Темава треба под итно да се преименува.Мислма од кога тоа сексот за една вечер или што и да се вика ВРСКА? Хмммм,не ми е баш јасно ......
Јас сум во долга врска, претходно сум имала и други врски но сепак она што е за една вечер неможам да го наречам врска (иако еднаш сум била во оваа ситуација, јас би рекла мување за една вечер или било како, но врска никако). Врската е сепак нешто друго, нешто што се гради, барем за мене.
Имав само еднаш и ми беше НАЈУБАВО на свет!!! ама не би сакала пак да ми се повтори. прво-не сум таков тип, а второ ако се повтори со истиот, може да не е толку прекрасно како првиот пат. Вака да остане само преубав спомен. Инаку за често да се има секс за една вечер сум многу против!
Имав таква врска за една вечер пред 5-6г бев во кафич некако ми се заубави ми налета се бакнавме се преправавме дека сме дечко и девојка таа вечер и така (младост) .. пијаници .. другио ден ни го видов ни го најдов и си реков .... wtf i care about that dumb@ss ? и така ..
Да, ми се има случено. Беше тоа секс за една вечер со некој што го знам. Кога бев 15 години тоа дете ми беше дечко, одевме 8 месеци но немавме сексуални односи, бидејки тој беше 5 години поголем од мене и не беше фер да чека и јас да пораснам па така прекинавме. Потоа после 3 години јас бев излезена со другарките и се сретнавме случајно, па испивме по еден пијалок и така... Тој си отиде на масата кај другарите а јас си останав со другарките. Потоа кога отидов во вц тој беше таму помеѓу машкото и женското вц па почнавме да си муабетиме, бидејки имаше многу гужва се прилепивме еден до друг, па почнавме пополека да се галиме, да се бакнуваме, и наеднаш тој така страсно ме повлече за рака, влеговме во вц и се случи што се случи. Излеговме од вц како ништо да не било и се вративме секој на својата маса, за неполн час тој дојде на мојата маса, ме фати за половината почна да ме бакнува и рече дојди со мене, си ја земав чантата без ништо да му одговорам и без ништо да им кажам на другарките, се качивме во такси и отидовме кај него дома, уште еднаш кај него го направивме тоа, потоа се погаливме малку и си повикав такси и си отидов. Одтогаш ни го имам видено, ниту пак слушнато, но за таа ноќ со него не се каам ни малку. Беше мноооогу убаво и срасно мммм се палам од самата помисла на таа ноќ. Се случи само еднаш и само со него, повторно не би го направила тоа, затоа што сега сум во брак
Исто. Добро, може и кога ќе одам пак таму да го видам повторно А може и другар да ми биде.. Ќе бидеме во контакт преку фејсбук.
Стварно насловот на темава треба да се смени барем наместо врска нека стои авантура за една вечер. Инаку ни врска, ни авантура за една вечер не сум имала али не ги осудувам тие што имале секој си го прави ќејфот на свој начин
Да,и јас мислам така АВАНТУРА. Сакам авантури ама досега сум немала можеби затоа.Ама ако не сум во врска и уште подобро ако веќе никогаш не го видам. да е од друг град и слично.Некој го имаше наречено „веза без обавеза“ .
Ми се има случено, мување. Не можам да објаснам уште зошто како, некоја огромна хемија имаше иако утредента многу се каев. И сеуште се каам всушност. Разликата е само во тоа што се знаевме од претходно и тоа многу добро, тој е постар од мене две години, потоа сакаше нешто репит, али се освестив конечно и реков НЕ! Не знам чудна беше целата ситуација, набрзина.. Така да, сама си го направив „врска за една вечер“. А, што се секс тиче, не сум воопшто компететна да кажувам, ама во иднина не знам, можеби ќе ми се смени ставот. Сега ми звучи по малку страшно и доста несериозно, ама како што кажав.. никогаш не се знае, а и немам нешто многу размислувано на темава. За тоа, потоа.
Врска за една вечер ? Според мене не постои такво нешто. Постои Секс за една вечер и Мување за една вечер. Ако овие две ги сметате за врски, ок. Во секој случај немам одредено мислење на оваа тема. Не ми смета некој да си го практикува тоа, но јас лично не би можела. Не е таа работа за мене. Сепак, можеби размислувам пресериозно, незнам.
Why not? Мислам дека Facebook не дозволува тоа да остане за една вечер, т.е. следи friend request после таа вечер. Меѓутоа има и др фактори ако се гледаат често низ град, или пак не се од исто место..се тоа влијае на понатамошното одвивање на ситуацијата
Ми се има случено и мене.Ама мување беше тоа.Со детево ептен си живеевме и си се поштовавме,ама си се допаѓавме еден на друг И за минатата 2011 нова година заедно ја славевме и ме покани да играме танго Јас прифатив и почна така да ми се додворува и бидна што бидна само се мувавме и после таа вечер исто ко ништо да не било.Пак си сме другари
Ми се има случено и на мене.. ама после тоа баткава не сакав ни да го видам.... Али тоа у прошлост се десиии....
Којзнае колку е паметно... За секој различно... На некој му е романтично „ strangers in the night“ , а на некој одбивно. Некој дури има и цела колекција од такви дешавки. Јас не сум ЗА и ги одбегнувам тие работи, ама гледам дека кај луѓево „мувањето“ веќе се сместува во категорија љубов. Чудно. Се каеш или не се каеш ... после сеедно е. Ако си таков табиет да сакаш да си „ поминеш убаво“ во дадената ситуација (за секој убавината е различна) - тогаш терај, ама имај на ум дека понатаму во животот може многу да се каеш и да ти пречи , а да не можеш да смениш.
Зошто па за една вечер зошто не за еден саат за 15 минути за 60 секунди? И морало врска да се вика бре страшна работа.
Врска за една вечер-не е толку страшно-се е искуство-само да не премине во честа навика.....симпатичен ти е ,се познавате,те привлекува,ќе се смувате ...и што е најважно никој да не чуе и да не разбере
А еднаш а сто пати мене ми е исто. Криењето ми е Кога си почнала веќе терај (со крстот на чело ! авторски права Ѓорѓи Колозов).