Вртоглавици

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mygirl, 26 ноември 2010.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Пребарав низ форумов но не наидов на ваква тема. Имено, во последно време, некаде отприлика 2-3 недели чувствувам повеќе чудни симптоми што порано не сум ги чувствувала. Симптомите се:
    1.Имам многу чести вртоглавици и тоа од два типа: првиот тип на вртоглавици ми се случуваат ептен често, околу 10-тина пати во ден, можеби и повеќе, и траат кратко, околу 30 секунди. Овие вртоглавици се појавуваат при нагло станување од седење, лежење и клечење. Не настануваат во истиот момент кога ќе се исправам, туку после направени 3 до 4 чекори. Вртоглавиците се многу јаки, односно ми се стемнува пред очи, губам рамнотежа - телото ми се ниша напред-назад и не можам да се движам, морам да стојам се додека вртоглавицата не помине.Често пати морам да се потпрам на нешто, чувствувам како да сум пред несвестица. Вториот тип на вртоглавици поретко ми се случува од првиот тип. Но, овие вртоглавици траат подолго, некогаш и до 2-3 часа. Ги имам скоро секој ден, еве во просек да речам околу 5 пати неделно, бидејќи понекогаш се случува во денот воопшто да немам од овој тип на вртоглавица, ама ми се нема случено два дена последователно да не се појават. Овие вртоглавици се посуптилни, не се толку јаки како првите, можам да се движам и да правам нормални работи, но чувствувам како да не можам да гледам во едно место, ама кога ја вртам главата ми е уште потешко, нешто слично како кога сме под дејство на алкохол :)
    2. Покрај вртоглавиците, често ми се затнуваат ушите и за неколку секунди пак ми се одзатнуваат, а понекогаш чувствувам и шум во ушите. Затнувањето на ушите ми се случува најчесто кога зборувам, и тогаш е ептен често, по 5-6 пати во една минута. Кога не зборувам, ова ретко ми се случува.
    3. Често чувствувам и гадење и мал нагон за повраќање, но никогаш немам повратено.

    Освен првиот тип на вртоглавица, кој ми се случува независно од другите, другиот тип на вртоглавица, затнувањето на ушите и гадењето, скоро секогаш одат заедно(во ретки случаи чувствувам само гадење, а шумот и затнувањето на ушите малку почесто се појавува самостојно, но како што напоменав, најчесто е заедно со другите симптоми). И не знам дали е важно да споменам дека овие симптоми ги чувствувам независно од тоа дали сум јадена или не, значи може да ги почувствувам дури и веднаш после јадење. Крвната слика ми е во ред, си ја проверував пред две недели, но не проверив ниво на масти и холестерол. Другите вредности ми беа: хемоглобин 130, железо 13.5, шеќерот 4.6.
    Што би можело да ми се случува? Дали некоја од вас ги имала истите симптоми?
    Ги молам сите оние кои што имаат подлабоки знаења од областа на медицината, кои имаат претпоставки за тоа што би можело да е проблемот, како и оние кои некогаш ги чувствувале овие симптоми, да се обидат да ми помогнат.
    Однапред фала на сите.
     
    На Zakicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Јас би рекла висок или низок притисок, кај сите симптомите се различни.
    Јас мислам дека е висок :(
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.076
    Допаѓања:
    155.403
    Имаш воспалени синуси.Истото ми се случува и мене последниве два месеци,ако не и повеќе.Ми се случува да не можам да одржам рамнотежа,да ми дојде доле да си седнам,а плус ако ја наведнам главата или ако учам,како да ме влече надоле,ми паѓа главата.
    Оди на лекар (тебе ти викам,а мене ме мрзи и само одложувам) да ти дадат антибиотик по шема да пиеш извесен период и да се зрачиш со ламба.
     
