Jas sum veke 30ta pa kaj mene nema kolostrum. Nema vrska zensko masko za mrdanjevo.Inace imam pisano pak ke pisam.Sakate da mrda? Kasnete taka nesto blagicko(ne edna kocka cokolado,ama nemora i celo ),malku koka kolicka,i uzivajte vo zabavata.
Hahaha abe budala sum jas ne mi teknalo da si gi pritisnam, sega go citam ova tvoevo i si gi stisnav i mi potece i mene vodicka, ne ko cesma ama taka tocki meurcinja malecki mi se pravat, ja duri i se cudam zaso nema nisto 34ta nedela, 35ta ja teram
јас женски во неделата на свадба бев и синко мој не мрдна цело време, а иначе многу мрда, кога лежам и кога седам, ама дали сега оти играв а он на музиката си спиеше цело време, ама затоа па после ко си дојдов од свадбата кога седнав, и си легнав почнаа неговите играња во стомакот, да ми плати за тоа што не седнав на свадбата,,,а пази на свадбата имаше околу 5 или 6 трудници, и баш беше убаво, и сите они играа,,,иначе јас веке сум 28 недела и ке се селам во трето тромесечје, се читаме таму...
Bremena sum24 nedela I na ssekoj saat mokram dali e toa normalno prva bremenost mi e I neznam ve molam pisete
Имав и јас периоди кога често уринирав,стиска бебчето баш на бешика и морав да одам во тоалет.Доколку немаш болки,печење при мокрење,нормално е.
@galapce кај мене во оваа бременост немаше колострум,ама затоа сега мака мачам со одвишок млеко. Без грижи, молам. Поздрав и навивам верно за вас
Мамички дали некоја од вас го правеше прегледот во 28ма недела што се препорачува па да ми каже за што конкретно е ? Јас колку што сум информирана е за општ раст на бебуш да видат дали и понатаму напредува како што треба и дали го правевте на клиника или доплер или 4д негде и каде, колку ве чинеше ?
На последниот преглед матичната ми спомна дека во 28 недела има преглед каде што доктор го гледа срцето на бебето. И ми рече или со мој термин во државна да ми закаже или приватно. Јас баш ден претходно разговарав со другарка која исто е трудна и е малку пред мене и таа ми кажа дека во 28 недела била во систина кај Др Драшко и дека е ептен задоволна , па и јас одлучив таму, и матичната потврди дека е супер доктор. Колку ќе ме кошта незнам, ќе ти кажам нахнадно , знам ќе биде околу 3000-4000 денари.
Да,да, на трет мислам,грешно сум пишала.Ова баш дискутиравме во,,Труднички муабети,, дека нњкој практикува ,некој доктор не.Јас немав трет скрининг,бидејќи секој преглед докторот мери се што треба,хи гледа сите органи и нема потреба нешто специјално.Единствено,освен стандарден преглед,гледаше доплер-за крвотокот...и толку,по иста цена како и секој преглед. Да,во Систина ги правам јас и скринингот чини 3900денари....ама таму докторите секој преглед исто гледаат и затоа трет скрининг како посебно нема.Токму така во овој период го гледаше и срценцето.
И во мојата мајчина книшка стои дека се прегледува дали е општата состојба добра. Позиција на бебчето. срце, плацента, плодова вода... Обичен преглед ќе му дојде. Потврда за понатамошен добар развиток.
Мене после вториот скрининг ми запишале фетална ехокардиографија, другите гинеколози и акушери и општи доктори се чудеа зошто кога се било во ред со бебуш па на државна сепак ме прегледа доктор Ливринова (патем прекрасна докторка )и ми рече еве те гледам за да можеш мирно да спиеш, немало потреба од ова, се е во ред, 4 коморен пресек...а веке бев 24+5 и кога ја прашав препорачуваат и трет скрининг вика абе кој ви ги кажува тие работи што е ова секој месец по 2 еха, скрининзи, тој по правило е 28ма и како што кажа дани, потврда за понатамошен добар развиток. И ми рече е сега наредно ако сакаш можеш да си закажеш за 28ма ама ако сакаш...ке закажам, тоа сигурно само не знам дали мора и колор доплер или да си закажам јас обично ехо.И дали да одам на приватните или како и досега на државна јас сум задоволна и таму досега .
