Исто е потполно и кај мене...ама јас уживам во тоа а не да се секирам...нема шанси од тоа предвремен порагај таман работа значи ич да не се плашиш се ќе биде во ред И да знаеш ако сега не клоцаат вака замисли понатака бомбастик ќе биде хихи Уживај и немој со лоши мисли
Денеска ја видов бебушката и ми рече докторот покрупна е 16+1 сум одговара на 17 недела. 150 гр. 13цм. Мислам дека ја осеќам навечер како пеперутки но тој ми рече првородките осеќале најрано во 18 недела. Што мислите вие?
За ниското носење и мене ми се изнасмеаа во Плодност. Ако е должината на цервиксот во ред нема опасност. Па понатака и немаат баш простор за толку да клоцаат. И мене во тој период најинтензивно ми беше клоцањето. Сега повеќе како тегнење и влечење чуствувам и буквално цел стомак ми се изобличува.
Сите сме исти значи со првите бебиња. Ако мрда оти мрда ако не оти не, ме караше мм е аман ми вели никако не ти чини, од 20 недела натаму многу ми мрдаше најмногу кога лежев, една недела цела 26 мислам беше, минатата недела многу послабо го осеќав и само како вибрации, 27 недела сум па нема престанато да мрда и дење и ноќе. Мава секаде и долу во вагина и анус и горе во ребра и желудник Се појавија болки во колкови, поливина, несоница хаос ми е, се се боли. Ама битно бебче си расти како што треба
Мене мојава бебушка ми води инает. Претходната недела бев на контрола и кога дојде ред да го видиме полот бебушка ја напрчи газицата и ги свитка ножињата. Абе што молење му удривме и пак не попушти. По два дена пак отидов и иста приказна
Јас од денес почнувам 28ма недела, во рок од 2 недели ми се чини дека мешко порасна и натежна. Тешко ми е посебно станувањето после лежење. Задишувањето и напорот си ги препишав на ниското железо и хемоглобин, па се надевам ќе ја оправам крвнава слика и ќе живнам малку.. Не пешачам воопшто, тоа ми е многу лоша навика, седам по 9ч дневно, па доаѓам дома и си легнувам. Максимум по пола саат пешачење имам дневно...
Јас чуствувам болка во кичмата и од десна страна кај што мрда бебето и препонот. Сега почнува посилно да мава особено одсабајле после само нежни удари. Незнам дали има врска тоа со постелката што е ба заден ѕид. Ја почнувам 24 недела.
денес 26 недела ме боли кичма ептен се повеќе и повеќе @monik55 последниве 10 дена премногу ми се зголеми мешко и чуствувам тежина во стомакот мнг повеќе од предходно особено кога се вртам навечер на спиење ми е тешко иначе од кога се влегува во трето тромесечие од која недела?
Значи јас со 27+1 денес официјално треба да ја напуштам темава.. Се читаме во темата што ни следи, па во мајчински муабети
А јас си мислев само мене ми порасна стомакот наеднаш последните две недели Јас од утре почнувам 26 недела. Од почетокот повремено имам болки во кичмата, само на левата страна, сега се почести. И тешко ми е да станам од кревет кога ќе легнам да одморам.
почнав со 60 кила бременост, до пред две недели имав 65 значи само 5 кила за 6 месеци... денес се мерам 67 последниве две недели уште две кила...ама видно ми се гледа дека ми се во стомачето
Јас почнав со 64, до 20та недела си терав со накачени 68, се мерам пред 1 недела 72.. Шок, стомакот ми е како топка огромен, се плашам од стрии иако се капам во путери и масла против стрии..
И јас од 26 некаде почнав да качувам кила иначе дотогаш само 2-3 имав. А од 26 до 31 уште 2-3. Почнува нагло да расти бебка и нормално е тоа. Мене претходни луѓе што не ме познаваа не ме приметуваа дека сум трудна. Сега дури и преку ред ме служат и на пазар ме нудат овошје. Хахах епа редбо беше и јас во 7/8 м да искористам некој бенефит од бременоста.
Јас почнав со 62кг, пред две недели бев 64.7, скоро 3кг качив. Е сега се плашам кога ќе застанам на вагата во 28 недела, многу повеќе и ми се јаде во последно време. Се мачкам и јас креми, масла, ама сепак мислам дека ќе ми се појават стрии. Кога се поправив нагло во пубертет, ми се појавија на градите, бутките и позади колената.
Кога ќе прочитам дека само по 3 кг сте поправени ме фаќа срам и страв, како успеав да качам 8 кг досега, а као пазев.. Од 23та недела до 27ма апетитот нагло ми скокна, мешето истотака.. После стомачниов вирус последниве 3 дена сигурно сум намалила килце или две..