Се слушнав со матичниот општ лекар ми рече оспен 1000 и парацетамол можам ќе пробам со чаеви ако ештен ми биде тешко ќе пијам од лековиве
Paracetamol jas se napiv 2apcinja vo 15 Ned I poveke Dr kazaa oti moze da se pie paracetamol vo bremenost
Денес правев втор скрининг, 21 недела, бебето е супер си расти 410 грама е и си одговара точно за неделата, не е ни напред ни назад е сега докторот ми предложи да одам ако сакам на специјалист за срце, до 24 недела се правело и само на приватно, дали одите и какво искуство сте имале, размисувам дали да правам.
Срцето го гледаат и секој преглед но ова е специјално ехо за срценцето после одредена недела. Исто како што главчето се гледа дали е убаво развиено после 18 недела исто и ова. @lackygirl Кај ги правеше скринингот? Како и дае ќе си си одиш накај 27 несела на контрола и тогаш ќе го видат.
Јас Битола во државна болница, таму ме прати матичниот со упут и беше бесплатно, имаат убаво ехо и докторот е искусен, затоа не отидов на приватно во Плодност. А за срценцето идела док од Струга во Плодност еднаш месечно и сега ќе иди дури на крајот на месец август, тогаш ќе бидам 24+6, а се правело до 24 недела, ќе размислам пак има време, но најверојатно нема да правам, дополнителни стресови се.
Женски помагајте,не можам да ги извадам прстените од рака,на некој му се случило ли ова?отечени ми се тие прсти кај што се прстените само?пробав се,сапун,зејтин,крем,мраз,не бива,кажете нешто друго
На мајка ми вака кога била бремена и отекле прстите преку ноќ и со ништо не ножела да ги извади, па татко ми и ги пресекол. И ден денс тие прстени дома стојат пресечени.
Зошто ме фаќа паника? Втора беменост ми е и кога ќе помислам на моментот кога ќе дојде време за пораѓање почнувам да паничам? Дали се ќе биде исто, дали различно, дали поубаво, дали полошо? Маж ми уопште не може да сфати зашто толку размислувам и само зборам за тој момент. И јас не сфакам зашто. Со првото породување поминав супер, со царски во Чаир, а сега повеќе се плашам. Тогаш не знаев што следи ако идат работите, сега кога знам повеќе размислувам за се.
Веројатно се плашиш поради стравот за првото дете. Затоа и толку размислуваш што би било кога би било. Верувам дека имаш нормален страв. Како да го надминеш? Само фокусирај се на сегашноста и на сегашните проблеми. Ако немаш проблеми самата замарај се за некој што ги има, со тој дефокус ќе си помогнеш себе си. Нема потреба сега да размислуваш за што ќе биде тогаш. Тогаш ќе му ја мислиш секако. Мене ми е прво, немам ни поим како оди бременост ниту сум читала ниту сум се советувала со некого. Така терам на слепо до крај, што сака нека биде. Си има гинеколози да ме водат нема потреба јас да се замарам дали е во ред, кои испитувања треба да ги правам, кога мрднало, оти не мрднало дрн дрн. Лабаво до крај и ќе биде се во ред опушти се
Денес бев на втор скриниг во 20+2, поминав супер. Бебенцето си напрадува како што треба, органите се во ред, најповеќе се посвети докторката на срцето, комори, предкомори и прегради, број на отчукување и се беше во ред. Полот го потврди уште еднаш со поголема сигурност. Одморот на море ми го дозволи. Мал проблем е кандидата и пак ќе ја лечиме. Резултатите од крвта се воред засега само повеќе ми нагласи салати со цвекло, повеќе какао и ако можам мед со семе од коприва. Витамините си продолжвам со истите Пре мама и така. Многу среќа и задоволна излегов од кај докторката
За кандидата избегнувај благо и рафинирани јагле хидрати како бел ориз и леб. Мене искрено ми го снема белото прање одкако почнав да пијам провен место премама, ама не сакам да правам никакви реклами тука. Бтв мило ми е што било се супер.
Na mene mi se pojavi od pad na imunitetot kandidata inace jas pijam femibion I odvreme navreme ke ja snema pak ke ja ima I se taka cel mesec veke kazi reci
Фала Мила за советите, секое мислење е добре дојдено а и така геникологот ми остави јас да си одберам од кои пренатални витамини ќе пијам уште од претходниот месец и јас ги одбрав Премама и сега и кажав и воред рече продолжи со нива ако ти е во ред цената. Тие провен се витамини минерали и пробиотик плус, дали имаат и омега во составот? Ако не ти е тешко сликајмиго составот и да си направам споредба па можи и нив да ги купам за овој месец, и цената ако се сеќаваш одприлика колку е. Поздрав и се најдобро
Во 20 недела правев ехо во Систина, докторот рече дека се е ок, органите биле ок. Ми рече во 23 недела да одам за тоа скрининг за аномалии. Не знам шо да праам, тогаш се беше ок, сега само 5000 денари плус да даам!? Совет?