Здраво мешиња како сте Еве ние вчера бевме на вториот скрининг во државна и поминавме супер Мерките беа супер, докторката беше задоволна а јас душата ми дојде на место И она исто како и матичната ми го потврди полот дека е девојче Само малку се изнервирав пошто кога го правев првиот скрининг кај матичната ја прашав за Приска 1 и она рече нема потреба сега супер се мерките на бебето, па ќе направиш Приска 2 кога ќе правиш скрининг 2 а не ми кажа кога се прави, и сега кога бев на скрининг 2 докторката од Гак ми вика дека е касно во 22 г.н за Приска 2 и јас се изнервирав зошто не направив да не ми е на премисла ама тоа е да се молиме на Бога да не чува како до сега и се да биде и натаму супер како до сега дај боже. Инаку и плодова вода и плацента се е супер, бебето активно си ужива, притисок и крвна слика сега за сега се супер и само со бога напред, а во 24 г.н ќе правам ехо кардиографија исто се договорив со докторката од Гак...Имајте убава вечер мешиња и уживајте *
јас утре имам закажано за 4д во ремедика за трет скрининг,во 28 недела.. ке видам како ке поминам па ке пишам, во 21 н едела правев во државна,... јас сум бремена со второ дете 28 недела, не се секирај за тоа што мокреш на секој саат, и јас сум иста, некогаш и почесто во зависност колкутечност пијам, кај мене бешиката ми е спуштена надолу, од претходната бременост, и не смеам да стискам, тоа е најлошо, каде и да си да си се олесниш, да си одиш во вц,,
добро утро мешиња, ивсте многу добро поминав, ми се симна камен од срцето, кога бев на скрининг во 21 недела, имав вишок плодова вода, и сега ја имам ми кажа докторката, инаку бев кај др.елена петрова, многу пријатна и фина жена, ептен убаво ми објасни се,и немам аномалии на плодот, се е уредно. баш добро виде, е сега вишокот плодова вода може да е ов скриен шекер, јас испитав во 22 недела,немав скриен шекер, она рече да испитам пак сега во 28 недела, оти покасно подобро се откривал, а доколку пак немам скриен шекер, да намалам со солта , (а јас во принцип многу јадам солено, ептен)и др рече дека солта ја исто задржувала водата во организамот, и да ја намалам солта, и јас си протолкував дека од солта ми се задржува водата,, затоа што како што пишав јадам ептен солено.. инаку бев во ремедика како што пишав претходно и сум многу задоволна од целиот преглед.. обичен ехо преглед е 2000 мислам, а 4д е 3500 ден.. поздрав и имајте убав ден.....
Јас претходната недела бев кај неа на вториот скрининг и сум многу задоволна, докторката си ја разбира работата, а и матичната ми ја пофали а и јас се уверив во тоа, смирена, гледа детално, објаснува а и одговара на се што ќе ја прашаш и јас од сега натаму секој преглед што ќе треба да се прави на Гак би го закажувала кај неа.Прекрасна жена и докторка, јас сега се мислам и за пораѓај да разговарам со неа. Тоа беше моето искуство кај Д-р.Ана Со лесно и чекаме да ни пишеш како си ти поминала на скринингот
Јас влезна сум во четврти месец, мешето ми е минимално заоблено, не се приметува. Многу е смешно има денови кога осеќам тегнење и тежина на мускулите на стомакот и изгледа подуено и големо, а наредниот ден си е во нормала. Има некоја феминка со сличо искуство?