1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Вселенски лифт" - можна замена за ракети во иднина?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 20 август 2018.

?

Дали вие сметате дека вселенскиот лифт би можел да биде потенцијална замена за ракетите во иднина?

  1. Да, може

    28,6%
  2. Не, не може

    28,6%
  3. Немам мислење за ова прашање

    14,3%
  4. Не сум сигурен

    28,6%
  5. Не знам

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    И покрај тоа што со денешнавата технологија, патувањето во вселената е мошне лесно, сепак случајот не е секогаш таков. Навистина е тешко, а и екстремно скапо за човештвото да има пристап до вселената, но тоа не значи дека не постојат и други опции вредни за размислување.

    Пред официјалниот поим за ракети, Tsiolkovsky, кој се смета за еден од основачите на ракетите, претставил една екстравагантна идеја оригинално инспирирана од погледот од Ајфеловата кула во 1885 година;
    Тој сонувал за една уникатна структура која би можела да ја достигне GEO како начин на кој ќе се има пристап до вселената.

    Во случај да не сте слушнале порано, геостационарна орбита (GEO) е Земјина орбита чија стабилна орбитална брзина е еднаква на брзината на Земјината ротација околу нејзината оска. Ова значи дека се што таа орбита содржи, се чини односно изгледа како да виси и тоа секогаш во истата положба на небото.

    Кога би можеле да изградиме структура која ја достигнува оваа орбита, и потоа се искачиме на неа, би можеле ефикасно да бидеме во орбитата околу Земјата.

    Сепак, ова не е толку едноставно колку што се чини и многу експерти се прашуваат и се двоумат за возможноста, исплатливоста и спроводливоста на овој концепт.

    Прашањево кое беше поставено на мене и на другите студенти кога изучувавме за вселенско истражување и аервселенско инженерство, главно се фокусираше на одговор и објаснување дали оваа идеја е изводлива во блиска иднина или не.

    Моето мислење за ова прашање (накратко кажано) беше дека иако идејата е интересна, сепак сметам дека не може да биде изводлива во блиска иднина, а главното образложение за тоа беше материјалот од кој т.н. вселенски лифт би бил изграден, но и дека самата безбедност на патниците би била загрозена доколку би патувале во него (доколку ве интересира, можам во темата да го напишам и долгиот одговор).

    - Дали вие сметате дека вселенскиот лифт би можел да биде потенцијална замена за ракетите во иднина или не?

    -Образложете го вашиот одговор...


    [​IMG]
     
    На BoneMachine и Someonespecial им се допаѓа ова.