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Лилит, планирам да одам на лекар утре, но бидејќи е сабота не знам дали работат, а друг ден не можам да отидам. Во Скопје студирам и си одам сега за 2 саати дома, а се враќам пак во недела,па затоа ако не работат утре, треба да чекам уште неколку недели дури да си отидам дома. Затоа пишав на форумов, ако не дај боже е нешто сериозно, да не чекам повеќе, па ако треба и да останам понеделник во родниот град. Лошо направив во прва година на факултет што не отидов на систематски преглед, тогаш им пишуваа на сите студенти матични лекари за во Скопје. И затоа немам матичен лекар овде :(
    Инаку фала на одговорот, ме утеши малку, јас се плашев да не е нешто посериозно.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.076
    Допаѓања:
    155.403
    Па јас од свое искуство ти пишувам,не знам,не сум лекар.Ама искрено не верувам да е нешто сериозно,затоа што идентични симптоми имаме.
    У секој случај утре на дежурен појди си,ќе видиш шо ќе ти кажат.
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски

    Истиот проблем и јас го имам и тоа мн често ми се случува..Ти беше на лекар ? што ти кажаа?
     
  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    TheCandy, ако го имаш само овој тип на вртоглавица, мислам дека не е сериозно, најверојатно имаш низок притисок, или пак може и да си сосем здрава. Колку што имам читано, тоа му се случува скоро на секој човек ако ептен нагло стане, а претходно бил во состојба на мирување. Имено, додека мируваме, целиот организам се опушта, а доаѓа и до мал пад на крвниот притисок, па затоа неретко при нагло станување ни се врти на сите. Е сега, не знам колку често тебе ти се случува ова. Разликата е тоа што, мене и порано ми се случуваше да ми се заврти во главата кога нагло ќе станам и знаев дека тоа е нормално, ама беше ептен поретко од сега, сега ми се случува секојдневно, значи нема ден а да не ми се сврти најмалку десет пати. Плус, имам и други симптоми кои порано не сум ги почувствувала никогаш.
    Поздрав
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Убаво ти кажаа погоре или многу низок притисок или воспаление на синуси...слабокрвност, е сега не навлегувам во нешто што не дај Боже може да биде причина за тоа. :tmi: Меѓутоа се знае, дека доктор и испитувањата ќе ти го дадат одговорот.Ама верувам дека не е ништо сериозно. :)
     
  9. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Слично нешто и мене ми се случуваше пред неколку години. Се изненадив кога докторот ми кажа во што е работата... Значи исто имав втроглавици секој ден по неколку пати во денот и дури ми се стемнуваше, а ми зуеше и во ушите. Претходно бев мн послаба и почнав да пијам некои витамини, почнав да јадам ко луда се поправив малце и докторот ми кажа дека така ми е зашто крвта ми била мн појака од порано, дека никогаш не ми била толку јака (врз оглед на резултатите забележани во здравствената легитимација) и затоа секој ден ми се вртело свест.... така да може и од тоа да е ;) Зимо е веќе сите пиеме витамини и антибиотици, па ако конзумираш нешто... така да без нервози некогаш свест можело и од добро да се врти :D И спореди си ги последните направени резултати од крвта со некои од претходните може до тоа е...
     
  10. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    207
    најдобро да си одиш на доктор и да одиш да си ја снимиш главата така ќе си биде помирна совеста,и јас имам некогаш вртоглавици кога наеднаш ќе станам исто како тебе ми се стемнува пред очи и морам да се фатам за нешто,мислам дека е од притисок или од замор ....најдобро ќе ти каже доктор :) позз
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Нема место за паника. Истото ми се случува и мене, и како што ти кажаа девојките, тоа е или од синусите, или од слабокрвност, а доста улога има и шеќерот. Мене последниот пат така ми кажаа, ама тоа е произлезено од нејадење, од слабокрвноста.
    Оди на доктор, направи ги потребните анализи, и ќе видеш. Сепак не е страшно. Само на време да знаеш како да го истретираш.
     
