Probav eden dva dena bez nego ama mnogu loso se osekav psihicki vo bremenost mi se pojavi nekoe promenlivo raspolozenie bez vrska se osekam I samo on me smiruva bev I na psihijatar I ne davaat nisto toa mi bilo od bremenosta ke pominalo
Во принцип дозволен е тој чај да се пие. Сепак е овошен, но не знам колку е чист и тој. Во повеќето има уште 100 други билки. Најчесто забраната важи за хербалните чаеви. Макар што ништо не е убаво да се користи секој ден без пауза. Доколку немаш некој посебен проблем за кој мора да го пиеш секојдневно, можеш да си правиш паузи.
Јас пијам чај од нане ( природен сушен) во изминативе 15 години секоја вечер. Мене ми е како ритуал исто како кафето наутро. Никој не ме советувал да тргнам чај на страна, напротив редовно треба да се пие. Цели нации Англичани и Турци со толку милиони народ се зависни од чај со векови наназад. Претпоставувам се однесува на специфични чаеви твојот пост, а не на секојдневни билки за употреба.
И јас затоа прашав за брусница конкретно Денот без чај од брусница и лимонада немоЗам да го започнам,тоа ми е навика Значи смеам да си продолЗам слободно
Јас прочитав вчера само за чајот од маточина дека не се пие секој ден,другото може да се пие. Јас од сабајле обавезно брусница а навечер некој овошен. Морам чај да се напијам со лимон. Не смеам сокови да пијам и многу овошје скоро ич, вака чајот ми доаѓа таман.
Кажав овошните се ок. И нанете е слаб чај. Ама сепак за тие шго пиете од ќесичка читајте што се содржи чајот во себе. Најчесто мн повеќе од овошјето од кое е пишано на амбалажа. Сепак се во мали количини за да направат штета.
Мене докторката ми рече смее чаеви само не од тие јаките како руски турски итн... ја сакам чаеви посебно од липа на сабајле со појадок и може не секој ден ама скоро секој втор ден пијам. Посебно кога заладува времето си пијам повеќе чаеви и овошни и природни. Природни пијам баш собрани од природа не купени во филтри ама ако немам знам и купени да се напијам како планински брусница хибискус мајчина итн
Да се пријавам и јас во оваа тема, влегов во второ тромесечие. При крај на 14 недела сум и можам да кажам дека конечно овие два дена чувствувам намалување на мачнините. И веднаш се појави апетитот. Таман да ги надокнадеме изгубените колограми.Мешко почнува да се заоблува по малку и многу се радувам. Со лесно нека ни е на сите во ова најубаво тромесечие како што велат
Околу чаевите не заборавајте дека секоја билка е и лек. Мене ми препорачаа маточина да пијам 40дена за стомак, па да направам убава пауза од месец или повеќе и да продолжам пак 40дена. Има разлика од филтер до набрана маточина во домашни услови. Филтерот што го има по маркети е послаб. Пијам и тоа и тоа па сум осетила разлика. Јас по потреба го пијам сега, чаеви малку паузирав заради Тотхемата или гледам на два часа разлика да пијам кога имам потреба.
Мене лично оние во филтер кеси не ми се убави. Некои силни ароми за кои сум сигурна дека не доаѓаат од растението туку од некои додатоци внатре. Природно си е природно, само од Велес/велешко да не ви е набрано оти почвата е загадена и за следните 60 години со висок токсичен процент.
да, јас секој ден си правам чај со мед само некаде пишува дека и брусницата не се пие секој ден ако немаш потреба и не знам
Здраво мешковци Јас сум 13+ досега имав така некои грчеви и надуеност што донекаде е нели нормално, ама еве денеска како некој притисок, некое тегнење ниско доле што досега го немав осетено па ме фаќа малку страв инаку во понеделник имам закажано кај матичната ама сега многу ми е страв незнам дали е до толку нормално
И јас сум имала такво чувство, нормално е ако се издржува расне меше се шири мора да се тегне, ако е некоја остра болка одма доктор
Па се издржува немам остра болка освен притисок и дури кога одам во тоалет се плашам да не си видам крв не дај божеколку и лошо влијае тоа што некогаш и премногу читаме и секогаш на најлошо мислиме
И јас имам такво чувтсво, особено кога сум најадена. Ако се движам повеќе време и чувствувам тегнење надолу, но кога ќе легнам ми поминува.
Во врска со чаевите,имам болки ниско во стомакот,мислев дека е од ширењето и растењето на бебуш ама докторот вика дека ѕидот на бешиката ми бил задебелен и дека болката доаѓала од таму.Ми рече да пијам чај од брусница.Е сега јас пијам ама не редовно.Ме интересира зошто не би било во ред да се пие секој ден чај од брусница?Зарем тоа не е еден од оние полесните чаеви да ги наречам?
Мамички добар ден и убав ден на сите од нас Ние само што завршивне со прегледот малку му се порадувавне на бебушот според д-р одлично си напредува ама ни води инат и не ни се покажа што е ќе мора да почекаме до скринингот а тоа е на крај на ноемврииии ајјј кој ке чека но што да се прави ке мора да почекаме, најважно е дека бебушка е во ред и многу сме среќни
Девојкии пак јас... 24+4 сум уштее колку ми остануваа додека да се префрлам на следна тема? (за да ви подосаѓам уште малку) еее сега овде во Тетово заладува иии облека за трудници само во Waikiki има...ааа избор на јакни палтенца и пелерини нула а мрнр веќе ништо не ме собира од старите работи...кај да одам што да чинам кое чаре да го бркам? Скопје некои бутици кај се наогаат и слично Луѓе пак јас...пред можеби две недели мајка ми како поискусна ме советуваше да правам масажа на брадавиците со цел да немам болки кога ќе започнам со доење.. и јас ја послушав ии еднаш на два дена пред спиење ги масирав брадавиците нежно со масло бекутан..денес само што започнав со масажа почна да ми излегува бледо-белузлава течност..дали е нормално? на преглед сум во понеделник да не и звонам во ова време на докторката