Мене во 22ра недела уствари прв пат ми го измерија и беше 21mm. После 22mm, следно мерење 19 и сега на последново пред една недела пак 21. Може и не ми варира него зависи како го мерат, битно тука е негде. Со близначиња како што си ти знам дека е мн честа појава да е скратен.
@Twins_Boy&Girl мора прво да си позитивна и да мислиш на гушкање со бебушите никако на лоши работи. Си примаш терапија и се ќе биде во ред.
Дури сега го гледам тагов, извини мила што не ти пишав порано... Кај си сместена прво кажи ми, ако си горе на ПИН, немаш потреба за нервози и секирација, опушти се, и имај верба во себе и тие околу, што се грижат за тебе.. има секакви случаеви, и секакви доктори, али прво нешто што треба е да мислиш позитивно.. кај мене терапијата беше следнава, магнезиум и клиндамицин како главни компоненти, па примав и додатни витамини, клиндамицинот ми беше заменет со еритромицин.. кај мене имаше позитивен ефект, ако не друго да се успори кратењето, или да се стопира во најмала рака.. Биди позитивна, и мисли само на денот кога ќе ги гушнеш малите ангелчиња!
Во второ тромесечие започнува да се стврднува стомакот? Ако не се лажам ова го викаа лажни контракции или грешам? Кога целиот стомак се поддујува и се стврднува? Мислам дека е сосема нормално и нема место за паника или грешам?
Здраво @Maeve Ти благодарам што ми одговори. Инаку сместена сум на ПИН. И примам магнезиум и еве трет ден Индометацин. Резултатите од брисевите се негативни, па можеби затоа не ми дадоа антибиотик, туку само Полигинакс вагиналети. Веќе една недела сум тука ми немаат мерено повторно цервикс. Ќе видиме утре што ќе кажат Др. На визитата. Ве гушкам силно....фала ти многу
Чисто информативно, кој доктор те следи? Мене не ми мереа едно 10 дена или две недели откако не примија, најверојатно чекаа за посигурни резултати од антибиотикот..
добро утро форумџики, сакав да прашам дали некоја од вас има повремени болки во папокот, некогаш се јаки и остри , краткотрајни, а може и да ги нема со денови па да се појават секој ден....
И јас осеќам, дури некогаш мислам нешто внатре како да ќе ми се скине, особено кога лежам и сакам да се свртам на страна.
значи нормално е , да и кај мене излегува полека папокот нанадвор ама некогаш сече од болка , викам да не ме клоца баш таму фала за одговорите
@AnonimnaDevojka која недела си што ти излегува папокот на надвор? Секој ден го гледам како се проширува и станува се поголем.
23та. не е уште надвор ама дека природно ми е многу длабок сега му го гледам дното , доста плиток е. нанадвор чисто за насоката кажав а инаку големината иста му е , не се зголемува
Јас сум 25+5 и вчера за прв пат така имав лево од папокот ко болка недолготрајна и издржлива но се зачудив ова е нешто ново еве и денес исто...И јас имам длабок папок и си го гледам веќе дното ко што кажаа феминките може следува испапчивање на папокот.Јас упрпав малце но дека не траеше многу долго и си реков може е нормално... Денес и имам ко тежина во стомакот ко да имам пред меше ранце со каменчиња дали имате и вие мешиња? И ко од десна страна на меше под папок ко струички ми поминуваа цело сабајле
Да нормално е мене ми е така негде од 19недела, мислам и слика ти имам пуштено како се тегни бебуш Исто и кај мене, баш некни разговарав со маж ми на таа тема, дека конечно си го видов како изгледа мојот папок од внатре