Кога одам во ремедика и кога му викам да ми го мери цервиксот ме прашува дали сум имала болки. Ако му кажам не не го мери. Незнам дали има поврзаност. Матичната ми има спомнато дека може да има кафен/црвен исцедок, кај мене немало. Не знам што да кажам еве @stevemila вели немала никакви симптоми.Јас 2,3 дена имав болки и само таму ми е паметот
знам дека се' ќе се среди, мора да се има верба и да се мисли позитивно... само да издржи малово нестрпливо уште малце, ептен му е рано за да се дружиме..
@Maeve колку е тешко? Ти спомнаа ли за инекции за зреење на б. дробови? Мило ми е што си позитивна и сите сме со тебе, малото јуначе нема да се предаде ќе видиш
Веќе има примено инекции од минатиот преглед како што знам . Ќе издржиш уште 3,4 недели , после и да се роди ќе биде добро . Со тебе сме , ќе те дружиме на форумот да не ти биде досадно
Да да, примив две дози флостерон, не знАм дали се доволни или не, како и да е.. малово е пргаво, мава и ме мисли два пати
Само позитивна мисла и мирување. Слушај си ги докторите и се ќе биде како што треба Ти праќам и се молам се да биде во ред.
Како прва ноќ, шо секогаш кога менувам кревет или локација, таа ми е најтешка,малце мачно, дремни па број овци помина битно, не е толку страшно.. туку многу висок број на леукоцити имам во уреоплазма, могуче е од тоа да е ова?
Можно е, од бактерија омекнува грлото на матката и повеќе шанси да се отвори. Држи се таму и пишувај ни
Така кажа докторката, висок број на леукоцити во урина.. што мислам е исто со висок број на уреоплазма..
Не е исто. Леукоцити штом имаш во урина можно е да си имала некоја инфекција/воспаление на мочни патишта. Уреаплазмата се гледа преку брисеви .
Па значи влезена си во седми месец Чисти ли ти беа брисевите? Ако си имала бактерија сигурно си пиела антибиотик?
Тогаш беа чисти, не ми препишаа антибиотик.. последно баш заради леукоцити ми препишаа антибиотик, и тоа е тоа..
@Maeve од бактерија се крати цервиксот . Мене кога ми кажаа дека е скратен ги повторив сите брисеви за секој случај . Но чисти беа . Спомни таму да ти ги повторат. Ќе излечиш што и да е и нема да се крати . Барем 1 цм са ти се зголеми . Да си издржиш до крај со лежење .
Здрави и живи, за сега не можат брисеви да ми земат ради антибиотикот што го примав и утрогестанот.. ќе видиме што ќе излезе, здрави и живи и брзо да мине времето