Здраво феминки Јас сум 14+4 и вчера и денес чувствувам тапи болки во пределот кај папокот и надоле кај јајниците (како кога добивам). Дали има простор за паника или нормално е? Дека на лекар ми рекоа дури од 20та недела ќе почнам да го чувствувам бебчето. Ве молам за искуства
Ако се издржливи тапи болки се е нормално. Се шири матката мора да чувствуваш нешто. Јас сум 18 недела досега ништо не сум почувствувала. Само еднаш во 16та како треперење една ноќ и толку. Кога сака нека мава јас сум тука не одам никаде и не се брзам. Кога ќе и е ќеиф нека се јави. Мама и онака је мало нервозна и не и дошло до клоцање по бубрег. Морам да напоменам дека ова лудување на хормони ќе ме уништи! Можам да испаднам од кожа за помалку од 1 стотинка.
Нормално е да имаш такви болки во цела бременост, само ако се неиздржливи на доктор. Јас почнав да го чувствувам кон 17 недела, но кај секоја жена е различно ич да не се грижиш за тоа, гали си меше и опуштиси ја душичката второ тромесечие е најлесно, имаше денови кога не се осеќав бремена
Здраво ме интересира колку кошта скринингот што се прави 20-22 гн кај Димчев во Систина дали некоја знае? И колку време однапред треба да се закаже?
4 и 300 е,ама јас закажав пред месец ипол бидејки на одмор е докторот мислам дека и моментално е затоа што ми закажаа на 29 август и тоа ќе бидам 24 недела ама ми рекоа дека може и во 24та.Така да јави си се со време да ти закажат одма кога ќе се врати ако има слободен термин
Од утре 15та недела,гадење имам сеуште,се задржувам да не повраќам. Мириси страшно ми сметаат.Свеки готви јас бегам од мирисите и најтешко ми е кога треба да седнам да јадам. Не ми се јаде,,ми се гаде а стомакот празен со сила јадам.. Додека бевме на одмор цело време мислев мочниот меур ќе ми експлодира од што ми е полн,таман на шоља малку мокрам .А цело време чувство дека ќе се помочам.. Ми се смачи од гадењето,заморот,неможам да функционирам.
Нормално ли е и во второ тромесечие да се чувствувам поспано? Овие два дена ми се чини во одење ќе заспијам...
Ова со мрзата повеќе ме загрижува...ништо немам фатено, а цел ден се терам да станам од кревет...а и нос што ми се затнува цело време е друга работа. Не знам и тоа да не ми е нус појава од бременоста...
Мрсули озвини за рудник да правам суви и крвави. Денес заборавив да прашам за тоа и за мокрењето на секои 5 мин.
Сув и крвав секрет во нос имам и јас. А и боли многу. Мислев да правам еден термин кај матичниот оти ми немаше логика да е од бременост.
Од бременоста е имав и првиот пат,исто и непцата многу ми крвареа но сменив сега четка и паста и ок сум.
За крварење на непцата и мене ми се појави,ама ја пробав Lacalut и можам да кажам одма ми престана и крварењето а и подобра паста до сега немам пробано.
Ќе помине носот сам од себе потоа? Не ми е тоа што крвави туку што е секретот многу многу сув и стои на ѕидовите од носрите и ме боли.