Никогаш нема да ја сфатам оваа појава. Па уште и се нарекува "врска"...како може да биде врска ако сте со некој што прв пат го гледате и не сте го запознале како што треба За да се случи една врска потребно е подлабоко поврзување на психички и емоционален план. Не сум за овие т.н "врски за една вечер", и не, никогаш нема да го сфатам она лигавење и бакнување со кој било.
Ова никако не ми оди со поимот "врска". Повеќе би се согласила со терминот мување отколку врска.Или пак овие поновите генерации ептен се модерни,па јас не ја разбирам таа врска за една вечер.
Мене ми е тотално нејасно што треба да значи ова „врска за една вечер“. Најверојатно е некоја мешавина од мување и секс за една вечер, во зависност од тоа до што ќе дојде, или на што ќе се остане. Немам некое посебно мислење на темава, кој што сака - тоа нека си прави. Ако ви е до авантура - слободно излапајте се вечерта со некој познат или непознат. Ако ви вријат хормони - слободно имајте си секс, исто, со некој познат или непознат за една вечер. Само имајте си ги во предвид можните последици од таквата авантура. А заштитата ви е must have. Мене не ми смета, иако не сум сакала или барем не сум имала намера да го практикувам ова (било кое од двете) до сега. Инаку, зачудена сум колку нови поими се смислени за секоја можна работа на тема Љубов и секс (и врски). Или можеби повеќето од вас не земаат во предвид дека некои поими се синоними, па се отварале, практично, исти теми со различен наслов.
Тоа не се ни врски Лапање за еднаш колку да ти пројде меракот или да ти е ,,појака" забавата.Секој различно гледа на тоа. Јас сум за
Пред скоро една година добив на фб една неочекувана порака од еден фин господин (тогаш бев во врска со бивши ми )Женет е , успешен , возрасен, одржан (значи лепак сум за "повозрасните" ) кога ми пишеше само што не паднав у несвест . И ми вика директно ајде ајде да се видиме , но запомни само една вечер и толку и јас увреџена до крај , бидејки имав дечко а овој женатиов што ми вели и нормално ги игнорирав неговите пораки , и искрено се каам Бившими заслужуваше набивање рогови до плафон а јас честови му правев а овој другиот мн ме палеше иако ме навреди со тоа "за една вечер" , као само тој да е единствено машко со патлак па јас сум дојдена до него но имаше нешто што ме возбудуваше кај него ... Со моето игнорирање и тој престана да ми пише , и така заврши И се каам сега можеби некогаш повторно би ми пишел ... Кој знае
Vrska za edna vecér ne e vrska. Kolku si pomlad tolku eksperimentiras bidejki neznaes sto sakas. Vo godini koga vo megjuljudskite odnosi se si videl I iskusil, nikogas ne bi se vpustila vo vrska za edna vecer. Toa ne e od moralna priroda tuku samo poradi samopochit na sebe si. Ako chovek se dozivuva sebe si kako kondom, togash ednokratna upotreba e vo red.
Глупости, па како што минуваат годините сфаќаш дека подобро е да си сингл, а не да се замараш со некој недозреан и да мислиш дали ќе успее или не. Сега нема шанси да излезам со некој, не ни помислувам на нешто друго, а немам ни желба.
Само пари да имам, па за една вечер можам и со помагало, тоа е веќе загарантирано задоволство, а со машко не се знае дали ќе си задоволна. Ама сега и за така немам желба. Може понатаму.
Темата можеби треба да се преименува во секс за една вечер ама ако не се лажам и таква тема имаме. Инаку сум немала, освен еднаш ама излезе секс за повеќе вечери. Се е добро ако не е претерано и секако памет во глава, со заштита.
Ја разгледав по малку темава и забележав дека има многу потресување. Што воопшто не изненадува во земја како Македонија, каде најнеморалните диктираат морал. Инаку, терминот секс за една вечер, не е измислен тука, не е нешто ново, тоа се придобивките од Западниот свет. Од психолошка гледна точка, ако една индивидуа пати од апстиненција, треба да има секс. Па макар и за една вечер. Проблемот е што ова е Македонија, има многу комплекси, нереализирани индувидуи, машки портарки. Големата е шансата да налеташ на психо. Токму поради тоа, иако имав шанса и можност не ја искористив.
Да...се повеќе сме под влијание на западот...или...сепак не. Што ако четирите јавачи на апокалипсата се Власта,Бракот, Банката,Религијата...? И сме индоктринирани многу од поодамна...Јас не инсинуирам дека промискуитетот е решение....Напротив. Но ...Сите ве прашуваат дали сте омажени или оженети....?А Никој... не ве прашува, дали сте Љубени ? Факт е...дека , да не беше прељубодејството, многу бракови ќе пропаднеа. Постојат кармички бракови ...од кои треба и едниот и другиот партнер да ги научат предвидените животни лекции....Дали постои љубов во врската..тоа е сосема друго прашање. Понекогаш, кај многу, браковите стануваат безизлезни , партнерите стануваат цимери, и робови на сопствениот брак и заедница , поради веќе стекнатиот статус на родителство кај родените дечиња,и како крајна црвена линија, не се осудуваат да помислат на друга врска,и полека венеат. Ако постои љубов...со конкретниот партнер ,секако дека немате потреба од друг...Но што ако, партнерот не ви посветува емотивно и љубовно внимание? Ха? Што правиме тогаш...? Работите не се така едноставни.Што ако... Кармичката животна лекција со конкретниот партнер сте ја научиле...И повеќе не гледате смисла, и иднина во таквата врска, и се чуствувате осамено, и не разбрано...Што ако вашиот партнер е длабоко програмиран во неговото его,или емотивно хендикепиран,со ниска емотивна интелегенција. Проблемот е, што прво стапуваме во брак, пред да се осознаеме себеси, и пред да се разбудиме себеси. Before you find your soulmate - You gotta find your soul, mate. Е оттука,произлегува прашањето : Врска за една вечер...Љубовник...Љубовница... Секако постојат и други примитивни егоистични причини. Премногу длабоко навлегов...во темата... Дали сум за "Qwiki" ...Да . Со соодветна партнерка .
Врска за една вечер некако ми звучи некако нелогично.Врска? Додека поимот секс за една вечер, пеглање за една вечер, плескање за една вечер, судар за една вечер, издување за една вечер, мислам овие термини повеќе одговараат. Јас сум за плескање за една вечер, мислам за поимот. И оние што ќе одлучат за такво нешто нека си носат задолжително заштитни средства.