Mene decko mi mi e prv i valjda i posleden taka da ne sum se nasla vo situacija da me prasa nekoj koj sum ti po red, a i spored mene toa se mnogu glupavi prasanja, ne e bitno kolku deckovci ili seksualni partneri si imala, bitno e so toj sto si vo momentot da ti e ubavo, neznam ama licno jas nikogas ne se navrakam vo minatoto tuku gledam samo od sega pa natamu
дечко со кој планирам да сум на подолги стази,сакам да има повеќе пред мене,да не сум му меѓу првите,за да биде поиживеан.машко ко машко,ќе проработат хормоните и бубачките во глава некогаш,па вака барем да сум мирна за тоа
Imam slusnato deka ako prasas masko so kolku devoji bil dodava +3 a ako prasas zensko so kolku maski odila ke kaze -3 e toa se stvarno gluposti maskite se maco ako imat poveke iskustvo a zenskite se kurvi u taj slucaj
jas sum mu prva na decko mi i toj na mene sega za sega super ni e si odime 3 ipol godini taka da mislam deka ne e bitno so kolku bil pred tebe ako stvarno te saka...
I uste nesto, i da imal 100 pred tebe, ako ne te saka ke mu prorabotat bubackite i ke bara 100 i nekoja nema da ostane so tebe...mozebi malku zastereni sfakjanja imam ama veruvam vo ljubov i iskreno ne bi mi bilo ubavo da bidam so nekoj so imal mnogu devojki pred mene....
Ај малку машка логика во целава работа. И не зборувам од името на сите машки, зборувам од мое лично. Машките се прилично ...различни по ова прашање, а мислам дека домашното воспитување има многу битна улога... Има една машка поговорка која вика: „Кај кола и кај жена да си прв“ Каков булшит нели? Мажите се скапаа од купување половни коли, па морала жената да биде невина...како не. I had my fair share of virgins, и да ви кажам искрено, никогаш повеќе! Преферирам да сум втор. Зошто? Затоа што девиците се многу деликатни....Ќе застранам од темата ако почнам да објаснувам што како треба со нив да постапува машкото и сл. Тоа можеби е за некоја друга тема... Што се однесува до бројот, подобро е да не прашуваш....Најбитно прашање е дали си користел/а заштита при секс....Може да си имал/а еден/а партнер/ка, и да си суперискусен/на, може да си имал/а 10 и да знаеш само една поза....
Дечки, го знаете она ПОСЛЕ ПРВИОТ, СИТЕ ДРУГИ СЕ ВТОРИ ?!?! Јбг, ама така е. Сите така лажат, нема ни бројач таму доле за да мери, иако не ја гледам причината да лажеш некој дека е втор или трет.. Коа не е прв, што има везе дали е пети, шести или седми ?! Уствари што им е битно на машките. Зборувам за не курва ситуации ...
Јас сметам дека ако сакаш некој не треба да ти е важно тоа, но ретко кој од машките не се грижи за тоа. А за тоа дека машките што имаат повеќе искуство се фраери а женските се ... (знаете и сами) тоа е всадено во главата на секој. Јас сметам дека бројката не е важна ако постои љубовта. Но исто и сметам дека машките сакаат да бидат први заради “територијата“ а и за да бидат запаметени.
Нема врска. Само младите момчиња сакаат да им бидат први на девојките. Машко од 25 години па нагоре сака девојка која има искуство, не заради техниките во сексот, туку затоа што е посигурен дека ќе биде последен.
