мене пак мојот доктор ми рече или адамова или петрова има специјализирано за аномалии на плодот..изгледа секој доктор како си знае така си кажува,,а сум слушнала за димчев како многу добар гинеколог...
да ви се придружам и јас сум веќе во второ тромесечие со 14 недели. повраќање сеуште има ама се надевам на подобри денови
Kaj sekoj istata prikazna bas imam sliknato vo mob kako se deli bremenosta vo tri tromesecija... i bas e vaka
Си го поминав вториот скрининг , докторот рече дека е во ред се, и сите мерки се добри. Плодова вода има во изобилство.Понатаму ми рече постелката е на преден ѕид со тенденција да оди нагоре. Да се пофалам почнав и по малку да чувствувам движење.
Irena баш ми е мило колку убави вести од сабајле ни соопшти дај боже само вакви убави работи да слушаме Ти точно на колку отиде на скрининг, јас сум во понеделник и тогаш ќе бидам 21+1 т.е 22 г.н и мислам дека е таман за тој преглед....А движењата како ги чувствуваш ( малку описно) за да знам дали и тоа кај мене се тие движења пошто мислам дека сме тука некаде со бременоста, а полот го знаете Те гушкам и уживај сега после овој скрининг најзаслужено
Јас на скрининг бев во 21 недела, тоа кај матичната. Таа самата рече дека од принцип сака мислење уште од еден доктор. Е овој доктор, во приватната болница ми рече он сакал да ме види во 23 недела. Така и закажав вчера влегов во 23 и бев на преглед. Движењата се многу благи, како меурче некое, многу нежно (до пред 4 дена ништо не осеќав, или бар не препознавав) незнам дали тоа што постелката е на преден ѕид има влијание толку касно да го остетам. И не многу често, неколку пати во денот. Дури едно време си викав абе цревата да не ми се тоа . Така да сигурно и ти не препознаваш. И едниот и другиот лекар потврдија дека е машко бебето, на сликичките е намрштено многу, на мајка му ќе биде гарант.. поздрав до вас маче
Денес вториот скрининг кај матичниот. Не сум нешто воодушевена од целиот преглед...можеби отиспоредувам со тој скрининг од пред 2 недели во приватната клиника. Таму колку помодерен беше апаратот и скоро саат ми објаснуваше за секоја коска, секој орган. Тука некако на брзина ми дојде. Ама важно рече дека се е нормално и димензиите одговараат. Колку мразам што повторно вагинално ме зирна. Цела бев згрчена. Ми рече дека во мајчината стои и мора да види дали грлото на матката е затворено и неговата должина. Рече се е добро, должината слично како пред месец, околу 3.5 цм. Плодова вода исто нормално. Урината исто нормална. Рече дека плацентата ми е многу дебела, дека дури тесно му е на бебчето, но дека не е тоа никаков проблем. Само значи дека бебчето има одличен доток на хранливи материи. Му се закачив за понатамошни испитувања. Рече дека при вагиналниот прегелд гледа дека се е супер, нема знак на никаква инфекција и не се препорачуваат брисеви сега, посебно бидејќи нема потреба. После му се пуштив за крв. Пак и тој 14.8 ми бил супер хемоглобинот...и виде инат сум и не попуштам, ај ми зеде крв за нова крвна слика да направи. Почнав да препрашувам за таксоплазмоза, стрептокока, еушерија коли, се можно што ми текна . Рече доколку има индикации ќе направи дополнителни испитувања, засега дека се е добро. Врвот на се беше ги натерав да му зедат крв на мојов. Нема матичен лекар, не знае кога последен пат бил на лекар, не си знае ни крвна група...си мислам море ќе те средам јас тебе, ќе те ставам во теснец. Им реков пратете сметката дома. На човеков му олесна кога си заминав претпоставувам. Од утре 23 недела. Сега прегелдите на 2-3 недели. Не како предходно на 4-5. Вагата таму покажа 58 кг, значи 3.5 плус од пред месец, а 1 плус од стартните 57 на почетокот на бременост. Ептен имам некое неодобно чуство таму доле. Најверојатно психа оти ме зирна вагинално
Денес недела викам ај ќе си поспијам, е нема . Од седум сабајле голиц вамо, голиц таму, ко да ме чепка некој во стомакот, е ајде спиј ако можеш. Веќе тренинг ми прави
Девојки бебчево е кај мене прилично активно и постојано ја чуствувам кога мрда(23 н). Свртена е со главчето надоле..па со рацете претпоставувам мрда ептен ниско доле и од памет ме вади. Не е болка, едноставно тапи удари кои и те како ги чуствувам и ми се непријатни оти наеднаш знааат да ме исплашат. Нормално ли е ова ??? Оти удариве се ниски ме плашат по малку.
Ова го имам пишано јас во,,Труднички муабети,,.Баш како што кажуваш ударине јаки до болка ама доволно да те потресат да не ,,излезе,,бебче ....Бев баш на контрола и гинекологот ми рече нормално е тоа дека со глава е надолу бебето, секое мрдање со рачињата се осеќа баш така,ниско,вагинално долу
Ne grizi se Dani...i moeto mrda isto,duri peckanje cuvstvuvam.Jas so vikam,me plasi konecot da ne mi go iskine.Valjda e normalno. Pretezno navecer mrda i koga jadam blago.
Значи исти сме сите И мене одма таму памет ми оди да не сака да излезе...рано и е. Како рингишпил ми е низ цел стомак, многу мрда но тие движења ми се пријатни. Само овие скроз доле ми се непријатни и најверојатно удира на поосетливи зидови и ме плаши.
Ние трудниците сме ти,,посебна,,категорија,сакаме да се движи бебето да го осеќаме,ама штом удри долу одма од памет се вадиме,рано е за излегување ама ете нормално е,така кажа стручно лице
Последна ми е идејата да не нема место, затоа да не мава толку Докторот ми рече имам прилично дебела плацента и толку ми требаше
Да било нешто страшно ќе ти кажел Др.Опасна е нашата психа, чекај тек сега ќе почне повеќе да расте,ќе си има место
Јас па сум желна да го осетам повеќе, јас осеќам мали чепкања, скокоткања. Кога вие пишувате вака, моево ко да нема сила. Туку од денес приметив од брадавиците како водичка да ми се појавува кога ќе ги притиснам нежно. Мислам дека некаде имам читано дека е нормално тоа, ама не сум сигурна
Ова нашево само трудници го можат изгледа...ама јас секогаш си се водам по тебе оти сме најблиску па и јас пробав сега ова со водичкава. И кај мене е исто. Нормално ќе да е. Твоево момче си е мирно...си седи и си се дебелее. Девојчињава се такви место не го фаќа изгледа
немојте случајно некој да ви читал што пишуваме ќе се крсти инаку рипнав јас на +10 кила, скоро сите во стомакот и градите. И денес една личност што не ме водела подолго време ми вика, ајде уште малку. Викам кое малку уште 4 месеци одприлика и ваква фаца направи
Тоа од градите ви е прв колострум И кај мене почна од кај шестиот месец, па се згусна и доби жолткаста боја. Дури и ми беше интересно, на секое туширање се стискав да видам дали повеќе се создало...будали жени