Mene sinoka prvo mi izmeri 23 posle 27 i nesto.Neznam koe e tocno.Sepak ke se cuvam do pregledot kaj Organgiski.Ne se plasi se ke bide dobro Edit: Samo so zakazav kaj Organgiski,3Avgust.
Аиииии колку убави вестииии јас само тука прочитав.Со леснооо да си ја истераш бременоста како Господ никој не е Многу ми е мило
Здраво на сите, нова сум на форумов... морав негде да си се олеснам и да побарам совет, поготово што живеам во странство и немам мн блиски пријатели. 22+1 сум денес. Пред 3 дена бев на скрининг, среќа бебата е добра, но на крај ми измерија цервикс и е 21-21мм, а пострашно е што почнал и мааалку да се отвара терапија 2 пати на ден по 200мг утрогестан, исклучиво лежење и станување само за до тоалет и магнезиум 3пати на ден по 500мг (оваа доза искрено ми изгледа многу). Го доземав цел одмор и на 31ви нов преглед и ќе ми кажат дали ќе можам колку-толку нормално да функционирам или боловање. Мн сум насекирана дека 22ра недела е прерано и има уште мн да издржи бебацот внатре, а исто така до сега немав буквално никакви проблеми, ни болки, ни крварења, ништо.... никакви индикации извинете вака на долго жалење, ама ќе си пукнам од мака
Примај си ја терапијата и станување никако само за во тоалет и пак назад. Не е многу магнезиум и јас пиев 2х1 од 500мг Гали мешето и се ќе биди во ред
Фала на одговорот и поддршката. Се што треба ќе правам, само да сме добри и да дотераме до 9ти... Малку си се обвинувам, бидејќи бев и на одмор до викендов, кој не ми беше напорен воопшто, ама беше комбинација од шетање и плажа, не чисто легарчење. ама па од кај да знам, на секој претходен преглед ми викаа немам никаков проблем, можам да патувам, лесни вежби, секс исто така... и сеа си се туфкам. Дај Боже на следниот преглед да има подобрување. На преглед ми кажаа тешко да се продолжи, битно да не се намалува уште и отвара. Ама читав тука позитивни искуства и не губам надеж
@Trufe само позитивно не гу би надеж . Примај си ја терапијата и 100 % мирување . Може да се продолжи со утрогестанот. Јас сум од почеток со утрогестан , мислам да не беше тој немаше да стасам дотука и верба секако . Знам дека ти е тешко и ќе ти биде додека се навикнеш на лежењето . Но времето како така минува , се за бебчињата само да биде се во ред .
Ne se obvinuvaj. Ne e ni od odmorot, setanjeto, seksot...ednostavno taka se slucilo. Bidi disciplinirana i slusaj gi doktorite. Se ke bide vo red
Морам да поставам едно прашање, што јадете и какви дополнителни витамини пиете во бременоста, каква крвна слика имате? Мене крвната слика ми е катастрофа, оваа е четврта што ја правам во текот на бременоста, првите две ми беа добри, нешто беше на граница но не со големи отстапувања, третата пред две недели беше баш лоша, леукоцити 16.8 (4.4-11.2) ми дадоа антиботици, ги испив и сега на контрола ми се 17.2, а интересно е дека докторот не е толку загрижен за леукоцитите колку за хемоглобинот и тој ми е под граници 9.5 (12-15), а пијам и труднички витамини и плус железо во форма на таблети. Докторот ми вика нормална е анемија во тек на бременост, ама после две дози антибиотици и зголемена доза на железо, ваква крвна слика ме вади од памет. Што се однесув до бебето, он си е супер, си напредува, цела недела е понапредно, вториот скрининг беше супер, денес пак го гледаа, одлично си е, сега за себе се плашам.
Другарииии!!! Ја су кучи, ме пуштија во 5 до 12, и дома строго лежење, малото рекоа на ехо е супер, цервиксот над 2цм стигнал... се' е одлично, останува јас строго да си лежам по дома дур не дојде време за контрола...
Јас не живеам во Мк и тука не проверуваат секој месец крв. До сега имам проверено 2 пати - во 10та и во 18 недела ако точно се сеќавам (сега сум 22+3 и до крај имам мислам уште максимум 2 анализи). До сега резултатите од крв ми беа добри, на почеток пиев само фолна, а после 13-14 недела почнав со фемибион 2. Ми се случило и да заборавам да се напијам, да речеме од 7 дена во неделата пијам 5. Исхраната гледам да ми е здрава, сабајле обавеЗно смути, потоа да имам бар една слата, а другото нормално: паста, месо, риба, манџи, па некогаш (но ретко) и џанк фуд. На др што ти препорачуваат да зимаш како суплемент? Пред бременост каква крвна слика имаше? Јас никогаш не сум имала проблем со крв, па може и тоа си влијае, ама секако мислам дека ти требаТ суплементи @RedRevolution за железо на сестра ми и помогна семе од коприва во мед, секој ден по една лажичка
Ми зема докторот вагинален брис, да не се работи сепак за некоја инфекција, заради зголемениот број на леукоцити, а за железото ми рече уште плус на трудничките витамини и железото во форма на таблети, да пијам и ампули за железо. И порано сум пиела за железо се нешто, секогаш ми било слабо, мене леукоцитите ме плашат повеќе, што ли е во прашање, некаде жариште мора да има, а баш и брисевите ми беа добри (до душа одамна ги правев во 14та недела), имав цревна бактерија која ја отстрнивме со една доза на антибиотици и сега ова со покачениве леукоцити и покрај уште две дози сумамед не се спуштаат, уплашена сум многу, па не може цела бременост на антибиотици да ја поминам.
Јас од сам старт сум со покачени леукоцити... од 12 па мах.до 15.Вагиналните брисеви негативни,урина обична ништо немаше а на урикокултура Ешерихија а таа си ја влечам уште од пред бременоста...Пиев 7 дена Еритромицин 3х1 права уринокултура пак иста концентрација по тоа сензитивна беше на Панцеф пиев 10 дена 1х1 и пак правам и пак Ешерихија и леукоцити 13....сега пијам Cysticare на природна база ми ги даде Димчев.Сепак мој совет и една уринокултура да си направиш чисто да се види...Леукоцитите се нормални да се до горна граница во бременост но моево е бајаги качено и се установи бактеријата.Мм рече сега антибиотик никако доста испи...и матичната истото го потврди.Можеш да си мирна вагиналните чим се чисти нема место за страв а за уринарните бактерии неможат да стасат до плодот.
@Maeve конечно дома, а? баш ме израдува. И сега немој никако да се опушташ за ништо, знаеш ние жените какви сме, строго мирување . *
Одлично. Само послушно со одмарањето и галете се. И ќе си се читаме тука до меикици. @RedRevolution ако не јадеш месо, пожелно е да вклучиш. Викаат железото од месото е подобро од останатите продукти во исхраната. Земај суплементи заедно со витамин Ц, а два часа пред и потоа не конзумирај млечни производи. Медот со семе од коприва+ лимон што ти го пишаа е исто така добар природен лек. Во однос на леукоцититие незнам што да ти препорачам ете @pile30 убаво ти пишала.