Одам да, не ми е напорна работата така да не е нешто страшно. а за должината мене ми рече ок дека е. ке видиме на следна контрола што ќе каже.
Денес на ехо ја фативме малата како си го цица палчето, и сликичка направивме. Минатиот понеделник бевме точно 16 недели. А денес докторот ми измери 16+6 . Изгледа не измери како што треба.
Кај мене сега е поактивно, овие 2,3 недели, 25та недела сум. Нема правило битно е да мртка Се чудам што ли прави внатре, на маж ми му викам нели му е досадно .
Пред мене си точно 4 недели. Кога ти е терминот? Мојот е околу 20 септември, така ми кажа докторот. Јас сабајле ја осетив, мрткаше. После тоа цел ден не, и сега и' зборев да се разбуде, да се размрде, ама не сака. Спие си на топличко.
Форумче и ти пред мене си точно 4 недели јас сеуште не осеќам дефинитивно да ме клоцне осеќам нешто ептен нежно глоцкање.. Дали и тебе ти беше такАа ?пред колку време почна да осеќаш да те клоцка или кајј сите е различно
Јас бев тука некаде колку што ти си сега, осетив некое треперење, како да ми лазе нешто. А онака убаво да си клоцка еднаш само пред неколку дена осетив. Повеќе е така како скокоткање некое.
До денес 17+3 но бебо е - 5 дена па и рано е сеуште за клоцкање а со стомачето како сте мене почна веќе на трудничко да ми личи секој ден се повеќее многу му се радуваммм
Јас сум пак 2 недели пред тебе и скоро толку време го осеќам бебчето како мрда, на почетокот нежно како некое движење во стомакот, како да ме допира со прсте некој, како пуцкање е последнава недела секој ден, кога помалку кога повеќе си мрда, а вчера цел ден не го осетив и се преплашив, и се изнаплакав после така од мака и дали ме слушна дека плачам па вечерта си мрдаше беше раздвижено, станало од спиење Нема правило изгледа, пред една недела не бев сигурна дали е тоа или моите досадни црева, ама кога ќе почне почесто ќе бидеш сигурна дека тоа е бебчето, ти кажува мамо тука сум! Стомачето ми е трудничко, веќе се познава
Оии душичкаааа убава.. со душа чекам да ме клоцне вистински и да сум сигурнааа дека е тоА малото жабчеее убаво на мама
Јас од 15/16 недела ептен нежно почнав да го осеќам, а веќе крај на 17та ми се познаваше на стомак клоцањето. Во 18та успеав да снимам кај шо ми го поткрева стомакот. Од тогаш наваму го осеќам секој ден, а вчера цеел ден клоцаше не застана, се чудам дали спиеше воопшто денес сум точно 23 недела.
И јас осеќав како голицкање от 17-18 недела. Не бев сигурна дали е бебо или цревата ми кркорат. Е последниве две недели убаво го осеќам како клоца. Кога бев на скринингот се бореше со ехото. Како докторката го ставаше на стомак, така он клоцаше. Особено последнава недела, многу убаво се осеќа и секој ден се повеќе. Многу убаво чувство. Мислам дека за некој ден ќе може и мм да го осеќа како клоца по меше.
Denes koga bev na kontrola ova moevo tolku e mrzlivo sto dr me prati da kasnam blago za da moze da mrdne malku inaku sum 25+1 a jas cekam da mrdka ali ova aber nema
Овие 2 дена сме доста активни, само ме чуди, некако мн ниско доле осеќам, баш клоцање, 18 недела сум и чудно ми е
Потоплно исто како мене .. Јас сега сум 15 и 3 дена и се ова до збор истото го имам. Одвреме на време имам кратки и и многу слаби менструални болки си велам е нормално, ама сепак постојано имам страв како тебе
@fana си читала стар пост, сега сме 11 недели плус Не се секирај, нормално е , после ми исчезнаа скроз симптомите , па ќе почне да мртка и ќе знаеш дека се си е во ред
Мамички, како сте? Слабо е активна темава некако. Ние преткаме, растеме на 7ми сме на 4д скрининг, едвај чекам да го видиме бебчо.
Здраво мајкички Ние денес троа си паничиме, 25 недела сме, а докторот ми рече дека цервиксот ми е многу краток, требало да е над 25мм а мојов бил 19мм, строго лежење во кревет ми препорача, инекција прогестерон, утрогестан вагиналети три пати на ден, и детално испитување на ГАК за три дена... Лепота!!