Феминки како ви е пулсот во второ тромесечие? Мене пристисокот ми е стандард 120-130 со 80, ама пулсот во мирување ми е 90-100, а во движење по 120 (пред некој ден и 146 ми беше). Дали има простор за паника? Матилниот ми вика да уживам ама и мене ми смета и нз дали е нормално
Мене некаде од 3ти месец пулсот до 130ми идеше. Од што е точно не знам. Едното бебче ми притиска на дијафрагмата +имав ниско железо, а некаде и прочитав дека заради забрзан крвоток се случува ова. Е сега ако приметиш дека ти е над 120 пак, мислам дека можеби треба да се консултираш со матичната. Мене ми препорача магнезиум + Валеријана или нешто друго за смирување . Во движење е нормално над 80 да е.
Здраво мамички.Јас еве од денеска сум во 13та недела и мислам дека сум веќе во второ тромесечие ако не се лажам.Бебушот си расте си го видов минатата недела на скрининг си мрдаше со рачињата и ножињата колку убаво чувство е само .Мачнините се сеуште тука еве сабајле од никаде и повраќав што досега два пати ми се имаше случено освен што ми се гадеше само,ама се надевам ќе помине наскоро. Сакав за еден совет околу витамините.Живеам во странство и тука уште на почетокот на бременоста кога дознав ми ги дадоа едни Pregnacare се викат кој што содржат 19 витамини плус Фолна нели,е сега јас некаде прочитав дека фолната се пие до 12 недела а мене тука ми рекоа да си ги пијам овие до крај на бременоста и малку ме подзамисли и дали е дозволено од овие шумливите таблети баш ми се освежителни ама страв ми е да се напијам пошто нели и самите тие содржат некои витамини па си викам да не е многу.Вие што мислите?
Немаш штета од фолната. Ја има во сите пренатални витамини кои се пијат до крај, па дури и после породување. Шумливите ги сметам за штетни и не би ги пиела ни не бремена. Во замена цеди си сок од портакал и лимон. Исто освежува и е здраво и природно. Можеш да си земаш уште магнезиум.И доста ти се витамини.
Фала ти мила на советот,јас инаку другата недела ќе си идам за МКД и сепак ќе се видам и со матичната моја,но во меѓувреме да си прашам нели Инаку лимонот ми смета многу киселини ми прави а портокалот си го јадам така.
Да ве прашам дали и во второво тромесечие чуствувате изразена подуеност на стомакот и гасови? Јас сум 16+ и постојано ми е подуен стомакот
жении имав мала незгода 23+5 сум во прва бременост...вчераа малку ме потчукна т.е ме гурна за стомак (не е битно кој) веднаш после тоа малата си мрдаше без проблем можеби и повеќе од вообичаено..ама како стално што мрда пред да заспијам не мрдаше...ноќеска немав проблеми со ништо дури и за во вц не станав ..и сабајлево до одреден период мируваше а потоа еве ја си мрцка.. страв ми е а не сакам да паничам.. до сега да не се заречам немав никакви проблеми од типот крварење...дали може да е нешто озбилно ? прв паат ми е мноогу сум исплашена
Заштитена си е малата со плодова вода и обвивки. Тука жени имаше и што паднаа на стомак и се беше ок. Доколку забележиш да е послабо активна појди на доктор за мирна глава. Сепак нз колку бил силен ударот.
Жал ми е за тоа што ти се случило, секакви луѓе шетаат по земјава. Ти најубаво можеш да процениш како ти е бебе, ако сепак си загрижена можеш да си се консултираш со матичниот. Сепак како што ти кажав бебињата се добро заштитени во матката, па сметам дека немаш место за паника.
Девојки од кога влегов во второ тромесечие столицата ептен ми се се изретчи,едвај еднаш ако одам во вц,инаку најмалку по два пати сум одела.Совет што можам да јадам или да пијам за да се нормализира?
Мене ми помага ленено семе мелено, со кисело млеко и како прелив во салата. Една лажица е доволно да ми пробработи метаболизмот многу брзо. Исто можеш да пробаш и со урми потопени во вода од вечер,сабајле се пие водата на гладно
Ako si isplasena pojdi utre do gin da te vidi a vo meguvreme napij se vit b6 da te smire malku ili ako imas caj od matocina I on pomaga mnogu gi smiruva nervite
Jas pijam po edna solja sekojden caj od matocina I da priroden antidepresiv e on nekade pisuva oti smee da se pie nekade ne
Ни еден чај не смее да се пие секој ден и во небремена состојба. По потреба можеш и со паузи. Макар што јас сум против пиење секаков чај во бременост.