Сум слушнала за кондом но исто сум слушнала дека тој не е гаранција за сигурен секс. А пак ризикот сам по себе си носи и психичка болка. Нема љубов,нема топлина ......ништо.
Сум имала но останале само на мување , не би се впуштила на една вечер во нешто повеќе но и да сум го направила тоа не гледам никаква психичка болка ,јас ниту го сакам ниту сакам љубов некаква од него , сум сакала добро да си поминам и апсолутно не ми значи воопшто , не знам јас сум таква личност и не се врзувам емотивно толку брзо
Не сум имала, ама познавајќи се, нема ни да имам. Тип на човек кој лесно се приврзува, очекува нежност и внимание од другата страна треба да се држи подалеку од вакви работи, според мене. Исто така и оние на кои најважно им е да легнат со чиста совест навечер, без навика да преџвакуваат минати настани, моменти, случки и глава да си акаат од земја поради грешката која ја направиле во име на „добар провод за ЕДНА вечер“. Секс со непознат? Никогаш! Не сакам да бидам обележана за цел живот со некоја бактерија/инфекција/болест која што ќе ми ја „подари“ партнерот поради самата одлука која сум ја донела за да спијам со него.
ни су имала, ни сака да има, ни пак ќе има некојпат ептен глупи рабоќе ми се тие а и не су личност што би правела нешто со личност кон која не чуствува ништо. не би се ни мувала а камоли нешто поќе
Несаканата бременост е можна и во врска исто и сексуалните болести , како дојде времето како се почесто сум сведок на невесрства а да не зборуваме дека во врска ретко кој користи кондом исто постои шанса да се случи нешто неочекувано и повторно е можна психичка болка , јас сфатив околу љубовта зборувате бидејки така се надоврзавте , пак ке кажам не сум практикувала , но и не осудувам , не можеме секогаш да сме заљубени и да водиме љубов , едноставно некогаш нема прилика за тоа .
Се сложувам дека и бракот носи ризици.Само што без разлика на исходот(несакана бременост,инфекции) утрата ги дочекувате заедно.Неверствата пак се поврзани со врските за една вечер.Тоа не го оспорувам.Во право си. А за прилики со оглед дека сте млади, ќе ги имате на претек.Треба само да почекате да се вљубите .После следува она другото Не осудувам никого.Која сум јас да им судам на лугето? Си зедов слобода да ве посоветувам. Да размислите дали вреди толкав ризик? Колку скапо може да ги платите тие минути? Спојлер За крај што е секс без љубов?
Што вреди утрото дочекано заедно ако вечерта некој не бил покрај мене туку покрај друга ... Мислам заљубувањето го гледам како еден прекрасен но редок чин и не знам зошто мора секогаш секосот да е од љубов , навистина нема ништо поубаво од водење љубов , но има доста забава и во секс со некој во кој не си заљубена , едноставно тоа е време за релаксација и експерименти , јас не би се осудила на секс на една вечер , но на секс без љубов да , секако ова е една тема на која можеме да дискутираме уште многу и секој има различно мислење на некој начин сите сме во право и сите грешиме
Забава ,релаксација, експерментирање со некој за една вечер? Со други зборови играчки со сопствениот живот,без разлика дали сме во брак , врска или сме сами. Зборовите од типот, беше за само една вечер, ништо не ми значеше , немаше чувства, беше во моменти на слабост и под дејство на алкохол....се само оправдување за врските за една вечер и за човечката слабост.Колку само човек може да отиде далеку со своето однесување? За една вечер да сруши се. Сега сите имаме свои гледишта, размислувања , без разлика дали сме во право или грешиме. Според мене сексот за една вечер е одвратен, не би се осудила оти на тој начин би ги погазила семејните вредности, моралните, а од религиозен аспект немам Исто не би останала во врска или брак со некој кој го практикува.
Очигледно годиниве не ти се баш најточни ама тоа не е важно Инаку сакав да кажам дека и мене уште ми се нема случено и и јас скришно мечтаам. Iма време...
Лапање за една вечер со странец да. Спојлер Беше лето, во мојата крв течеше вотка ред бул и се случи. Се шмекавме додека танцував на рок песни. Дојде ми кажа дека сум била многу убава. Сакаше да ме почасти пијалок, но го одбив. Ми кажа дека му личам на некоја латино грл. И ме праша дали знам што му било најубаво кај мене. Јас мислев насмевката бидејќи сите ми ја величат и фалат. Тој ми рече очите . Тој беше буквално странец, зборувавме на англиски. Јас бев прцул тогаш, некои 18 години. Се сликавме ама со неговиот мобилен. Ептен сакам да ја имам таа слика, но немам како да го пронајдам. Незнам ништо за него само името. Многу интересно беше. Дури и танцувавме танго по празните улици во 04 насабајле. Како во некој филм. Тажно е тоа што полека почнува да ми бледее неговиот лик од сеќавање. Секс со него не. А инаку каква е таа врска за една вечер? Постои ли нешто такво?
Па ова за една вечер не е ни врска,само моментално задоволство практикувам мување за една вечер,ама секс никако
Слободно можам да кажам дека овие авантури можат да бидат и многу забавни. Имав една таква авантура во текот на оваа лето,додека бев на одмор.Се запознав со едно момче со кое почнавме да се дружиме последните денови пред да заминам дома јас. Покрај забавата со одење на плажа,на базенти,играње карти,гледање филм...се случи и мала авантура
Не сум авантурист и не практикувам задоволства пружени за една вечер.За да дојде до тоа ми треба многу повеќе време,да ја запознаам личноста,а и да чувстувам нешто.
Смешен наслов.Мувања сум имала.Тоа кога си одредено алкохолизиран и ти дошло на ум да се лапнеш со некое другарче и така.Другиот ден никому ништо.Нема емоции,нема замарања и мислења,чиста забава. Е сеа секс,тешка работа.Не викам дека мора секогаш сексот да е водење љубов,ама со странец да се откриеш целосно чисто за забава и релаксација,па сабајлето да си ја чукаш глаата,не фала.