јас мислам дека сите машки сакат да им бидат први на девојките демек тие се поискусни и повеќе знаат ама не мора да значи дека ке се оженат со таа девојка што и е прв. како и да е во повеќето случаи ниедна девојка не останува со тој што и е прв така да кој број и да му го кажеш (2,3 итн) кога ќе види дека не си девица сигурно нема да ти поверува... машките се многу вообразени важни им е само кој ти е по ред а не си кажуваат колку се поминале до сега
Ова можеби важи како пример за средношколците, но не и за повозрасните. Јас не ни познавам машко што досега изразил желба или му било важно да и е прв, дури и го одбегнуваат тоа, не сакаат. Има едно златно правило, поважно им е да и биде последен на девојката, пошто ако е прв, сигурно нема да остане последен.
Се надевам дека нема да има втор Доволно време имав да го запознаам , долго време сме заедно Во моментот кога одлучив да му се предадам целосно свесна бев дека засегогаш ќе бидам со него. А не дај боже да се скараме мислам дека никогаш нема да бидам среќна и да се опуштам доволно во сексот ќе мислам дека тој втор што ќе ми биде никогаш нема да ме сака, цени и почитува како првиот незнам тоа е мое мислење можеби со тек на времето ќе ми се смени мислењето како што мислев дека нема шанси пред да се омажам да имам секс ама знам дека нема никогаш да се скараме убаво ни е си се сакаме се почитуваме оптимист сум позитивна личност можеби тоа е причината за многуте среќни денови во мојот живот
и јас го имав истото разислување до пред 7 години,но со вориот партнер тоест сегсниот имам многу по опуштен секс и полн со страсти незнам али ипак мислам дека тоа е индивидуална работа
Сегашниот дечко ми е втор (читај исто како да ми е прв) зошто? Бијдеќи со него всушност научив што значи сексот во секоја смисла на зборот,и што би требало да претставува во една врска.Имал мислам дека со 3 пред мене и не ми е ни гајле,никогаш не ме ни интересирало ни пак сум сакала да знам како му било со некоја од нив. Знае дека ми е втор,но знае дека го чувствувам како прв,за мене нема голема важност првиот,зошто? бидејќи со овој сега е далеку подобро
ја имав таа чест на еден од бившите да му бидам втора-во разговор ми кажа првата била моја имењачка(повеке била ко авантура) па така да ке ми го памети името додека е жив се секававам на еден од бившите мувачи-се намачи човекот додека го добие тоа што го сака, ама пак не му успеа а мислеше дека сум невина : немам навика да прашувам која сум му по ред на партнерот-ако сам ми каже ок ниту пак јас кажувам-мој живот,мој проблем а ретки се случаевите кога некој сака невина девојка до него-сите сакаат искусни(добро нецел град да ги има поминато) а за повторно невина-има речение и за тоа(шиење) болно и деликатно пред се многу скапо
и на мене сегашниот партнер ми е втор...и баш сум горда на тоа бидејќи не сум љубител на менување на сексуални партнери....убаво ми е со него навистина се опуштив и сватив што значи убавина во водењето љубов...
Прв ми беше сегашниот дечко и верувам дека цел живот ќе останам со него,а за него знам дека имал пред мене 3 со кои имал односи, но никогаш не му навалував како било и што било со нив.Сепак тие се во неговото минато,а јас сум неговата сегашност и иднина се надевам
Втор дечко а трет сексуален партнер. Му кажав, немавме проблем. Всушност, јас него не ни го имам прашано за тие претходно. Знам само за претходната бивша, за неа ми спомнуваше нешто, за друга не. Ни мене ништо од неговото минато не ми пречи, било што било, важно е она сега и во иднина.
Мене ми се случи. Вториот, не ми веруваше дека е втор. Само поради тоа што еден куп жени на сите им викаат дека им се 'Втор'. Иначе на сите што ме прашале, сум им кажала кои се по ред.
Вајлд си реотворила интересна тема. Вториот... Вториот ми беше првата и најголемата љубов. Онаа наивната, искрената во која се вложуваш целосно без размислување. И ден денеска со болка ми текнува на него, за жал невозможно беше да се продолжи. Сега сме во брак и двајцата, тој со две деца, а девојката со која ме изневеруваше се уште му е швалерка Моја другарка бтв, за да биде поинтересна приказната.
со еден у гроб не се иде Шала на страна.. мислам дека освен кога некој ти е прв да му наговестиш за да пази и знае сето друго е глупост. Дали е 2 или 22 нема врска. Ситуации околности и лични избори се во прашање. За мене прост е човек за кој бројот на бивши партнери има значање.
Еее, ама на еден куп им значи бројот, па затоа сите им се 'втори'. Стварно треба да се запре со ваквото однесување. Глупо е.
Таквите на бесилка... мажи без самодоверба ми се. Се плашат да не видела девојката поубави од нивните .
За жените зборав. Тие лажат за помала да им е бројката. Мажите лажат дека им е поголема. Ама никако да им текне дека успехот не се мери со бројот на партнери.
Хахахахахахаха. Изгледа вистина тоа им е маката, а се вадат на тоа дека чесна бараат. Зошто нели така честа се мери
Па и ние жените ... став да не ни суди демек да се покажеме поштени. ..... Ма дупла бројка ке му кажам ... да се мисли дали неговиот "John" може критериум да ми исполни