А зар мора секоја болка да е знак за нешто лошо Седите и мислите што би било ако ве боли нешто Мајки цели 16 недели бев со ризична бременост да ме видите сега цело време насмена цело време активна и не мислам ако нешто ме заболи На секој умор малку одмор и се ќе биде добро целото тело ви се менува две души сте во едно нормално е нешто да се случува
Таква нелагодност и подуеност во стомакот и затегнатост на кичмата ми се случуваше често во 7. Сега во 8 немам забележано, ама кога одам чувствувам дека веќе ми тежи мешко, а грбот горе ме боли. Досега само навечер грбот ниско ме болеше. Ама не се паничам бебе е веќе над 2 кг и нормално е да си тежи. Инаку за цервиксот во 30 недела ми беше 47мм, а во 16 друг доктор па ми го измери 30 мм. Матичниот пак на 2 пати 35мм. Што нема никаква логика и испаѓа дека кај мене расти место да се крати што нема логика. И веќе никој не верувам, ако нешто лошо се случува одма ќе приметам. Сестра ми роди прематурче и верујте се познаваат симптомите. Прво се прокрвавува и имаш менструални болки кои се засилуваат и се јавуваат на пократок временски интервал.Само да не чува сите Господ и позитивна мисла и со лесно и до крај на сите.
Пиете ли кафе и колку ? Вчера и завчера се напив малку покасно,па осетив дека бебуш беше посебно активен. Можно ли е да е од кофеинот или јас само си умислувам?
Две турски на ден задолжително секој ден. И некогаш трето ми е еспресо, но многу ретко. Никако не реагира бебе на кафето, барем кај мене.
Гледам да поминам само со едно на ден, ако можам и без едно. Грижа на совест имам секогаш кога ќе се напијам.
Јас слабо пијам кафе, многу ретко да ми посака душата па тек тогаш да се напијам. Имам читано дека не е препорачливо па затоа го избегнувам или го заменувам со млекце
Женчиња, 16+4 сум. Вчера кафеав исцедок имав. Знам дека кафеаво не е страшно, и во првата бременост крварев, ама на почеток, сега ме збуни ова. Немам некои болки. Се јавив кај докторот, ми рече да не се плашам, да земам утрогестан за секој случај и утре сабајле да одам на преглед. Имала некоја вакво искуство во второ тромесечие? Да напоменам, секс имавме вчера, ама не беше грубо, или долго да дојде до крв работата.
Дали претходно крвареше? ( и тоа кафеното се смета за крварење ) јас последен пат во оваа бременост имав таков исцедок и ми беше строго забранет секс и замарање повеќе лежење и пиев дабростон 3 пати на ден и примав прогестерон 1 во недела . Причината не ми беше многу јасна но не беше многу опасно,се гледаше на ехо дека под постелката имав како расцеп..како рез незнам како да објаснам. И доколку имав односи како се затвараше тој рез јас во односи го одложував затварањето и поново крварење пазење.. сега сум 19 нед. И немам ништо, се заздраве. Во 14 нед прекинав со прогестерон а дабростон постепено го оставив.
До сега се уредно, најуредно... Ни крв, ни болки, бебето напредува, го осеќам кај што се движи. Ај ќе видиме утре докторот што ќе каже. Фала многу
До сексот е И кај мене беше исто во тие недели добив розов исцедок следното утро. Направи пауза малку и ќе се среди само. Ништо страшно.
Добро утро мајки,како сте? Јас одлично се осеќам,пред свадбена еуфорија по дома сите среќни и весели.Се оди по план,бебуш е мирен тераме 22+,јас како мама возбудена,најсреќна и со добра мисла. Немам мачнини и потешкотии,освен моменталниот замор кој го имам од организирањето на свадбата Денот понекогаш ми почнува од 7 ми завршува во 12 часот на полноќ и кога ќе легнам знае да ми се слоши и да ми е мака Се распишував... Најубав ден на сите,и гушка за сите бебушки
Од која недела почнува 3то? гледам различни информации, некаде пишува дека со 27ма влегуваш во трето, а некаде дека со почеток на 28ма почнува третото
Јас користам една апликација многу е добра ако сакаш ќе ти ја пишам а еве и слика од неа каде се пишани неделите
Жени дали ви е тешко кога се движите? Мешето ми е мало ама го осеќам како топка која ми тежи кога одам и тоа долу ниско, бавно се движам а и многу брзо се заморувам. Зар не е рано за ова?
Не е рано и секоја жена е различна. Јас многу се заморував уште од 3 месец и како што поминува време се повеќе го имам тоа чувство, како тегнење како топче и потоа и ме боли долу стомакот и легнувам да ми помини сега сум 31 нед и уште потешко ми е
@lackygirl фала ти на утехата, јас на моменти многу се плашам незнам дали е правилно или не, дали оти ми е прво бебче, може малку замарам со прашањата ама колку и да се трудам да немислам ме фака паника понекогаш. Ајде брзо нека ни мине времето за поскоро да сме со нашите душички