1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Втора шанса (Даниела Стил)

Дискусија во 'Книги' започната од crazylady, 16 февруари 2012.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Фиона Монаган е најдобра од најдобрите во светот на списанијата! Таа е уредник на њујоршко модно списание!
    Го среќава Џон Андерсон, њујоршки бизнисмен преку списанието!
    Џон веднаш чувствува привлечност кон Фиона, но Фиона се двоуми кога станува збор за романса помеѓу нив двајцата: тие припаѓаат на два сосема различни света.Таа бара секаков бизарен изговор за да не се зближи со Џон, ниту со било кој друг маж.
    Но како што секогаш се случува "спротивностите се привлекуваат" па наскоро двајцата се вљубуваат еден во друг!
    Ова е прекрасен роман во кој овие двајца треба да се потрудат да ги тргнат настрана нивните разлики и да се справат со нивниот различен животен стил додека се заедно. Но додека го читате романот прашањето останува да виси во воздухот: Дали тие ќе успеат во нивната врска?
    Овој пат Даниела Стил се надминала себеси со овој роман, пишувајќи за синдромот "спротивностите се привлекуваат" и проблемите кои се појавуваат во тој тип на љубовни врски. Додека Фиона го живее својот ексцентричен живот, а Џон го живее животот на привлечен богат бизнисмен, тие двајцата секако се создадени еден за друг!

    Јас обожавам љубовни романчиња, оваа книга дефнитивно ми остави голем впечаток, цело време си замислував сцени од филм, се расплакав кога беа разделени Џон и Фиона. ;)
    Една од моите омилени книги . :)





    Дали ја имате читано книгава ?
    Дали ви се допадна ?
    Кој дел ви остави најголем впечаток ?
     

    Прикачени фајлови:

  2. Lovely8

    Lovely8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    одамна ја имам читано книгава и дефинитивно мислам дека е најдобро остварување на Даниела..
    знам кога ја читав книгава бев воодушевена и едвај чекав да достигнам до крајот :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.085
    Допаѓања:
    20.856
    Пол:
    Женски
    Јас ја читав летото и многу ми се допадна, лесна книга, интересна, ја прочитав во еден ден :lol: и ја препорачувам на сите ;)
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Добра, лесна книга како и сите останати на Даниела Стил. Ја имам читано поодмна и скоро ја имав заборавено. Една од најубавите книги од Даниела Стил ми се ‘‘ Враќање дома ‘‘ , ‘‘ Подарок ‘‘ , ‘‘ Накит‘‘ , ви ги препорачувам :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Мене книгава воопшто не ми се допадна. Слаба, предвидлива приказна, сметам дека е едно од полошите дела на Стил. Тука ја сместувам исто и Дебитантка. читајте ја книгава ако нема што друго, инаку не ја препорачувам.
     
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Читана мие..
    баш ми се допадна има навистина интересна приказна
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Мене не ми се допадна, многу предвидлива е уште на почетокот. Едно од полошите дела на Даниела Стил.
     
  8. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Одамна ја имам прочитано и многу ми се допадна ;)
     
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Втора шанса од Даниела Стил е најнеинтересната книга од аваа авторка што ја имам прочитано! Со содржината многу ме потсетува на љубовните викенд романчиња! Се во книгава е предвидливо - настаните, описите, крајот - имав чувство дека веќе одамна ми се прочитани!!!
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми се допадна Втора шанса, опуштена книгичка со хепи енд. Целиот тој гламур, модата, ревиите, сето тоа ептен интересно го има доловено.
    Ја прочитав и Подарок и сега при крај сум со Накит. Е Накит ми е многу многу добра.