Знаете што, гзот да му го јадат на син ми овие, доктор Самарџиски ме прегледа за 5 мин, рече бешика празна, бубрези супер... нема ништо, малото е одлично!!! И на визита еднава докторка вика за мене, оваа не се тушира баш често, дај да и даеме антибиотик да не закачи пак нешто... си велам мори жено, да ми дозволевте да се истуширам супер ќе беше.. борба е кога идам во вц еднаш дневно успут и заби да измијам... не знаев дали да плачам или да се смеам....
Игнорирај ги простачките коментари мила и слушај она што го кажуваат за бебенцето. И да и јас викам газот да му го јадат а и твојот уз пат што толку те преплашија
@Maeve Гледаш дека сѐ е во ред со бебето, џабе се грижеш. А на таа докторката со глупавиот коментар алал да ѝ е на културата.
Абе жената да речеме е во право, пошто се неам истуширано еден месец, нели не смеам да станам..не ја бранам, коментарот и беше стварно без осет, а јас значи умирам за туш и да се средам, ама не сум ни ја крива шо болничаркиве од 4 шо ги има, само две знаат да речат, дојди душо да се измиеме малце...немам зборови! На работ сум, од денес 31ва недела, ќе си издржАм уште малце, после или ќе ме пратат дома или ќе ме симнат на патолошка, тука според мене вечно не можат да ме држат...
Ама таа нели знае дека не смееш да стануваш, зошто баш така кажала, малку навредливо звуче, како ти намерно да не се бањаш. Стварно е без осет. И не е само таа, повеќето доктори се такви, само исмејувачки коментари знаат да дадат. Како они да се совршени.
Не ми кажувај, неколку месеци бев во болницата во мојот град на стаж, такви исмејувачки и злобни коментари од сестри и доктори наменети за пациентите, многу сум слушала. Секако има и исклучоци, ама нив ги има во мал број.
Јас да прашам, никој немало до сега со искуство како моето?? Знам дека сите случаеви се различни еден од друг, ама ипак, да знам отприлика што како следи, да споредам...
Само јас си пишувам во темава, синоќа ме симнаа на патолошка, поголем хаос у животов немам видено.. не можеа да ми се снајдат у историја зашто лежам, шо примам од лекарства, последно ехо.. ништо!! И ај јово на ново на преглед, ми извадоа цервикс 3 сантими.. значи или апаративе на едниот крај од зградава не мерат исто ко оние од другиот крај од зградава, или кадаров е толку стручен, или се десило светско чудо... немам зборови!!
31+4.. сеа дека све јово на ново ми праат врска немам шо ќе се случува, одново ехо, одново крв... не знам зашто трите сантими не ми се баш верни... кешки нека е така.. што е толку тешко да се искомуницира со прошлиот доктор јас не знам, а и нејќАм 100 души да ме следат, немАм верба... сфатив дека докторката затоа ме чувала горе, за да може само она да ме следи...
Немам дека и тука лежам и си идам до вц само.. денес како зА прв ден др. Џикова ме гледаше на ехо... ама ко шо ми изглеа кој ќе пројде мислење ќе даде... пробувам да стапам во контакт со претходната докторка, барем еден муабет да напрам со неа...
@Maeve taka najdobro , baraj ja doktorkata pa ona neka gi upati tamu sto i kako . I ne se sekiraj stom.stigna do tamu