има што сакаат.
Тоа не е и некоја врска.Не ми пречат ваквите ''врски'' за една вечер.Се додека не си се заљубил во тој/таа е ОК.
Се сложувам со останатите над мене дека врска за една вечер не е врска.Под врска се подразбират нешто друго,а не да поминиш со некого една вечер.Не ги осудувам тие што го прават тоа,но секако не ги ни одобрувам според мене.Никогаш не сум имала нешто со некого за една вечер а и не планирам.Тоа го прават луѓе што не можат а и не сакаат да се врзат со некого за подолго време..