Девојки веќе ја полнам 14та недела, и сега откако поминаа мачнините и ги снема поголем дел од трудничките симптоми, се чувствувам ко олеснето, т.е. некогаш дури и заборавам дека сум бремена. А тоа веќе почна да ме плаши дали е нормално и се прашувам дали е сѐ во ред со бебето. Сте имале ли вие вакви дилеми?
А дали градите ве болат цело време, како на почетокот, или и тоа се намалува во второ тромесечие? Или е индивидуално кај секого? Извинете, ама уште не можам да се опуштам...
Индивидуално е , кај некои трудници цела бременост може , кај некои на почетокот , нај некои кон крајот .... Мене лично во сите 3 бремености различно искуство имав со тврди и болни гради па и ужасно ме чешаа од стрии .
Јас ги живеам овие дилеми секојдневно. Не сите,но најголем дел од мачнините ми поминаа. Порано бев преоптеретена со нив. Е сега сум со мисли и грижи за тоа како е бебето,не сум го почувствувала уште и едвај ја чекам следната контрола. Мене градите сега не ме болат, брадавиците некогаш малку знаат да ме здоболат,но и тоа не е како на почетокот кога не можев прслуче да облечам од болки
Мене ме болат градите некогаш повеќе некогаш помалку, многу ми се големи, пред да останам бремена носев 95 ка прслук, сега 100 па и 105 за брзо ќе биде, а сум 18 недела. И јас заборавав дека сум бремена Ама вчера и завчера почнав да си го сеќавам синко за да не заборавам Веќе знам дека е тоа тоа, многу сум поопуштена сега кога ми претка, знам дека е тука вчера и солзи радосници ми дојдоја од среќа
Бидејќи секаде различно покажува кога завршува прв, а кога почнува втор триместар...а не се ни осеќам дека ме држат симптоми од прво тромесечие..решив овде да се обратам..Ајде веќе доаѓај ваму, доста ти е во прв
Исто и кај мене, ми исчезнаа симптомите ама мешко расте, во последниве 2 недели нагло мислам порасна. Градите не ме болат како во прво тромесечие, ама брадавиците се приметливо потемни. Ги испитав димерите денес и ми кажаа дека се нормални, не ми е потребна терапија. Ми олесна...
Јас си се водам по бебе колкаво мие така да второ мие почнато пред една недела Иначе скриногот и приската се супер сега нека расте беблак како што треба И мене мешко оваа недела ми рипна и се познава дека е меше а не подуеност Повраќањето исчезна по малце ми се пригадува ама нее страшно.
Здраво женски, Мене градите одамна престанаа да ме болат, само на брадавиците имам потемно кафеави точки. Стомакот едвај и сега ми се познава, и јас и луѓето околу мене забораваат дека сум бремена понекогаш Од денес сум 16 недела инаку. Проверував крвна слика, се е ок, железото пожелно е да го покачам. Докторката ми рече да проверам и д-димери, ради рутинска проверка. Како што гледам, 1080 се, а горната граница е 1290. Баш после ќе одам да ми ги провери резултатите и ќе прашам зошто толку рано ми рече да ги испитам. Не знам за вас, ама јас имам многу прашања што не знам кај да ги поставам На пример, какви и колку алишта треба да се купат за бебето? Какво креветче и душек? Што треба да земам за мене? Знам дека е рано, имам уште пола година здравје, ама сакам да се организираме на време понатаму. Исто така, гледам на ФБ дека во Скопје цело време има предавања за трудници во Систина или Лулка, овде во Кавадарци ништо такво. Читам и книги со упатства за се, и на интернет ама друго си е кога си имаш доктор пред тебе за секое прашање и дилема нели?
И јас не сум од Скопје и точно е дека недостасуваат едукативни центри за новите мајки, па мора вака сами сѐ да читаме по интернет, за жал.
@happygirl д димерите се нормални. За беба разгледај ја темата Се што е потребно за новороденче? Ќе добиеш некоја слика што е потребно.
Докторката ми рече да испитам и хемостаза, не се којзнае колку високи, ама веројатно во 16 недела не треба да се толку, не знам. Рече дека не се прима терапија со овие вредности, ама ќе ги следиме... Се нервирам оти тука немаше термин, дури во август, па ми закажаа во Неготино. Аман
+1 Додека го поминав првото едвај, со маки, без спиење а лежење по цел ден, без енергија, повраќање, мачнини....кратко кажано без желба за живот , сега пак во 14та престана сето тоа и баш како што велиш на моменти и заборавам Сега пак грижи дали е во ред, зашто не осекам ништо... Никако не иде
Здраво идни мајки, Нова сум во форумот,сакам да поставам прашање и да споделите искуства или совети,не знам дали е соодветна групата...но еве Во 17+6 недела сум,и вчера паднав странично,осетив болка во ребрата и освен гребнатини друго ништо немам.Се јавив веднаш на гин. кажа да се пијам магнезиум. И вечерта да прв пат осетив како се движи бебушот .Денес осеќам мала болка во долниот дел од абдоменот,особено кога станувам. Извинете да долгиот текст