1.1мм во споредба пет дена претходно, 2.3мм на гак... мање битно, си реков, кај 100 души да појдам сите различна бројка ќе ми кажат...
Не им давај веќе да ти го мерат грлото, доволно е (блиску сме со неделите). И онака освен лежење, друго не може да се направи. Мене нејќеа веќе да ми го чепкаат ни во Систина, ни во Ремедика.
Ајде битно си имаш примено инекции за зрелост на белите дробови, ке издржи беби до 36та недела. Мене др ми кажа, гледај да издржат бар до 34та.
И мене во Систина Поповиќ ми рече да издржиме барем до 34 нед А јас сум 26 нед. Во Среда почнувам со боцкање на инекциите за зреење. Имам уште многу јас
Само позитивно и послушно према тоа шо ќе ти кажат, трпението пробај да го ставиш на максимум и се' ќе биде ко шо треба!
@iki26 не можеме да се водиме така. Ако ги слушаш советите, мирување може и 39 да стигнеш. Од кај знаеш. Секој организам е различен. Само мирување на прво место, позитивна мисла и ете ќе имаш мали бебчиња од 2.5кг + ехе хеее
@iki26 повеќе мирување. Вчера мисам те прочитав дека излегуваш. Знам досадно е, ама мораш да мируваш. Ние реновираме. Дома е бомба
Да излегов на кратко, не можам да доседам дома. Морав скриен шеќер да испитам и малку да се излуфтирам.Не сум учена дома да лежам, црвец ме фаќа.ММ ептен ми вика дека си го барам со сила,има и право но ми требаше малце воздух. Ќе бидам повеќе послушна, морам за доброто на бебушите.
Здраво мамички пред се да се пофалам 20 недела сум и веке почна да се примека трудничко стомаче и да ме прашуват кој месец сум .. многу сум срекна D Прашањево ми е дали е дозволено надграба на нокти во 2 тромесечие од бременоста , пошто сум на свадба на брат ми за една недела.
Со леснооо нека е За нокти јас правам пред тест и по позитивен тест и еднаш месечно исто си ставав но гел ставам не акрил.Сега сум исто 20та недела и си ги правам на 1 месец и некоја недела.Само не се фарбав додека траеше органогенезата но по 12та недела се офарбав и еве сега 20та исто се офарбав и уште еднаш здравје Боже во 8ми месец и после ке одморам некој си 3-4 месеци сигурно
Порелевантен податок за можна инфекција или инфламаторен процес е висината на ЦРП( ц реактивен протеин )леукоцитите можат да излажат . Провери , побарај овој параметар посебно да ти го измерат можно е да имаш инфекција поради подолго што имаше слратено грло и подотворено Како може сама да провери дали и е отворено грлото ???? ☺️Јас тоа работам па е невозможно сама да си проверам дали е отворено
Прочитав 2 пати леукоцити. Дали е многу лошо да имаме покачени леукоцити? *не знам дали ваква тема дека е урина а не крв. @meglena70777 ти работиш со ова?
Vo urina e normalno da se *2 dojolku nema i proteini vo urinata , a ako se pokaceni vo krv ( 12000 i nagore ) mnogu vazen podatok e i CRP