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Ама мене крвта не ми е слаба, напишав во првиот пост. Шеќерот ми е 4,16 а тоа е нормална вредност. Така да, слабокрвноста ја исклучив од прва :) Е сега тоа за синусите ми е пореално, ама па од друга страна, никогаш не сум имала проблеми со синуси... Требаше денес да одам на лекар, ама ништо, не отидов. Ваљда не е ништо сериозно, гледам дека и на многу други им се случува тоа.
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    A да не си трудна? :wasntme:
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    хахахах, Бројче ме изнасмеа :D Не, не сум трудна :) Внимавам многу тоа да не се случи :)
     
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Јас да си прашам :wasntme:
    Што е сигурно, сигурно е :D
     
  16. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Oд мое лично искуство те советувам воопшто да не се плашиш.тоа ми се случуваше и мене пред неколку год. се работеше за тоа дека имав многу ниски притисок.Трчав по болници и направив секакви испитувања и се беше во ред.Со тек на време ке ти се подобри состојбата,ова ти е само некој таков период верувај не е ништо страшно. Поздрав :*
     
  17. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    MyGirl значи кога веќе си исклучила анемија и хипогликемија, тогаш мора да одиш на лекар. Според ова што го кажуваш, посебно вториот вид на вртоглавици не се специфични ни за низок притисок, ни за синуси.
    Губење рамнотежа, вртоглавици, гадење, нагони за повраќање, зуење и затнување на ушите се типични симптоми за нарушување на центарот за рамнотежа. Буквално кога читав се осетив дека учебникот по неврологија го читам. Мој совет да си земиш упат за неврологија и точно вака да му опишиш на лекарот што ти се случува. Со обичен невролошки преглед, а не со снимање може да се одреди дали се работи за тоа или не. Обично воспаление на внатерешно уво каде се наоѓа дел од центарот за рамнотежа може да доведе до овие симптоми. Не е страшно, само е многу непријатно како што и опиша. :) Се надевам дека ќе ме послушаш и сакам да пишеш што си направила :) Позз :*
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    значи, штом си сигурна дека не се работи за вртоглавици од бременост :) тогаш, и јас го имам овој проблем но не толку зачестен како ти, ми се јавува понекогаш/// сум го немала од порано,но пред некои 7 месеци ми се појави.... иии бев на лекар, прво се уплашив да не се работи за нешто страшно во главата недај боже.... но, на крај ми кажаа дека се работи за воспаление на третото уво..а овие твои симптоми точно на тоа асоцираат.... но штом кај тебе е почесто, тогаш имаш некое поголемо воспаление..
    јас би ти препорачала да се обратиш кај лекар со овој проблем... а , како превенција , треба да избегнуваш излегување често со водена коса, ветер или изложување на промаја, пробај да мачкаш кантарион во носот мн ефикасно е, и кога имаш вртоглавици, (ти кажувам од мое искуство, пошто не сум љубител на конзумирање било какви апчиња) доволно е еден бедоксин.. но не претерувај премногу често...
    позз
     
  19. medce

    medce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Pozzzz do site vas i jas imam golem problem pred 4 meseci doznav deka imam cin1 od togas mnogu se nerviram pa mozebi seto ova sto mi se slucuva ima vrska so nervozata od togas pa navamu sekojdnevno se budamso glavobolka i vrtoglavica a baska sum bila sekogas so nizok pritisok a sega pocnav da go kacuvam pa nizok i toa mnogu.Bev na lekar mi ja snimija glavata a pred toa doktorot tvrdese deka imam migrena ama za moja sreka snimkata mi ispadna super nemase nisto se e cisto a jas seuste si gi imam istite bolki pocna da mi solzi desnoto oko i cela desna strana mi se ukocuvase neznaat sto e nekoi vikaat nervna baza nekoi migrena i taka samo lekovi vrz lekovi neznam veke sto e pametno ve molam za pomos ako imal nekoj isti simptomi kako moite i koj e lekot vi blagodaram caooo:)


    [mod-kirilica:1wtq3snb][/mod-kirilica:1wtq3snb]
     
  20. Eleni73

    Eleni73 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    Ne treba da se sekiras,samo treba da zgolemis imunitet i ke pomine samo od sebe.