Не верувам да чепкаат сега со толку скратен цервикс. Јас кога ми земаат брисеви го пијам утрогестанот.
А од каква бактерија вагинална или уринарна може да дојде до скратување и омекнување на грлото на матката?? @Libra88 @Maeve колку ти се покачени леукоцитите??? Господ е голем ке ве чува и тебе и бебле и се ќе биде во ред.Таму си под надзор.Само одмарај си стресот елиминирај го колку можеш тешко е но дај си сила за тоа мало човечулче.Те
Од секоја бактерија може да се скрати нажалост. Кај мене бар беше така. @Maeve пред колку време прими флостерон? Ти кажаа ли дека делува само 14 дена? Ако има поминато повеќе време барај нова доза , моли се и држете се со бебчо.
@alisijad озбилно ли ? Само 14 дена ? И после што , пак ли не му се развиени белите дробови ? Не ми е баш јасно мене ми кажаа на полна 31 недела да ми стават . А после 34 недела не се ставале .
толку е, а најголемо дејство имаат првите 24 часа, ова првично на интернет го прочитав, и јас кога ги примав бев испаничена што ако се породам кога ке помине дејството, го прашав и докторот ме знаеше колку сум паничарка па не сакаше да ми каже, па откако настојував ми кажа 14 дена , истото потоа и акушерката што ме боцкаше ми го кажа, ете имаше господ па не се породив , уствари на крај напразно и испадна дека примив 2 дози. Значи кортикостероидите не ги зреат белите дробови и зрели да се цело време, туку само привремено ги созреваат.
Девојки, дали некоја од вас се сретнала со многу густ, растеглив и жолтеникав исцедок? Прв пат ми се појави пред 2 недели (тогаш како да имаше и малку кафена крв во исцедокот), отидов одма на ургентно, ми ги направија сите брисеви и крвна слика и освен ниска постелка ништо друго не константираа, но сепак ми сменија наместо утрогестан да земам дабростон. Од тогаш 2 недели сум на боледување и мирувам, но сега повторно го имам истиот исцедок.
@Ambra20 јас би ти рекла да појдеш на др. ако не друго барем да ти ги сменат со утрогестан. Јас имав и темно кафен и светло кафен исцедок. За 2от ми рекоа дека е нормално. Која нед.си?
19+ сум и искрено многу сум извадена од памет. Ќе одам секако пак на лекар, но и таму ништо не ми кажуваат.
Дали имате на моменти болки ко стрецкања кај јајниците?? Ме здоболува од синоќа лев па сабајлево десен јајник но издржлива болка и трае околу 1 мин.не е константна болка но брецкање имам еве од сабајле на 2-3 пати и ме наболнува при седни-стани.
Јас имам сечење во стомакот понекогаш ама претежно во погорниот дел, над папокот. Не обрнувам внимание бидејќи мислам дека е нормално. Јас изгледа многу малку обрнувам внимание на болки кога се споредувам тука со вас. Може и позитивно ми влијаеше предавањето на кое бев - докторката кажа се дур е издржливо и трае кратко, не е ништо страшно. Константна болка не е за занемарување, треба да се јавиме на гинеколог. Ако сте во можност појдете на предавањата.
Ти Благодарам од се срце.Точно потполно си во право.Јас сеуште имам и затегнување во пределот на вагината ко да се тегнат лигаментите и јас се ги осеќам и од тоа ми фуфка за се Но да ќе гледам да одам на тие предавања обавезно ете влеваат позитива и поопуштени да сме.А и јас синоќа имав лево горе над папокот но цревата ни беа полни еве сабајлево веќе ги немам..Приметувам и гасови кога имам така ме забрецкува лево десно над папокот
@alisijad фала ти на објаснувањето . А ти за што ги примаше ? Што беше индикација за порано да се породиш
Ми дадоа голема надеж, не сум била отворена, и со соодветна терапија ќе се сопре намалувањето, ќе си поседам троа тука во болница, па ако даде Господ ќе ме пуштат и дома троа да си поседам, тоа е најдобрата можна варијанта се' друго не прифаќам за сеа како исход
@Maeve каква терапија ти дадоа ? Супер вести , ќе се зголеми не само што ќе се сопре . Ќе си мируваш до крај тоа е . Јас од почеток си лежам .