Дали сте го гледале „Дон Жуан де Марко“ со Џони Дип и Марлон Брандо? Прекрасен филм нели? Таму имаше една сцена кога Дон Жуан бега од харемот на султанката со брод, бродот влегува во бура и потонува, сите гинат а само Дон Жуан преживува и е исфрлен на островот Ерос. Таму запознава една прекрасна девица и се вљубуваат еден во друг. Откако ќе водат љубов, таа го прашува: Со колку девојки си спиел до сега? Дон жуан се сеќава на тој момент и вели „Тоа беше многу добро време да излажам, арно ама кажувањето на вистината е ужасна навика“: Па ..... заедно со тебе...точно...една...илјада петстотини и една девојка.... Потоа типката го откачува! Туку поентата ми беше, „обележување територија“ е концепт кој им е важен само на некои затуцани сељаци, а на модерно машко не е. Плус, поискусните девојки знаат што сакаат тие и знаат што сакаат мажите. Нема потреба од инструктажа, објаснување или убедување. Девици сакаат само оние кои не се сигурни во себе.... Инаку има еден виц за тоа: Зошто мажите сакаат девици? Затоа што тешко поднесуваат критика
Како прво, едно големо браво за филмот, навистина е прекрасен. Како второ, се сложувам со тебе дека само на несигурни машки им е важно девојката да има што помалку партнери, по можност да биде девица, за да нема со кој да споредува. А овие нашиве балканци како да спаѓаат во таа категорија, но за среќа, тоа се менува. Убаво рече Иренна погоре, се ебавале наваму натаму и на 25 години сакаат невина девојка - е мало сутра! Ние девојките во кафез треба да живееме, да го чекаме вистинскиот? Како ќе знам што ми одговара, ако не пробам повеќе? Освен тоа, ние девојките сме обично по водење љубов, значи секс со чувства, и не би легнале со секој само за да си ја задоволиме желбата (не дека нема и такви, а признавам и јас сум имала авантури), а машките додека се помлади пред се сакаат само секс (нормално дека има и исклучоци). А бројот на партнери никогаш, ама баш никогаш не е мерило за искуството. И затоа, пак ќе речам, како што и напишав претходно - не ми е важно колку ги имал пред мене, важно ми е да бидам последна. Исто и нему.
Колку е само точно ова. Баш тоа правевме муабет со брат ми пред некој ден. Толку модерен човек, образован, прошетан по светот, а со толку назадни сфаќања на оваа тема. Стварно мислам, зошто би ми сметало. Тоа што си било пред мене, си било. Јас само се грижам да бидам човекот со кој таа ќе остане до крајот на животот. Бројката не ми е важна.
Не се препотував и устручавав да му кажам дека ми е втор ... Едноставно паднавме на муабет и му го реков тоа , типов месеци подоцна а и ден денес убеден е дека сум била најмалку со четворица , од каде тоа незнам ! А и не се замарам! Тој ги има педесет и три , има оргии и тројки ... а јас си го сакам и таков , не ми е грижа што во минатото "се курвал" ( јас тоа сакам да го викам машки уживал во животот ) битно ми е што е здрав и за чудо не заболел од ниедна полово пренослива болест , па се чувствувам безбедно со него.
Mојот дечко е 25 и баш се израдува кога виде дека ми е прв , ми кажа дека досега такво нешто не му се случило . И сега постојано ми зборува пази што правиш , чувај се...Mене ми е убаво со него и немам потреба да бидам со никој др , бидејќи со него имам се .
Можи и јас сум назадна на оваа тема,но кој знае можеби сеуште сум мала и немам искуство. Некои машки навистина сакаат невина вклучувајќи го и дечко ми.Двајцата имаме по 18 години-не сме доволно возрасни,но мислењето на дечко ми е дека тој не сакал неговата женска да ја има поминато некој друг.Утре другиден таа девојка него да му станела жена,а имала повеќе партнери и пример се сретнува со некој што нејзе ја имал поминато..или да се закара со некој и тој некој да му речи него:Еј јас женскати(женати)ја имам ебава*но.И не само тој , но мислам дека некои машки се плашат од некоја таква ситуација.Искрено можеби се несигурни во себе..кој знае.Секој различно размислува. Некои сакаат невина ,некои искусна.Се сложувам со еден од постовите.Можеби оние помалите по не искусните сакаат невина,а додека оние постарите сакаат искусна.
Срцушка, да и кажеш на девојка дека е „назадна“ само поради тоа што решила да спие само со еден маж во животот е глупост. Таа со колку сака ќе си спие, нејзина работа. Назадно е очекувањето на машките дека жените треба да се невини и да се чуваат до брак, или поточно, назадно е да ги осудуваат жените што не го сториле тоа. А она, дека ќе сретнел некој и тој ќе му рекол „сум ти ја е... жената“ ...мислам ....ти се молам. Да, постојат и такви сељаци што ќе го речат тоа, ама уште од сега да се замараш што кој ќе рекол? Нема смисла! И нема правила. Прави како што срцето ти кажува!