Цервикс 16 мм, малото почнало да се врти со главчето, до 32 недела дефинитивно сум тука не мрдам.. туку малу спомнаа дека плодовата вода ми е намалена, и бешиката на малото е поголема од шо треба.. рекоа ќе се консултираат со шефот па ваљда ќе дојдат мислење да ми кажат званично, да не паничам без везе ... сума сумарум докторката задоволна беше од напредокот Ве гушкам!!!
Во истиот период ми се случи истото и одма отидов на ургентно. Констатираа само ниска постелка, што не е чудно за тој период. И јас според исцедокот мислев дека е тој чеп и од памет се извадив, ама тоа е од што читаме по интернет. Од тогаш не одам на работа и се трудам повеќе да мирувм.
Маеве цело време те пратев и мнооогу бев загрижена за тебе искрено. Истото како тебе го поминав и јас пред 8год., за жал со несреќен крај и кога прочитав дека има подобрување кај вас, пресреќна бев. Па денес пак позитивни новости, браво! Само продолжете така, Господ нека ве чува и лежи си таму, знам колку е досадно и условите какви се, ама СЕ ќе издржиме за душенцава мали под нашиве срца
За издржување збор нема, колку треба толку, ич нема муабет.. туку ме секира ова со бешикава од малото, значи не ти кажуваат во лице, ама ги наслушнав кога ја кажаа дијагнозата и ако се породам да се извести педијатар, нит знам дали е сериозно, нит ништо... туку си викам ако беше сериозно ќе дојдеа да разговараат... не знам шо да мислам искрено... Се' друго си беше супер, и надеж ми дадоа дека за 2 недели излагам од тука...
И јас мислам ако беше сериозно ќе ти кажеа. Немој да се секираш и мисли позитивно, како и досега, зашто има големо влијание твојата позитивност
Чул те Господ, до сега бев оптимист за се, денес прв пат осетив страв како мајка за малово, до сега си велев, само позитивно, и такс ќе ди продолжам.. Стискајте палци, денес ветија уште еден преглед ( у мои очи ако имаат време).... докторкава спомна дека малото можно е да има Луто синдром, што знАчи или стеснување или блокажа на уретрата, или на нашки кажано, не можност на нормално празнење на бешиката, што може да резултира со оштетување на бубрезите, и ред други компликации... се молам три дена да е грешка, да на следново ехо излезе дека малово едноставно не било испразнето, мада баеги голема бешикава му беше на екран, еднава докторка дури очи ококори... Ме држи во позитива дека го осеќам дека клоцка, дека може беше грешка, и дека е решлива ситуација според докторите.. Ќе ни треба сета среќа на светов!
Господ нека е со вас, дај боже да е грешка, ти ја држам сета среќа на овај свет. И кога ќе излезеш од болница да си појдеш и на друго мислење по приватниве клиники. Пиши што ќе ти кажат, и што и да е немој да се нервираш додека не слушнеш и друго мислење
Ти ја праќам цела среќа на овој свет! Господ нека е со вас и нека излези се во ред! И исто како Орхидеа и јас би ти рекла обавезно да си побараш друго мислење од приватниве. Ќе те чекаме да ни кажиш позитивни вести
@Maeve држам среќа да биде грешка биди позитивна како и досега и моли се за убави вести . Сигурно ќе те видат и други специјалисти на клиника па ќе разменат мислење . Не ретко се случува да згрешат .
За по приватниве, ако излезам од тука пред да се породам обавезно... уште чекам да ме викнат, дали ќе биде денес Господ знае... јас се викам не беше измочкано и има голема бешика ко мене ќе ви пишам што и како ќе кажат..
немаат ехо кое е подвижно за во соба да те прегледаат? јас кога лежев во Систина никаде не одев - ехото идеше кај мене
Слушај со резерва. Дај боже да те пуштат и правец кај Димчев. Ти мила 2от скрининг го правеше некаде, што кажаа? Биди силна, тешко е , ама на тоа што клоцка му требаш силна
И имаат, ама ме носат со количка... тоа мислам и не е толку страшно.. скрининг правев 5д во штип кај органџиски, се' беше во ред, исто и кај матичниот... силна сум, барем се трудам да бидам..
Мислам дека нема шанси Органџиски да утнал и да не погледнал убаво на 5д ехо дека нешто не е во ред. Не за џабе е најдобар и најпознат во Штип и околината. Ќе видеш дека сѐ ќе биде во ред.
И јас истото си помислив. Ваљда на 2от скрининг ќе видеа ако имаше такво нешто, сигурно тоа не се појавува преку ноќ. Ајде, се надеваме дека глупа грешка е на докторите.
Абе, демек сеа кога се свртело со главчето надолу се глеало поубаво, драпај си мео... мада последен пат бев кај него бев 20та недела, така да не знам што да мислам..
Ако е некаква утеха, кај мојата втора ќерка сто вакви драми ми направија и за среќа се испадна супер. Поради таа полна бешика на еден доктор му се видоа цисти на јајници кај ќерката. Од памет се извадив, првен мешето назад и го водеа, дека заостанува и еден куп испитувања правев, после цистите. Ме доотепаа со дијагнозата. На клиника, специјалистот, рече дека не било мочкано бебето, од тоа така им се видело. Си се роди здраво.
Се надевам истово ќе биде и со мене, јас пак ќе кажам, на екран голема се виде бешикава, ама дур не ме прегледаат пак, не фаќам ништо здраво за готово...
Јас до петок сум тука. Од петок 27 недела и конечно последно тромесечие...не ми се верува дека толку помина. Сите викаат ааа ти тежи више меше, уште малце...а јас си викам мало меше, не сум поправена....ко манекенка си се филмам. Уживам во бременоста, мрдкаме, креваме меше, клоцаме кај што не треба...ама ако, јас па сакам постојано да ја осеќам.
Јас надминав периодов во темава, кај и да е влагам во осми, ама некако не ми се напушта темава.. иначе уште чекаме ехо, мислам дир петок ќе е...