Препораките се во ова тромесечие да купите се зошто во трето ќе немате енергија за ништо, ниту желба. Затоа завршете си ги работите додека сте на нога, после со тркалање тешко ќе иде.
Стигнав до тука. Летаат деновиве. 16+2 денес, стомаков почна да се познава и го чувствувам доста позатегнат. Вчера на преглед човечево валцери играше буквално. Мило ми е што си расте како што треба, давам се од себе за него да му е добро, ама до сега на секој преглед не сум била нешто посебно разнежнета. Се до вчера кога му ги избројав прстите на дланката. Епа се стопив. Инаку никако не сакаше да се сврти убаво да го видиме дупето и полот, ама сепак докторица е скоро сигурна дека е момче. Јас го прифатив веќе тоа, искрено сеедно ми стана, нека биде се во ред само како до сега. Некако потсвесно ми е страв само дали ќе се поврзам со него (глупости, знам) . Искрено друго ме плаши по малку. Цервиксот ми е 3,32. Докторица ми рече нема место за грижи, да си продолжам со секојдневие како и до сега (а прилично сум активна) , ама некако ми е страв да не е мала бројкава. Искуство некој?
Стиганв и јас да пишам во оваа темаВеќе влегов во второ тромесечие.Сеуште се чувствувам без сила,многу брзо се заморувам но се другото е во ред.Мачнините и повраќањето ги снема,сеуште знае да ми се згади од одреден мирис но како што гледам тие мириси нема да можам да ги поднесам до крај на бременоста па се помирив со тоа.Бебуш е супер одлично напредува,за една недела дури е и понапредно но докторот вели дека не е ништо страшно тоа.Го знаеме и полот но ќе почекам до втор скринин за јас да си бидам сигурна,иако дома почнаа караници помеѓу бато и дада дали да биде машко или женско Поздрав девојки имајте убав ден
Здраво и од нас и ние стигнавме 14+5, меше имаме и ни е многу тешко движењето многу брзо се заморуваме, но затоа спиеме по 10ч па и повеќе гадењето е намалено скоро да го нема а апетитот пополека се враќа. Пред да останам бев 61/62кг ослабнав до 59 а сега сум пак 61.25кг бебушот ќе го видиме за две недели последно беше на приска1 и беше се во ред, одвај чекам да поминат две недели таман може и ќе дознаеме што е Поздрав до сите мешиња имајте мирен сладок сон
Ај да се одјавам од темава, па да се префрлам во другата 27+3 денеска, бев на контрола вчера, бебо си напредува супер, 1100гр е. Докторката вели обравчиња ставил веќе, машала Од почеток до сега поправена сум 4.5кг, што е супер Железото е добро, 15.7 ама сепак послабо од претходниот месец. Хемоглобин 132, другите рез исто се добри. Се надевам се ќе биде во ред и понатаму Име уште немаме
Dali I Vie ushte povrakjate vo vtoro tromesecie, jas 23 nedela I macninite ne prestanuvaat kako na pocetokot
@Gili B. да..не толку често како на почетокот но да, тука се и мачнини и киселини и вртоглавица и малаксаност и се останато..со помал интензитет но, сеуште се нема мира..
Повракам, неделава среќа не, али ептен ми е лошо не поминува скоро 23 недела сум.. послаба у живот не сум била...
Дали.должината на цервиксот ја мерат со вагинална сонда? И дали е болно? 26та недела сум ме маваат страшни филмови...Ми се појавија некои не можам да ги кажам болки, чудни нелагодности кај кичмата и ми се шират накај задникот и нозете, а јас спобудалувам...Ќе закажам оваа недела на доктор
До сега не т мереле??? Мене од 16 недела обавезно на секој преглед... вагинслно, секунда работа после ехото од горе
Не ми мереле, последен пат бев 21ва недела и не ми ни спомна докторот...Ќе си побарам сама, ваљда нешто гледаат и преку ехо па може затоа...
Мислам дека не гледаат преку ехо, јас кога се пожалив на слични болки тогаш ме мереа и испадна дека е скратен и дена си бара мирување. Ме мереа на скринизите само, ама ова со болките беше измеѓу
болките ги осетив крај на 25та, послениот ден, на преглед следниот ден ми беше прв од 26та. А на 2 скрининг, 4 недели претходно беше супер, 3.2 мислам, а сега скратен на 2.8. 2.8 не било нешто ризично, ама самиот факт што се скратил не е за занемарување.. Докторот ми кажа како ризичен се сметал под 2. Сега ќе одам на контрола секоја недела на мерење да видиме како ќе иде Не се плаши и не паничи, не е страшно, само иди уште утре провери, ако има вакво нешто да знаеш и да одмараш
Уште ова и не те замарам...Какви беа болките? Ова моево не се болки туку како да ми е некое оптеретување, малку како надуеност...Си велам расте бебето, стомакот не ми е воопшто ко за 7ми месец дека сум покрупна и тешко се приметува. Фала ти и извини што сум напорна, ама ми е страв
Нема проблем не се плаши, и мене ми беа слични на твојот опис затоа и ти одговорив. Не беше типична болка туку како тежина некоја, како притисок на моменти и ударањето приметив дека е пониско од претходните недели. Инаку ако дојде до ризичен момент тогаш имало големи болки, како менструални биле, уставри како породилни болки. Така да и докторот ми кажа дека ако има нешто такво ризично ќе знам, нема да се мислиме вака туку ќе трчаш накај болница од болки. Иди да си провериш чисто превентивно, ама не се стресирај безвезе нема шанси да е страшно
Еј полека што се паничиш толку? Секоја жена е различна и сите болки кај сите трудници немора да даваат исти знак. Ти одиси утре на лекар нека те прегледаат ама не си врзувај во крпче дека тие скратен цервиксот. Матка се шири,кичма препони,опашка нормално е се да боли. И јас имам слични болки но несе цело време и моево денес доле мрда последно пред месец дена ми беше 45 цервиксот. Помалце мислење и стрес повише позитивна енергија.